Хорологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на распространетост на два вида кедар.

Хорологија (од грчкиот збор χῶρος , khōros, „место, простор“; и -λογία , -logia) може да значи

  • проучувањето на причинско-последичните односи меѓу географските појави што се случуваат во одреден регион
  • проучувањето на просторната распространетост на организмите (биогеографија). 

    Целта на хоролошката гледна точка е да се знае карактерот на регионите и местата преку разбирање на заедничкото постоење и меѓусебните односи меѓу различните сфери на стварноста и нивните разновидни манифестации и да се разбере површината на земјата како целина во нејзиниот вистински распоред на континентите, поголеми и помали региони и места.

Во географијата, поимот првпат бил употребен од Страбон. Во дваесеттиот век, Ричард Хартшорн повторно работел на тој поим.[1] Поимот бил популаризиран од Фердинанд фон Рихтофен.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cresswell, Tim (2004). Place, A Short Introduction. Wiley.
  2. „GEO 466/566: The Profession of Geography“. Valparaiso University. 2 октомври 1996. Архивирано од изворникот на 11 февруари 2012. Посетено на 30 јуни 2023.