Камбриум
| ЕРА | ПЕРИОД |
| Кенозоик | Квартар |
| Неоген | |
| Палеоген | |
| Мезозоик | Креда |
| Јура | |
| Тријас | |
| Палеозоик | Перм |
| Карбон | |
| Девон | |
| Силур | |
| Ордовик | |
| Камбриум |
Камбриумот е најраниот период од Палеозојската ера (Палеозоик) кој го опфаќа времето од пред околу 555 и 505 милиони години. Тој е именуван по Камбрија, каде за првпат се испитувани карпите од овој период.
Во геолошката временска скала, Камбриумот е сместен помеѓу Предкамбриумот и Ордовикот. Тој обележува една важна етапа во историјата на животот на Земјата. Тоа е затоа што тогаш се појавиле поглавните групи на животни. Фосили кои се среќаваат во Камбриумот се:
- фосили од едиакарската фауна
- првите посложени фосили-траги
- првите фосили од черупкеста фауна
- фосили на типичната камбриска макрофауна.
Развој на живиот свет
[уреди | уреди извор]Камбриум најдобро може да се опише како време на еволуциона експлозија. На почетокот на овој период, животните развиваат скелетни, тврди делове, кои им служат како заштита и потпора на мекото тело. Свои претставници, во текот на камбриум, имаат сите кругови на марински бербетници, со исклучок на Bryozoa. Доминантни морски бербетниаци со скелет се трилобити, брахиоподи и археоцијатиди.

| Оваа статија поврзана со геологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|