Западна Европа
Западна Европа е еден од регионите на Европа. Овој регион граничи со Јужна Европа на југ, Средна Европа на исток, Северна Европа на север и со Атлантскиот Океан на запад. Западна Европа, главно, ги опфаќа териториите што излегуваат на Атлантскиот Океан. Поради тоа таа се нарекува и Атлантска Европа.Дел од неа е на европското копно, а дел се островски територии. Непосредниот излез на море на државите од Западна Европа им овозможува широка и слободна комуникација со светот. Каналот Ламанш (меѓу Франција и Велика Британија) е мошне важен за морскиот сообраќај на западноевропските држави со другите држави од светот. Големите реки со својата пловност овозможуваат комуникација длабоко во внатрешноста на државите. Движењето на Голфската морска струја покрај бреговите на Западна Европа придонесува за формирање на мошне пријатно климатско поднебје. Природните погодности во Западна Европа овозможиле висока стопанска развиеност, така што сите држави се одкликуваат како високоразвиени индустриски земји кои влијаат и врз развојот на другите делови од светот. Една од причините за тоа е фактот што, покрај Шпанија и Португалија, скоро сите држави од Западна Европа формирале големи колонијални поседи по светот. Таму се користеле и се користат големи природни богатства и суровини. Погодните природни и создадените услови во Западна Европа се главна одредница за нивната географска положба. Спред тоа, се констатира дека Западна Европа се одликува со мошне поволна географска положба.
Политичка поделба
[уреди | уреди извор]Политички, Западна Европа ги вклучува:
- Скандинавскиот Полуостров: Данска, Финска, Норвешка, Шведска, и Исланд
- Британските Острови: Ирска и Обединето Кралство
- Алпите: Австрија, Лихтенштајн, Германија и Швајцарија
- Бенелукс и Франција: Франција, Монако, Белгија, Холандија, и Луксембург
- Апенинскиот Полуостров: Италија, Сан Марино, Малта и Ватикан
- Пиринејскиот Полуостров: Шпанија, Португалија, Андора
Држави во Западна Европа
[уреди | уреди извор]Територијата на Западна Европа е поделена на седум држави, од кои: Велика Британија и Ирска се островски држави, Холандија, Белгија, Франција и Монако излегуваат на море, а само Луксембург е континентална држава. Поради блиската меѓусебна соработка, земјите Белгија, Холандија и Луксембург со заедничко име се нарекуваат Бенелукс.
Држава | Главен град | Површина км2 | Население (ООН, 2009) |
---|---|---|---|
Белгија | Брисел | 30 528 | 10 741 000 |
Ирска | Даблин | 70 286 | 4 517 800 |
Луксембург | Луксембург | 2 586 | 491 700 |
Монако | Монако-Вил | 2 | 33 000 |
Обединето Кралство | Лондон | 244 110 | 61 612 300 |
Холандија | Амстердам | 41 526 | 16 517 532 |
Франција | Париз | 543 965 | 65 073 482 |
Државно уредување на земјите од Западна Европа
[уреди | уреди извор]Кралстовото Белгија е парламентарна монархија каде што на чело на државата е крал, а законодавната влас им припаѓа на кралот и на парламентот.
Република Франција е република на чело со претседател, кој има широки овластувања
Република Ирска е парламентарна република со претседател, а законодавен орган е парламентот
Големото Војводство Луксембург е уставна наследна монархија на чело со големиот војвода на Луксембург и со законодавна власт - Домот на пратениците
Кралството Холандија е уставна монархија на чело со кралица. Законодавната влас е во надлежност на кралицата и на парламентот.
Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска е парламентарна монархија на чело со кралица и со законодавен парламент. Во рамките на Кралството се наоѓаат Англија, Велс со национално собрание, Шкотска со посебен парламент и Северна Ирска со свое регионално собрание.
Монако е уставна монархија, кнежевство. На чело на државата има кнез, законодавната влас е во надлежност на кнезот и националниот совет.
