Прејди на содржината

Источна Африка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Источна Африка.
Карта на Источна Африка според ООН.

Географска положба

[уреди | уреди извор]

Источна Африка лежи на територијата спрема Индискиот Океан. Ги опфаќа пределите на Етиопската и Езерската Висорамнина. Етиопските Планини достигнуваат до околу 4 500 м.н.в., а планините на Езерската висорамнина се издигнуваат дан 5 000м. Такви се планините килимаџаро, Кенија и Рувензори. Во приморските делови на Кенија и Сомалија се наоѓаат поголеми низински територии. Иточна Африка на југ се простира до вододелницата на реката Замбези, а на запад приближно до источната вододелница на реката Конго. има развиен буен животински и растителен свет, претставен со густи шуми - прашуми, високи треви - савани, и разновидни тревопасни и месојадни животни.

Население и Стопанство

[уреди | уреди извор]

Во државите во Источна Африка претежно живее население од белата и од црната раса. Главно занимање се земјоделството и сточарството. Најмногу се одгледуваат кафе, памук, жита, шеќерна трска, банани, ананас и др. Во сточарството најмногу се одгледуваат овци, кози и говеда. Од рудните богатства се застапени бакар, злато, олово, дијаманти, волфрам, железо и др. Најразвиени гранки се прехранбената, дрвната, хемиската, драгежната и металната индустрија. Државите во Источна Африка сè уште се со статус недоволно развиени земји и земји во развој. Поразвиени се државите Танзанија и Кенија.

Дефинирање на регионот

[уреди | уреди извор]

Источна Африка ги опфаќа следниве држави:

Според шемата на ООН, источна Африка се состои од 19 територии:[1]

Египет и Судан се сместени во североисточниот дел на континентот, но обично се сметаат за дел од северна Африка.[8]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Демографската слика на Источна Африка изгледа вака:

држава население доминантна
религија
% од вкупното
население
службен јазик најголема етничка група
 Еритреја 5,291,370[9] Христијанство[10] 64%[10] нема[11] Тигриња (~60%)
 Етиопија 75.1 милиони (2006)[12] Христијанство[13] 62.8%[13] амхарски јазик[14] оромски јазик (34.49%)[13]
 Џибути 818,159 [15] Ислам[16] 94%[16] француски и арапски јазик[16] Сомалијци (60%)[16]
 Сомалија 10,085,638[17] Ислам[17] апсолутно мнозинство сомалиски и арапски јазик[18] Сомалијци (85%)[17]
 Јужен Судан 8,260,490 (попис 2008) Христијанство н.п англиски нема мнозинство, но најбројни се Динка (15 %) и Нуери (10 %)
 Кенија 43,013,341[19] Христијанство[20] 83%[20] англиски и свахили[21] нема мнозински народ. Најголем народ се Кикујуанците со 22% [19]
 Бурунди 8,053,574 (2008 [22]) Христијанство[23] 75%[23] рунди и англиски Хутуанци (85%)[24]
 Руанда 8,162,715 (2002[25]) Христијанство[26] 98.2% [26] руанда, англиски, француски[26] Хутуанци (84%)[26]
 Уганда 35,873,253[27] Христијанство[27] 83.9%[27] англиски[27] нема мнозински народ. Најголем народ се Баганѓаните со 16.9%[27]
 Танзанија 43,188,000 (2010[28]) Христијанство 62%[29] свахили и англиски[30] нема мнозински народ[30]

