Замбија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Замбија
Republic of Zambia
Знаме Грб
Гесло„Една Замбија, една нација“
ХимнаStand and Sing of Zambia, Proud and Free
Главен град
(и најголем)
Лусака
15°25′ ЈГШ 28°17′ ИГД / 
Службен јазик англиски
Признаени регионални јазици њанџа, бемба, лунда, тонга, нкојо, лози, лувале, каонде, и уште 65 јазици.
Демоним Замбијци
Уредување Република
 -  Претседател Мајкл Сата
 -  Заменик претседател Џорџ Кунда
Независност од Обединетото Кралство 
 -  Датум 24 октомври 1964 
Површина
 -  Вкупна 752.618 км2 [1](39-та)
 -  Вода (%) 1
Население
 -  проценка за јули 2008 11,862,740 (71-ва)
 -  Попис 2000 9,885,591[2] 
 -  Густина 16 жит/км2 (191-ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $17.423 милијарди[3] 
 -  По жител $1,399[3] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $14.323 милијарди[3] 
 -  По жител $1,150[3] 
Џини (2002–03) 42.1 (среден
ИЧР (2007) 0.434 (низок) (165-та)
Валута Замбиска квача (ZMK)
Часовен појас CAT (UTC+2)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC+2)
Се вози на лево
НДД .zm
Повик. бр. 260

Замбија (англиски: Zambia) или официјално Република Замбија (Republic of Zambia) е независна држава во Јужна Африка. Замбија се граничи со ДР Конго на север, со Танзанија на североисток, со Малави на исток, со Мозамбик, Зимбабве, Боцвана и Намибија на југ и со Ангола на запад. Главен град на Замбија е Лусака, кој се наоѓа во јужниот дел од земјата. Според пописот од 2000 година, Замбија имала население од 9,885,591 жители. Поголем број од населението е сконцентрирано во јужниот дел од земјата, во регионот на главниот град, како и во покраината Копербелт. Замбија има вкупна површина од 752,618 километри квадратни и официјален јазик во државата е англискиот.

Територијата на Замбија била првично населена од коисански народи. Во 13 век истиот тој регион бил населен од банту-народите. По првичните посети на европските експедиции во 18 век, Замбија станала британска колонија позната како Северна Родезија. Северна Родезија прогласила независност од Британија на 24 октомври 1964 година, но, под новото денешно име.

Етимологија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Име на Замбија.

Територијата на Замбија од 1911 до 1964 година се нарекувала Северна Родезија, која била британска колонија. Името Родезија потекнува од името на Сесил Родс. По независноста на колонијата, официјално името било сменето во „Замбија“ и името потекнува од името на реката Замбези.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Замбија.

Населена уште пред милион години, територијата во претколонијалното време била користена за формирање на различни племенски заедници. Во 17 и 18 век биле основани државните формации Бароце и Лунда. Од втората половина на 19 век земјата започнала да потпаѓа под британска колонијална власт, по 1911 година под името Северна Родезија. Ослободителната борба, под водството на Кенет Каунда, била крунисана во 1964 година со прогласувањето на независна Република Замбија. Во новите услови, Замбија се определила за неврзаната политика, а во економски поглед воспоставила тесни врски со Кина. Национализацијата на странските рударски и петролејски компании (започната во 1969 година) предизвикала бранувања и во политичката сфера со големи притисоци од надворешниот фактор. Во 1970 Лусака била домаќин на Третата конференција на неврзаните земји. Големите долгови и нестабилните економски состојби довеле до изборен пораз на Каунда (1991). Земјата започнала да се ориентира кон имплементирање на повеќепартиски систем (процес почнат и порано) и кон приватизација во стопанството.

Географија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Замбија.
Податотека:Victoria Falls Zambezi.jpg
Поглед кон Викторините водопади на реката Замбези.
Карта на Замбија

Замбија е држава без излез на море и се наоѓа во Јужна Африка. Земјата има тропска клима и е воглавно составена од висорамнини и повисоки планини. Со 752.614 километри квадратни, Замбија е 39 најголема земја во светот, по Чиле.

