Ледено доба (филм од 2002)
„Ледено доба Ice Age“ | |
---|---|
Режисер | Крис Веџ |
Продуцент | Лори Форте |
Главни улоги | Реј Романо Џон Легуизамо Денис Лири |
Музика | Дејвид Њумен |
Монтажа | Џон Карночан |
Студио | Blue Sky Studios 20th Century Fox Animation |
Дистрибутер | 20th Century Fox |
Премиера | март 15 2002 |
Времетраење | 81 нинути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $59 милиони[1] |
Бруто заработка | $383.3 милиони |
Ледено доба (англиски: Ice Age) — американски анимиран филм од 2002 година, во режија на Крис Веџ и Карлос Салдана, според сценариото на Мајкл Ј. Вилсон и Мајкл Берг. Гласовите ги позајмуваат: Реј Романо, Џон Легуизамо, Денис Лири, Џек Блек, Горан Вишњиќ, итн.
Содржина
[уреди | уреди извор]За време на Леденото доба, влакнестиот мамут Мени (гласот на Романо) го среќава здодевниот мрзливец Сид (гласот на Легуизамо). Истовремено, група сабјести тигри напаѓаат човечка населба и мајката го фрла бебето во реката. Мени и Сид го наоѓаат бебето и, по наговор на Сид, одлучуваат да го земат со себе. Водачот на сабјестите тигри го испраќа тигарот Диего (гласот на Лири) да се спријатели со Мени и Сид за да ги донесе во заседа, со цел да го земат бебето. Така, Диего им се придружува на Мени и Сид, лажејќи ги дека ќе им покаже полесне пат за да ја преминат планината. Кога стигнуваат во еден планински теснец, сабјестите тигри ги напаѓаат, но тогаш Диего застанува на страната на Мени и на Сид. Потоа, тие им го враќаат бебето на луѓето.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ice Age (2002)“. Box Office Mojo. Box Office Mojo, LLC. Посетено на 2009-07-23.
- ↑ IMDb, Ice Age (2002) (пристапено на 1.10.2017)
|