Планета

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Планета (од грчки πλανήτης, planetes или "скитници") е тело со соодветно голема маса што орбитира околу некоја ѕвезда и не произведува енергија низ нуклеарна фузија,може да биде составена од карпи, метал, течност, гас или комбинација од овие елементи. Планетите не создаваат светлина, туку ја рефлектираат светлината од својата ѕвезда. Пред последната деценија од XX век само девет планети беа познати од кои осум се во нашиот Сончев систем). На 3 ноември 2004 беа познати 133 планети, сите надвор од Сончевиот систем (со исклучок на осумте) уште познати како егзопланети.

Осумте планети и трите џуџести планети во Сончевиот Систем.

Во нашиот сончев систем има осум планети и тоа: Меркур најблизок до сонцето, Венера втора планета до сонцето, нашата планета Земја која е трета, Марс после Земјата, Јупитер петти, Сатурн шести, Уран седми и осми Нептун.

Ако само Јупитер малку се подзагрее тој може да стане и второ сонце во нашиот сончев систем.

Бидејќи Плутон е нај оддалечен од сонцето и е најмала планета во сончевиот систeм тој не се смета за планета туку за планета-џуџе.

Осумте планети во Сончевиот Систем : Меркур, Венера,Земја,Марс,Јупитер, Сатурн,Уран и Нептун.Сега еве ги распоредени по оддалеченост со нивниот број на сателити:

(1) Меркур, без ниeден природен сателит. (2) Венера, без ниеден природен сателит. (3) Земја, со еден природен сателит. (4) Марс, со два природни сателити. (5) Јупитер, со шеесет и три природни сателити. (6) Сатурн, со педесет и шест природни сателити. (7) Уран, со дваесет и седум природни сателити. (8) Нептун, со тринаесет природни сателити.


Истражување на планетите[уреди]

Бидејќи планетите се мошне оддалечени од Земјата, би било потребно многу време за да стигнал луѓето до нив. Затоа се лансирани вселенски сонди, да „пролетаат“ покрај секоја планета освен Плутон и да ги пратат снимките на Земјата. Војаџер 2 стигнал најдалеку. Вселенската сонда Касини го посетила Сатурн во 2004 година.

Формирање на планетите[уреди]

Сончевиот систем го започнал животот како облак од гас и прашина кој се движел по галаксијата Млечен пат. Се смета дека експлозијата на некоја супернова може да предизвика ширење на ударните бранови низ просторот во вселената, кои го погодиле облакот и на некој начин предизвикале негово згуснување под дејсво на сопствената гравитациона сила.

Во текот на наредните 100 000 години згуснатиот облак станал диск што се врти брзо. Тој се нарекува сончева маглица. Под притисок на гасот и прашината што спирално се движеле кон центарот, маглицата станувала се потопла и погуста и почнала да се шири. Набрзо се развила во младо Сонце.

Надвор од оваа централна печка, честичките почнале да згуснуваат како снегулки, прво во мали парчиња карпи, а потоа во огромни карпи. Во текот на милиони години, некои пораснале во блокови со пречник од повеќе километри, кои се нарекуваат планетезимали. Тие подоцна почале да се судираат меѓусебно спојувајки се како топки снег и од нив настанале четирите карпести внатрешни планети: Мeркур, Венера, Земја и Марс и јадрата nа четирите гасивити џинови:Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

Сончевоит вeтер ги оддувал остатоците гас и прашина, вклучувајки ја и атмосферата окулу четирите внатрешни планети. Планетите џинови биле далеку од најжестоките удари на Сончевиот ветер, што им овозможило да ги сочуваат дебелите слоеви гас со кои биле опкружени.

Гравитационата сила на Јупитер предизвикала меѓусебно уништување на планетизмалите во близината и спречила тие да се спојат во нова планета, а преостанатиот појас на карпи познати како астероиди и понатаму, до денес, останале во орбитата окулу Сонцето.