Пангеја

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пангеја - најмладиот суперконтинент кој постоел од пред 300 до 180 милиони години. На картата се назначени контурите на денешните континенти
Распаѓање на Пангеја

Пангеја (грч. Πᾶνγαία - сите земји, од грч. πᾶν — се и грч. Γαῖα — Земја) е назив за суперконтинентот кој настанал во времето на палеозоикот и мезозоикот, пред процесот на тектонски плочи не го раздвоил Лауразиј на Северната Земјина полутопка и Гондвана на Јужната Земјина полутопка. Тие два новонастанати континенти ги раздвоил океанот Тетис, а тие и понатаму се делеле на денешните континенти. Името го дал Алфред Вегенер, промотер на идејата за поместување на континентите од 1915 година. Водената маса која го опкружувала Пангеј се нарекувала Панталас (од грч. θάλασσα — море).