Биогеографија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фронтиспис на книгата „Географска распространетост на животните“ од Алфред Расел Волес

Биогеографијата — научна дисциплина која ги изучува закономерностите на географското распространување на растенијата, животните и микробите, а исто така и за карактерот на флората и фауната на определени територии. Според ова, биогеографијата се дели на фитогеографија, зоогеографија и географија на микробиоценозите.Организмите и биолошките заедници честопати се разликуваат во редовна форма заедно со географските градиенти на географската ширина, височината, изолацијата и областа на живеалиштата.[1] Фитогеографијата е гранка на биогеографијата која ја проучува дистрибуцијата на растенијата. Зоогеографијата е гранка која ја проучува дистрибуцијата на животни. Микогеографијата е гранка која ја проучува дистрибуцијата на габи, како што се печурките.

Познавањето на просторната варијација во бројот и видовите организми е исто толку важно за нас денес, колку што беше важно за нашите рани човечки предци, бидејќи се прилагодуваме на хетерогени, но географски предвидливи средини. Биогеографијата е интегративно поле на истражување кое обединува концепти и информации од екологијата, еволутивната биологија, таксономијата, геологијата, физичката географија, палеонтологијата и климатологијата. [2][3]Неколку истражувачи сметаат дека биогеографијата може да се сфати само како севкупност на фито- и зоогеографијата, додека други − дека таа ги изучува општите географски закономерности на живиот свет на Земјата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brown University, "Biogeography." Accessed February 24, 2014. „Biogeography“. Архивирано од изворникот 2014-10-20. Посетено на 2014-04-08..
  2. Dansereau, Pierre. 1957. Biogeography; an ecological perspective. New York: Ronald Press Co.
  3. Cox, C. Barry; Moore, Peter D.; Ladle, Richard J. (2016). Biogeography:An Ecological and Evolutionary Approach. Chichester, UK: Wiley. стр. xi. ISBN 9781118968581. Посетено на 22 May 2020.