Тетида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Tетида (Θέτις, Thétis) во грчката митологија била морска нимфа, една од Нереидите. Била внука на Тетија, и мајка на Ахилеј; нејзините родители биле Нереј и Дорида , била во брак со Пелеј .


Митологија[уреди | уреди извор]

Во грчката митологија Тетида имала неколку допири со боговите: го ослободила Зевс од ланците, дека се грижела за Хефест кога бил повреден и дека со Дионис спиела на островот во Црвеното море во постела од морската трева.

Според древните записи, на Тетида ѝ се додворуваке и Зевс и Посејдон, но кога Темида го открила пророштвото дека синот на Тетида ќе биде поголем херој и од Зевс и од Посејдон тие ја принудиле да појде за смртникот Пелеј, познат и како Калхант.

Зевс (Јупитер) и Тетида

Тетида била позната по тоа што ја менувала својата форма и станувала оган или лав. Пелеј, добил советот на Хирон, еден од Кентаурите да ја пронајде додека спие и да ја заврже. Пелеј ги истрпел нејзините промени и ја добил за сопруга.

Тие се венчале во гората Пелион, а на свадбата присуствувале сите божества од Олимп. На веселбата единствено не била поканета Ерида, божицата на злото.Таа се одмаздила така што испратила златно јаболко на кое пишувало „за најубавата“, со што внела раздор помеѓу божиците Хера, Aтина и Афродита, а Парис го довела во неповолна ситуација да мора да избере на која од нив да го даде јаболкото.

Тетида и Ахилеј[уреди | уреди извор]

Својот син Ахилеј, кој го добола со Пелеј, според едно од тврдењара за полубожествена припадност на Ахилеј, тврди дека таа ноќе го држела во пламен за да му ја изгори смртноста, а дење го хранела со амброзија за да добие сила. Кога Пелеј ја зарекнал сопругата како го држи детето во пламенот, тој викнал, поради што таа го повлекла и не му ја заштитила и петата. Мислејќи дека таа сака да го убие, Пелеј кренал меч на Тетида, таа без објаснување избегала во длабоките води кај татко си, но никогаш не престанала да бдее над Ахилеј.

И врориот мит петата на Ахилеј ја оставил како единствено смртно место на неговото тело, но овој пат поради тоа што Тетида своето новороденче го потопила во реката Стикс, но морала да го држи за петица да не го однесе водата.

Тетида го капе Ахилееј во реката Стикс

Ахилеј го воспитувал и чувал кентаурт Хирон на брдото Пелион. Покрај сета грижа за младиот потомок, пророштвото на врачот Калхант тврдело дека тој ќе загине во Троја. Поради тоа Тетида го одвела на Скира, го преоблекла во девојка и доверила на чување на кралот Ликомед.

Ахилеј во себе го носел воениот инстинкт: според едно предание при прв звук на воените труби го грабнал оружјето, а според друото тоа се случило кога Одисеј, испратен од Менелај пошол да го најде Ахилеј, тој понел многу дарови за девојки, но и оружје: меч, штит и копје. Ахилеј воопшто не обрнал внимание за накит туку се фатил за оружје. Одисеј му го поклонил оружјето, а потоа тргнале во војна за Троја.

Тетида и тогаш пробала да го заштоти синот. Од Хефес побарала да му искове штит и оружје со кое би бил сигурен. Кога пророштвото се оствороло. Тетида ја собрала пепелта од својот син и го положила во златната урна и му кренала достоинсрвен споменик, а во негова чест организирала огромен пир.

Наводи[уреди | уреди извор]