Неоген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Геолошка табела
ЕРА ПЕРИОД
Кенозоик Квартар
Неоген
Палеоген
Мезозоик Креда
Јура
Тријас
Палеозоик Перм
Карбон
Девон
Силур
Ордовик
Камбриум

Неогенот (неофицијално горен или доцен терцијар), е геолошки период кој траел 20,45 милиони години; започнал по завршувањето на палеогенот пред 23,03 милиони години и траел до почетокот на кватарот пред 2.58 милиони години. Неогенот е поделен на две епохи: миоцен и плиоцен. Некои геолози тврдат дека неогенот не може јасно да се разграничи од актуелниот геолошки период, квартарот.[1] Терминот „неоген“ бил измислен во 1853 година од австрискиот палеонтолог Мориц Хернес (1815–1868).[2]

Во овој период, цицачите и птиците продолжиле да еволуираат во современи форми, а другите групи на живот останале релативно непроменети. Кон крајот на овој период во Африка се појавиле првите луѓе (Хомо хабилис).[3] Имало и континентални придвижувања, а најзначаен настан бил поврзувањето на Северна и Јужна Америка кај Панамскиот Провлак, доцна во плиоценот. Ова поврзување на континентите ги прекинал топлите океански струи од Тихиот до Атлантскиот Океан, а само Голфската струја останала да ја пренесува топлината во Северниот Леден Океан. Климата значително се оладила за време на неогенот, и тоа кулминирало со низа континентални заледувања во следниот период, квартар.

Поделба[уреди | уреди извор]

Плиоценската епоха се дели на:

  • Пјаченциско доба, на кое му претходи
  • Занклинска доба

Миоценската епоха се дели на:

  • Месинско доба, на кое му претходи
  • Тортонско доба
  • Серавалско доба
  • Лангианско доба
  • Бурдигалско доба
  • Аквитанско доба

Географија[уреди | уреди извор]

Континентите во неогенот биле многу блиску до нивната денешна местопложба. Создаден е Панамскиот Провлак кој ги поврзува Северна и Јужна Америка. Индискиот потконтинент продолжил да се судрира со Азија, со што се формирале Хималаите. Паднало нивото на морето, и биле создадени копнени мостови меѓу Африка и Евроазија и меѓу Евроазија и Северна Америка.

Клима[уреди | уреди извор]

Климатските промени ја предизвикале појавата на годишни времиња, а продолжил и општиот тренд на посува и поладна клима кој започнал на почетокот од палеоген. Ледените покривки на двата пола почнале да растат и да згуснуваат, а кон крајот на периодот започнало првото од низата заледувања од денешното ледено доба.[4]

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Морската и континенталната флора и фауна го имале современиот изглед. Групата влекачи Choristodera исчезнала во раниот дел од периодот, а водоземците познати како Allocaudata исчезнале кон неговиот крај. Во неогенот, исто така, изумреле родовите влекачи Langstonia и Barinasuchus, копнени предатори кои биле последните преживеани членови од Sebecosuchia, група во сродство со крокодилите. Во океаните доминирале големите месојади како мегалодони и ливатани, а пред 19 милиони години исчезнаа околу 70% од сите видови пелагични ајкули.[5] Цицачите и птиците ја продолжиле својата доминација како копнени 'рбетници и се видоизменувале додека се прилагодувале на различни живеалишта. Првите хоминини, предци на луѓето можеби се појавиле во јужна Европа и мигрирале во Африка.[6][7] Првите луѓе (кои припаѓаат на видот Homo habilis) се појавиле во Африка кон крајот на периодот.[3]

Пред околу 20 милиони години, почнале да се диверзифицираат голосемениците во форма на четинари и цикади и настанале повеќе видови поради променливите услови.[8] Како одговор на постудената клима и годишните времиња, тропските растителни видови им отстапиле простор на листопадните растенија, а пасиштата се појавиле на местото од многу шуми. Тревните растенија значително се диверзифицирале, а заедно со нив еволуирале и тревопасните цицачи, и настанале многу современи тревопасни животни, како коњите, антилопите и бизоните. Цицачите од леденото доба како мамутите и рунестиот носорог биле вообичаени во плиоценот. Со намалување на нивото на CO2 во атмосферата, имало експанзија на С4 растенијата и достигнале еколошка доминација во пасиштата во последните 10 милиони години. Исто така, главоцветните растенија поминале низ значителна адаптивна радијација.[9] На Нов Зеланд пронајдени се фосилни листови од евкалиптус кои потекнуваат од миоценот; денес родот евкалиптус не е автохтон за Нов Зеланд, туку е воведен од Австралија.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Tucker, M.E. (2001). Sedimentary petrology : an introduction to the origin of sedimentary rocks (англиски) (3. изд.). Osney Nead, Oxford, UK: Blackwell Science. ISBN 978-0-632-05735-1.
  2. Hörnes, M. (1853). „Mittheilungen an Professor Bronn gerichtet“ [Reports addressed to Professor Bronn]. Neues Jahrbuch für Mineralogie, Geognosie, Geologie und Petrefaktenkunde (германски): 806–810. From p. 806: "Das häufige Vorkommen der Wiener Mollusken … im trennenden Gegensatze zu den eocänen zusammenzufassen." (The frequent occurrence of Viennese mollusks in typical Miocene as well as in typical Pliocene deposits motivated me – in order to avoid the perpetual monotony [of providing] details about the deposits – to subsume both deposits provisionally under the name "Neogene" (νεος new and γιγνομαι to arise) in distinguishing contrast to the Eocene.)
  3. 3,0 3,1 Spoor, Fred; Gunz, Philipp; Neubauer, Simon; Stelzer, Stefanie; Scott, Nadia; Kwekason, Amandus; Dean, M. Christopher (March 2015). „Reconstructed Homo habilis type OH 7 suggests deep-rooted species diversity in early Homo“. Nature. 519 (7541): 83–86. Bibcode:2015Natur.519...83S. doi:10.1038/nature14224. PMID 25739632. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „homo-habilis“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Benn, Douglas I. (2010). Glaciers & glaciation (2. изд.). London: Hodder Education. стр. 15–21. ISBN 9780340905791.
  5. Almost 20 Million Years Ago, Sharks Nearly Went Extinct
  6. „Scientists find 7.2-million-year-old pre-human remains in the Balkans“. Phys.org. Посетено на 17 December 2017.
  7. „9.7 million-year-old teeth found in Germany resemble those of human ancestors in Africa“. ResearchGate. Посетено на 17 December 2017.
  8. DNA duplication linked to the origin and evolution of pine trees and their relatives
  9. The rise of grasslands is linked to atmospheric CO2 decline in the late Palaeogene
  10. „Eucalyptus fossils in New Zealand – the thin end of the wedge – Mike Pole“. 22 September 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходно: протерозоик 542 мг - фанерозоик - денес
542 мг - палеозоик - 251 мг 251 мг - мезозоик - 65 мг 65 мг - кенозоик - денес
камбриум ордовик силур девон карбон перм тријас јура креда палеоген неоген квартар