Релјеф
[уреди | уреди извор]Поголемиот дел на територијата на Западна Европа се одликува со едноличен низински релјеф. Во него се издвојуваат територии под типични низни и поголеми котлини во широките речни долини. Најкарактеристична низинска земја е Холандија. Нејзината територија, поради погодните услови, е најнаселена и со најразвиено стопанство. Старите ниски зарамнети планини се претежно со мали релативни височини до околу 500 м. Поретки се планините што се издигаат на 1.000 м. Такви се планините во Велика Британија, Ардените во Белгија и Централниот Масив во Франција. Сите овие планини со своите рудни богатства се основата за појавата и развојот на првата индустрија во светот, така што во нивна непосредна влизина се развиени поголем број рударски и индустриски населби. Младите набрани планини во Западна Европа се незначително застапени. Опфаќаат делови од Пиринеите и од Француските Алпи. Тие се одликуваат со типичен високопланински релјеф чии врвови се под постојан снег и мраз, со присуство на ледници. Меѓу Франција и Италија се наоѓа Монблан (4.810 м), највисокиот врв во Европа. Остатоци од ледничките периоди има и на некои од планините во Шкотска.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Западна Европа, е главно, под влијание на Атлантскиот Океан и на западните ветрови кои од Океанот дуваат кон копното. Големо влијание има топлата Гофска Струја, која покрај бреговите на Западна Европа се движи од појужните кон посеверните мориња. Оиве фактори условуваат меѓу зимскити и летните периоди во Западна Европа да има мали температурни разлики. Тие се движат од 0°С во јануари до околу 15°С во јули. Токму затоа во лето преовладуваат облачни денови со чести врнежи и магии. Заота климата во Западна Европа се именува како атанско поднебје за кое се карактеристични благи зими и умерено топли лета. Во некои региони климата се одликува со одредени модификации, но тие, главно, не зафркаваат поголеми територии. Станува збор за присуство на средоземна клима на југот на Франција, типична планинска клима на Француските Алпи и на Пиринеите и значително поврнежливо време во западните делови на Ирска и Велика Британија. Благопријатната клима и релативно големите количества врнежи, кои имаат прилично правилен распоред преку годината, овозможуваат развиток на бујни, претежно тревни растителни видови наместа прекинати со помали површини од листопадни шумски растенија. Сето таа територија на Западна Европа ја прави зелена, поради што Западна Европа често се нарекува и Зелена Европа.
Население
[уреди | уреди извор]Територијата на Западна Европа е мошне густо населена. Но, густината на населеност е нерамномерна. Најугсто населени Холандија и Белгија, северните делови на Франција и јужните делови на Велика Британија. Другите делови, како што се јужните делови на Франција и Ирска, се со поретка густина на населеност. Населението во Западна Европа, главно, припаѓа на две групи народи: на германската и на италската група. Поголемиот дел и припаѓа на германската група. Во неа спаѓаат: Англичаните, Холанѓаните и Фламанците во Белгија. Во романската група народи спаѓаат: Французите и Вавилонците во Белгија. Карактеристично за Западна Европа е тоа што во Ирска, во Северна Шкотска, во Велс и на францускот полуостров Бретања живеат потомци на Келтите, кои зборуваат на свои посебни јазици. Меѓутоа, главни јазици се: Англискиот во Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и во поголем дел на Ирска; Францускиот во Франција и во Белгија; Холандскиот во Холандија и скоро половина Белгија; Германскиот во делови од Белгија, од Луксембург и од Франција. Помалку застапени се: Баскискиот - во југозападните делови на Франција; Католонскиот во јужните делови на Франција; Корзиканскиот на сотровот Корзика. Според религиската припадност, населението во Западна Европа главно припаѓа на христијанската религија, во: Франција, Ирска и Белгија се негува католичката вероисповед, а во Велика Британија и во делови од Холандија населението е со протенстанската вероисповед. Четири држави: Велика Британија, Франција, Холандија