Во земјите од регионот се нашироко се застапени англискиот и францускиот. Најкористен јазик е свахили. Во Етиопија се говори претежно локалниот амхарски јазик. Во југоисточна Африка е мошне застапен португалскиот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Одделение за статистика на ООН - Стандардни класификации на земјите и подрачните кодови Архивирано на 8 декември 2015 г. (англиски)
  2. ООН не го смета Сомалиленд за дел од регионот бидејќи не е признаен како независна држава.
  3. Robert Stock, Africa South of the Sahara, Second Edition: A Geographical Interpretation, (The Guilford Press: 2004), стр. 26
  4. IRIN Африка (англиски)
  5. Michael Hodd, East Africa Handbook, VII изд, (Passport Books: 2002), стр. 21: "To the north are the countries of the Horn of Africa comprising Ethiopia, Eritrea, Djibouti and Somalia."
  6. Encyclopaedia Britannica, inc, Jacob E. Safra, The New Encyclopaedia Britannica, (Encyclopaedia Britannica: 2002), стр. 61: „Северната планинска област наречена Африкански Рог ги опфаќа земјите Џибути, Етиопија, Еритреја и Сомалија.“
  7. Sandra Fullerton Joireman, Institutional Change in the Horn of Africa, (Universal-Publishers: 1997), стр. 1: „Африканскиот Рог ги опфаќа земјите Етиопија, Еритреја, Џибути и Сомалија. Овие земји имаат слично население, јазици и географско окружување.“
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2011-09-06.
  9. Попис во Еритреја од 2008.
  10. 10,0 10,1 „Религија во Еритреја“ (PDF) (англиски). Посетено на 2012-04-14.
  11. „Constitution of the State of Eritrea“. Shaebia.org. Посетено на 2010-05-02.
  12. Diercke Landerlexicon, 1983
  13. 13,0 13,1 13,2 „Ethiopia: A Model Nation of Minorities“ (PDF) (англиски). Посетено на 2012-04-14.
  14. „Ethiopian Constitution“. Article 5 Ethiopian constitution. APAP. Архивирано од изворникот на 2012-03-04. Посетено на 3 December 2011.
  15. Попис во Џибути од 2009.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 „CIA World Factbook (2010) – Djibouti“. Cia.gov. Архивирано од изворникот на 2014-07-02. Посетено на 2011-04-27.
  17. 17,0 17,1 17,2 „CIA World Factbook (2010) – Somalia“ (англиски). cia.gov. 2010. Архивирано од изворникот на 2016-07-01. Посетено на 2012-04-14.
  18. According to article 7 of The Transitional Federal Charter of the Somali Republic Архивирано на 15 февруари 2010 г.: The official languages of the Somali Republic shall be Somali (Maay and Maxaatiri) and Arabic. The second languages of the Transitional Federal Government shall be English and Italian.
  19. 19,0 19,1 „CIA World Factbook (2010) – Kenya“. Архивирано од изворникот на 2020-08-31. Посетено на 2012-04-14.
  20. 20,0 20,1 2009 POPULATION & HOUSING CENSUS RESULTS Архивирано на 13 ноември 2011 г.. Wycliffe Ambetsa Oparanya, Minister of State for Planning, National Development and Vision 2030. knbs.or.ke 31 August, 2010
  21. Constitution (2009) Art. 7[National, official and other languages] "(1) The national language of the Republic is Kiswahili. (2) The official languages of the Republic are Kiswahili and English. (3) The State shall–-–- (a) promote and protect the diversity of language of the people of Kenya; and (b) promote the development and use of indigenous languages, Kenyan Sign language, Braille and other communication formats and technologies accessible to persons with disabilities.
  22. „3rd general census (2008)“. Архивирано од изворникот на 2013-05-23. Посетено на 2012-04-14.
  23. 23,0 23,1 U.S. Department of State
  24. Eggers, E., Historical Dictionary of Burundi, ix.
  25. National Census Service (2003). „The General Census of Population and Housing, Rwanda“ (PDF). Посетено на 2012-02-16.
  26. 26,0 26,1 26,2 26,3 „CIA World Factbook (2010) – Rwanda“. Архивирано од изворникот на 2020-05-21. Посетено на 2012-04-14.
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 27,4 „CIA World Factbook (2010) – Uganda“. Архивирано од изворникот на 2015-10-18. Посетено на 2012-04-14.
  28. „Tanzania in Figures 2010“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-08. Посетено на 2012-04-14.
  29. U.S. Department of State (26 October 2009). „International Religious Freedom Report 2009: Tanzania“. United States Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. Посетено на 5 October 2010. Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  30. 30,0 30,1 „CIA World Factbook (2010) – Tanzania“. Архивирано од изворникот на 2020-11-27. Посетено на 2012-04-14.