Прејди на содржината

Евроазија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Евроазија
Површина55.000.000 км2
Население5,4 милијарди (2023)[1][2]
Густина93 жит./км2
ДемонимЕвроазиски
Земји~93
Зависни територии9
Часовни појасиUTC−1 до UTC+12

Евроазија — најголемото едноделно тло на Земјата, со површина од 54.000.000 км2 споредено со Америка (околу 42.000.000 км2), Африка (околу 30.000.000 км2), Антарктикот (околу 13.000.000 км2) и Океанија (9.000.000 км2). Во неа спаѓаат два континентаЕвропа и Азија. Населението брои некаде 4.611.307.438 — повеќе од 70% од вкупното светско население.

Историја и култура

[уреди | уреди извор]

Патот на свилата ја симболизира трговската и културна размена кои ги поврзувале евроазиските цивилизации низ историјата, и таа е сѐ поактуелна тема. Во последно време развиена е и идејата за поширока евроазиска историја која се занимава со генетските, културни и лингвистички врски помеѓу старите европски и азиски култури. Овие речиси отсекогаш се сметале за засебни.

За првпат Евроазија ја обиколил Адолф Ерик Норденшелд во 1878-79.

Геологија

[уреди | уреди извор]

Евроазија се формирала пред 375 - 325 милиони години. Тоа се случило кога се споиле Сибир (порано засебен континент), Казахстанија и Балтика (која била поврзана со Лаврентија (денес Северна Америка) добивајќи ја Евроамерика). Кинеските кратони се судриле со јужното крајбрежје на Сибир.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Population of Europe (2023) - Worldometers“. www.worldometers.info. Архивирано од изворникот 1 јануари 2023. Посетено на 1 јануари 2023.
  2. „Population of Asia (2023) - Worldometers“. www.worldometers.info. Архивирано од изворникот 4 октомври 2022. Посетено на 9 јануари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]