и Белгија се познати како колонијални сили со колонии низ целиот свет, осовено во минатото. Еден дел од нивното население во даден временски период по разни основи емигрирало во колониите. Типичен пример е Ирска. Но, по подолготрајните комуникации се колониите, дел од населението на колониите дошло во земјите на Западна Европа. Денес тоа е мошне карактеристично: за Франција, каде што голем дел на населението по потекло е од Алжир, од Мароко и од други земји; за Велика Британија, каде што голем број жители по потекло се од Индија и од некои африкански земји. Во контекст на виталноста, населението во Западна Европа се одликува со стабилен природен прираст, кој се движи до околу 10 промили. Културата на земјите од Западна Европа денес скоро во целост е пренесена на северноамериканиот континент, во Австралија и длеумно во Африка и Азија.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Стопанството во Западна Европа е високоразвиено и тесно специјализирано. Тоа се однесува и на примарните и на секундарните, како и на останатите дејности. Во областа на примарните дејности се развиени и полјоделството и сточарството. Најзастапени полјоделски култури се житните растенија (особено пченицата), шеќерната репка, компирот, виновата лоза и фуражните растенија. Од сточарските гранки најразвиени се говедарството и овчарството. Овчарството е карактеристично за помалку развиените предели на Шкотска, за Ирска и за повисоките простори на Франција. Посебна одлика на Франција е произведено на пченица, на вино и на сирење, а во холандија на цвеќарството. Прозиводството со примена на современа механизација и квалитетни ѓубривае високопродуктивно и мошне обемо, така што голем дел од него се извезува во земјите во Европа и во светот.
Индустрија
[уреди | уреди извор]Индустриското производство во Западна Европа почнало да се развива во 19век. На почетокот, низ мануфактурно производство се создавале разни артикли во мали работилници. Поради богатството со железо и јаглен, најпрво во Велика Британија се развиле првите индустриски претпријатија, кои потоа се прошириле во другите држави од Западна Европа. Најзастапени биле металургијата и текстилната индустрија. Големиот дел од прозиводите се извезувале во целиот свет, а оттаму се увезувале суровини. Во втората половина на 20век, заради заштита на околината, дел од рударството и металургијата во земјите од Западна Европа се напуштија. Суровините од овие дејности се увезуваат од странство. Проблемот со невработеноста се надминува со пренасочување кон развој на нови индустриски гранки, ориентирани кон финално производство и производство за широка потрошувачка. Така се развиени автомобилската индустрија, индустријата за летала, електроиндустријата, хемиската и во најново време индустријата за високи технологии во сферата на информатиката, медицинската опрема, разни електронски апарати и друго. Поголемиот дел од работата се врши со роботи. Главни индустриски центри се поголемите градови, како, на пример: Глазгов, Манчестер, Ливерпул, Бирмингем, Лондон и други во Велика Британија, Даблин во Ирска, Амстердам и Гронинген во Холандија, Брисел во Белгија, потоа Париз, Лион, Гренобл, Марсеј, ТУлуз, Бордо и други во Франција.
Енергија
[уреди | уреди извор]Соврмениот начин на живеење бара големи количества енергија. Земјите од Западна Европа, во недостиг на хидро и термоенергија, енергијата ја обезбедуваат од атомски централи, од ветерници и од нафтоводи и гасоводи, кои од Северното Море се поврзани со велика Британија, Холандија и Белгија. Франција е посебна во енергетското производство. Во неа 78% од енергијата се добива во атомски централи. Големата разлика на приливот одливот на брегот на Атлантскиот Океан е искористена за централи засновани на таквото движење на морските води.
Карти за Западна Европа
[уреди | уреди извор]-
Политичка карта на регионите во Европа.
-
Западна Европа.
-
Западна Европа со останатите региони на Европа.
-
Државите на Западна Европа по политичката поделба во минатиот век.
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]
|
|