Скандинавија (црвено: трите монархии што ја сочинуваат Скандинавија според најострата дефиниција; портокалово: можната проширена употреба; жолто: максимално проширената употреба којашто ја прави Скандинавија синоним на Нордиските земји).
Скандинавија е географската и историско-културната целина во северна Европа односно Скандинавскиот полуостров. Данска, Шведска и Норвешка го сочинуваат Скандинавскиот полуостров. Понекогаш под Скандинавија се подразбираат и Исланд и Фарските острови поради историската-културна и јазична близина.
Историски гледано и Финска може да спаѓа во истата група но има помалку случности поради јазичната и етничката разлика на Финците.