Прејди на содржината

Старогрчки јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Старогрчки
Застапен воисточно Средоземје
Изумреневолуирал во современ грчки јазик во 15 век
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-2grc
ISO 639-3grc
Натпис за изградбата на статуата на Атина во Партенон, 440/439 п.н.е.

Старогрчки јазик се однесува на фазата во историјата на грчкиот јазик која соодветствува сокласичната антика, која се однесува на двата периода од грчката историја: архаична и класична Грција. Античкото доба на Грција обично го подразбира и хеленизмот (пост-класичното) доба; меѓутоа, овој период се одликува со своја сопствена фаза на развој на грчкиот јазик наречена Хеленски грчки јазик. За информации за грчкиот јазик пред создавањето на грчкото писмо, видете ги статиите микенски јазик и прагрчки јазик.

Старогрчки дијалекти

[уреди | уреди извор]

Грчкиот јазик почнал да се создава во локални облици дури и пред преселбата на грчките племиња на територијата на Грција, но од друга страна, дијалектичките варијации настанале потоа. Низ историјата грчкиот јазик се состоел од разни дијалекти кои не важеле за некоја јасна исцртана територија. Дури и да важеле, тие постојано би се менувале заради честата миграција на хеленските народи. Според неговите лингвистички варијации, старогрчкиот јазик од архаичното и класичното доба се состои од следниве симболички дијалектички ограноци:

Дијалектите во предкласичниот и класичниот период се писмено документирани уште од 8 век п.н.е, со тоа што истите сигурно се развиле многу пред тоа.

Најстандардната формулација на предкласичните и класичните дијалекти ги дели истите во четири до пет главни групи:

Историја на
грчкиот јазик

(видете исто така: Грчко писмо)
Прагрчки (о. 2000 п.н.е.)
Микенски (о. 1600–1100 п.н.е.)
Старогрчки (о. 800–300 п.н.е.)
Дијалекти:
Еолски, Аркадокипарски, Атички,
Дорски, Јонски
Коински (од о. 300 п.н.е.)
Средновековен (о. 330–1453)
Современ грчки јазик (од 1453)
Дијалекти:
Кападокиски, Кипарски,
Демотски, Грико, Катаревуса,
Понтски, Цаконски, Јевански
Старогрчки дијалекти во класичниот период.

Сите горе споменати дијалектички ограноци понатаму се делат на дијалекти, а секој дијалект пак, може да се подели во без број локални идиоми. Поподробните статии на тема грчки дијалекти не навлегуваат во оваа идиомизација.

Аркадо-кипарската група содржи дијалекти кои се најслични на Микенскиот грчки јазик и веројатно таа е неговиот директен потомок. Северозападните/Дорски варијанти се најразлични од сите други.

Овие дијалекти си влијаеле еден на друг, така што не можат да се третираат со апсолутна сигурност.

По освојувањата на Александар Македонски во 4 век п.н.е, a се јавил нов меѓународен дијалект наречен Коине или Обичен грчки јазик, кој главно се засновал на атичкиот, но бил повлијателен и од други дијалекти. Овој дијалект полека ги потиснал другите постари дијалекти, со исклучок на дорскиот дијалект кој до ден денес постои во облик на цаконскиот и Јужноиталскиот дијалект на современиот грчки јазик. Дорскиот исто така ги пренел своите аорски термини на речиси сите глаголи во демотскиот грчки јазик. Веќе во 7 век н.е, коине дијалектот полека се метафоризирал во средновековен грчки јазик.

Промена на звуци

[уреди | уреди извор]
Грчко писмо
Α α Алфа Β β Бета
Γ γ Гама Δ δ Делта
Ε ε Епсилон Ζ ζ Зета
Η η Ета Θ θ Тета
Ι ι Јота Κ κ Капа
Λ λ Ламбда Μ μ Ми
Ν ν Ни Ξ ξ Кси
Ο ο Омикрон Π π Пи
Ρ ρ Ро Σ σ ς Сигма
Τ τ Тау Υ υ Ипсилон
Φ φ Фи Χ χ Хи
Ψ ψ Пси Ω ω Омега
Застарени букви
Дигама Стигма
Хета Сан
Копа Сампи
Шо

Овој звук се менува бидејќи прагрчкиот јазик имал влијание врз сите грчки дијалекти:

  • Слоговно /r/, /l/ стануваат /ro/ и /lo/ во микенскиот и еолскиот дијалект; инаку /ra/ и /la/, но /ar/ и /al/ пред резонанти и аналогно.
  • Губење на /h/ од првобитното /s/ (освен на почеток) како и на /j/.
  • Губење на /w/ кај многу дијалекти (подоцна губење на /h/ и /j/).
  • Губење на лабиоверали, кои се пртварале (главно) во лабијали, а понекогаш во дентали или верали.
  • Скусување на соседни самогласки како резултат на губење на /h/ и /j/ (и, во помала мера, од губењетп на /w/); повеќе во атичкиот дијалект, отколку во другите.
  • Јавување на карактеристичен циркумфлексен акцент, како резултат на скусување и извесни други промени.
  • Ограничување на акцентот на последните три слога, со разни додатни ограничувања.
  • Губење на /n/ пред /s/ (нецелосно во критскиот грчки јазик), со компензационо издолжување на претходната самогласка.

Треба да се напомене дека /w/ и /j/, кога следат по само гласка, а не пред неа се комбинирале рано со самогласката за да направат дифтонг и затоа не се губеле.

Губење на /h/ и /w/ по самогласка кои често биле придружувани од компензационо издолжување на претходната самогласка. Губењето на /j/ по согласка било придружувано од голем број на компплескни промени како дифтонгизација на претходна самогласка, палатализација или друга промена на претходната согласка. Примери:

  • /pj/, /bj/, /phj/ -> /pt/
  • /lj/ -> /ll/
  • /tj/, /thj/, /kj/, /khj/ -> /s/ when following a consonant; otherwise /tt/ (Attic), /ss/ (Ionic)
  • /gj/, /dj/ -> /zd/
  • /mj/, /nj/, /rj/ -> /j/ is transposed before consonant and forms a diphthong with the preceding vowel
  • /wj/, /sj/ -> /j/, forming a diphthong with the preceding vowel

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]