Вебер (единица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Вебер (симб: Wb, Вб) is the единица за магнетен тек од системот SI. Густина на текот од еден Wb/m2 (еден вебер на квадратен метар) изнесува една тесла.

Единицата го носи името на германскиот физичар Вилхелм Вебер (1804–1891).

Дефиниција[уреди]

Содржатели на единицата „вебер“ (Wb) во SI
Помали Поголеми
Вредност Симбол Назив Вредност Симбол Назив
10−1 Wb dWb децивебер 101 Wb daWb декавебер
10−2 Wb cWb центивебер 102 Wb hWb хектовебер
10−3 Wb mWb миливебер 103 Wb kWb киловебер
10−6 Wb µWb микровебер 106 Wb MWb мегавебер
10−9 Wb nWb нановебер 109 Wb GWb гигавебер
10−12 Wb pWb пиковебер 1012 Wb TWb теравебер
10−15 Wb fWb фемтовебер 1015 Wb PWb петавебер
10−18 Wb aWb атовебер 1018 Wb EWb ексавебер
10−21 Wb zWb зептовебер 1021 Wb ZWb зетавебер
10−24 Wb yWb јоктовебер 1024 Wb YWb јотавебер
Најзастапените содржатели се задебелени.

Веберот може да се дефинира во однос на Фарадеевиот закон, кој го утврдува односот помеѓу промената на магнетниот тек (флукс) низ затворен круг и електричноto поле околу кругот. Промената на текот од еден вебер индуцира напон (електромоторна сила) од еден волт во секунда.[1]

Официјално,

Вебер (единица за магнетен тек) — Вебер е магнетниот тек кој, во затворен единечен круг, ќе произведе електромоторна сила од 1 волт ако се намали на нула по рамномерна стапка за 1 секунда.[2]

Изразено во основни SI-единици, димензиите на веберот се (kg·m2)/(s2·A). Може да се изрази и со други изведени единици како тесли на квадратен метар (T·m2), волтсекунди (V·s) и џули на ампер (J/A).

1 Wb = 1 V·s = 1 T·m2 = 1 J/A = 108 Mx (максвели).

Наводи[уреди]

  1. „вебер“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
  2. „CIPM, 1946: Решение 2 / Дефиниции на електричните единици“. „Решенија на Меѓународниот комитет за тегови и мерки (CIPM)“. Меѓународно биро за тегови и мерки. 1946. http://www.bipm.org/en/CIPM/db/1946/2/. конс. 29 април 2008.  (англиски)