На територијата на Замбија се наоѓаат речните басени Замбези и Конго. Реката Замбези се протега во централниот, западниот и јужниот дел од земјата, додека реката Конго се наоѓа во северниот дел од земјата. Мал дел во североисточниот дел на Замбија е дел од басенот на езерото Руква во Танзанија. Позната географска карактеристика на Замбија се Викторините водопади.


Хидрографија[уреди]

Реки[уреди]

Некои од поголемите реки во Замбија се:

Езера[уреди]

Позначајни езера во Замбија се:

Клима[уреди]

Замбија има претежно тропска клима, влажна со врнежи од ноември до април (околу 1.500 mm годишно). Средна годишна температура 15-27 °C.

Политика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Замбија.

Замбија е претседателска република. На чело на државата, а воедно и на владата е претседателот. Државата има повеќепартиски систем. Извршната власт во Замбија е во рацете на владата, додека законодавната власт е поделена меѓу владата и собранието. Моментален претседател на Замбија е Мајкл Чилуфја Сата.


Административна поделба[уреди]

Карта на покраините во Замбија

Замбија е поделена на 10 покраини Секоја од нив се дели на окрузи, вкупно 72. Покраините се:

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Замбија.

Земјоделска и индустриска земја со значајно рудно богатство (бакар, камен јаглен, олово, цинк, кобалт) и гранки развиени и базирани врз домашните ресурси. Во земјоделството доминираат пченката, оризот, кикиритките, сончогледот и памукот, а во сточарството говедата, козите и свињите. Извонредно значење за стопанскиот развој имаат нафтоводот и железничката линија Тан-Зам (ТанзанијаЗамбија) кои водат од танзаниското океанско пристаниште Дар ес Салам до Ндола, односно до Лусака. Железницата беше финансирана и изградена од Кина. Постојат три големи (Лусака, Ндола и Марамба) и околу 130 локални аеродроми. Патната мрежа се состои од над 39.000 km патишта (околу 6.000 km асфалтирани).

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Замбија.
Музеј Ливингстон во Лусака.
Замбијско рурално население.
Население

Замбија е една од најурбанизираните држави во суп-сахарска Африка. 44% од населението се наоѓа во неколкуте урбани центри, додека руралните средини се слабо населени. Невработеноста во урбаните средини е голем проблем за државата, но руралното население воглавно се занимава со земјоделие и сточарство. Во државата живеат околу 72 различни народи, од кои најмногу се припадниците на Банту-народите. Според пописот од 2000 година, во државата живеат 9,885,591 жители.

90% од населениет се припадници на една од деветте етно-лингвистички групи: Чеванци, Бембајци, Тонганци (народ во Замбија и Зимбабве)Тонганци, Тумбукуанци, Балунѓани, Баловалејци, Каондејци, Нкојанци и Лозијци. Во Лусака, главниот град на државата, има и бело население, кое воглавно е од британско или јужноафриканско потекло. Според податоците од 1964 година, во Замбија имало 70.000 Европејци. Во државата има и мало азиско население, кои повеќето се Индијци или Кинези. Денес се проценува дека во државата има околу 80.000 Кинези[4] Во скоро време, во државата се доселиле и Зимбабвејци кои работаат како фармери.[5][6]

Јазик

Официјален јазик во Замбија е англискиот, кој се користи во трговијата и образованието. Главен домашен јазик е Њанџа, кој се зборува особено во Лусака. Покрај Њанџа, во државата има поголем број на зборувачи и на јазикот бемба. Вкупно во државата се зборуваат 73 јазици.

Религија

Официјално Замбија е христијанста нација според уставот од 1996 година.[7]Сепак, во државата сè уште се практикуваат локалните ритуали и истите се вметнати во христијанските традиции. Околу 87% од насеелнието се Христијани.

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Замбија.

Иако недоволно проучени, за културните и за уметнички дејности со векови наназад сведочат зачуваните предмети од уметничките занаети и традиционалните танци. Врз база на тие корени, независна Замбија првите чекори на тоа поле ги направила со формирање на танцови групи, подоцна и на театар со забележлива музичка и танцова димензија. Во 1964 година била формирана и литературната асоцијација Група на нови писатели, а биле направени и првите обиди за филмско производство. Првиот замбиски универзитет бил исто така отворен во 1964 година во Лусака.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]