Ледено доба: Патеката на сударот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Ледено доба: Патеката на сударот“
РежисерMike Thurmeier
ПродуцентЛори Форте[1]
Настапуваат
МузикаЏон Дебни[2]
КинематографијаРенато Фалкао
МонтажаЏејмс Палумбо
Студио
Дистрибутер20th Century Fox
Премиерајуни 19 2016 (2016-06-19) (Филмски фестивел во Суднеј)
јули 22 2016 (2016-07-22) (United States)
Времетраење94 минути[3]
ДржаваСАД
Јазиканглиски
Буџет$105 милиони[4]
Бруто заработка$408.6 милиони[4]

Ледено доба: Патеката на сударот (англиски: Ice Age: Collision Course) - американски анимиран филм од 2016 година, во режија на Мајк Турмаер и Гален Т. Чу, според сценариото на Мајкл Ј. Вилсон, Мајкл Берг и Јони Бренер, а автор на приказната е Обри Соломон. Гласовите ги позајмуваат: Реј Романо, Кеке Палмер, Џон Легуизамо, Денис Лири, Адам Дивајн, Нил де Грас Тајсон, Џенифер Лопез, Квин Латифа, Џеси Џеј итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Мeни (гласот на Романо) е загрижен, бидејќи неговата ќерка Пичиз (гласот на Палмер) сака да го напушти семејството и да живее одделно, заедно со свршеникот Џулиен (гласот на Дивајн). Поради тоа, тој не го поднесува Џулиен и постојано му предизвикува незгоди. Како последица на неговата загриженост, Мени потполно заборава на годишнината од неговиот брак со Ели (гласот на Квин Латифа). На денот на прославата, на Земјата почнува да паѓа метеорски дожд што уништува сè наоколу и животните очајно бараат засолниште. Истовремено, бегајќи од три диносауруси, ласицата Бак (гласот на де Грас Тајсон) случајно пронаоѓа монолит на којшто е претскажано уништувањето на Земјата од сударот со голем астероид. Додека Мени, Диего (гласот на Лири), Сид (гласот на Легуизамо) и другите животни се очајни, Бак има необичен план како да ја спасат планетата: да соберат голем куп метеорски парчиња и да го лансираат во вселената за да го одбијат астероидот од неговата патека. Така, животните со заеднички сили успеваат да го остварат планот, а во критичниот миг токму Џулиен му помага на Мени да ја спасат Земјата.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jesse Tyler Ferguson is a limber llama in new 'Ice Age'“, „USA Today“, 5 ноември 2015 (посет. 5 ноември 2015 г).
  2. John Debney to Score ‘Ice Age: Collision Course’“, „Film Music Reporter“, Film Music Reporter, 27 март 2016 (посет. 27 март 2016 г).
  3. Ice Age: Collision Course (U)“. British Board of Film Classification. July 5, 2016. конс. December 22, 2016. 
  4. 4,0 4,1 „Ice Age: Collision Course (2016)“. Box Office Mojo. конс. January 17, 2016. 
  5. IMDb, Ice Age: Collision Course (2016) (пристапено на 1.10.2017)