Сценарио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Примерок од сценарио, покажано со акција и дијалог.

Сценарио е напишан план, авторизиран од сценарист, кој претставува основа за снимање филм или телевизиска серија. Сценариата можат да бидат оригинал или адапција од веќе постоечко дело како на пример роман.

Главните компоненти на сценариото се акцијата и дијалогот, под „акција“ се подразбира „нештото што го гледаме како се случува“ и под „дијалог“ се подразбира „нештото што го слушаме“. Ликовите, кога првпат се претставуваат во сценариото, можат да бидат опишани и визуeлно. Сценариата се разликуваат од традиционалната литература на многу начини кои се наведени подолу; како и да е, сценариата може да не вклучуваат емоционални опишувања и други работи од приказната, кои всушност можат да се видат дури кога ќе биде готов целиот производ.

Сценариото како мотив во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]