Јужен Судан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Јужен Судан
Republic of South Sudan

Знаме Амблем
Гесло„Правда, Слобода, Просперитет“
Химна"South Sudan Oyee!"

Главен град
(и најголем)
Џуба
4°51′ СГШ 31°36′ ИГД / 
Службен јазик англиски
Признаени регионални јазици џупски арапски е „лингва франка“ околу Џуба. Динаски 2–3 милиони; останати јазици
Народности  Динка, Нуери, Баријци, Лотуко, Куку, Занде, Мандуријци, Каква, Поџулу, Шилук, Мору, Ачолијци, Мадијци, Лулубо, Локаја, Топоса, Ланго, Дидинга, Мурле, Ануак, Макарака, Мунду, Џур, Калико и др.
Демоним Јужносуданец
Уредување Федерална претседателска република
 •  Претседател Салва Кир Мајардит
 •  Заменик-претседател Риек Мачар
Законодавство Собрание
Независност од Судан 
 •  Мировен договор 6 January 2005 
 •  Автономија 9 јули 2005 
 •  Независност од Судан 9 јули 2011 
Површина
 •  Вкупна 619.745 км2 (45-та)
Население
 •  проценка за  г. 7,500,000–9,700,000 (2006, UNFPA)[1]
11,000,000–13,000,000 (Southern Sudan claim, 2009)[2] 
 •  Попис 2008 8,260,490 (оспорено)[3] (94-та)
Валута фунта (SDG)
Часовен појас ИАВ (UTC+3)
Повик. бр. 249

Јужен Судан или официјално Република Јужен Судан[4] е независна и суверена држава во Источна Африка. Јужен Судан е држава без излез на море, која се граничи со Етиопија на исток, со Кенија, Уганда и ДР Конго на југ, со ЦАР на запад и со Судан на север. Главен град на државата е Џуба, а единствен официјален јазик е англискиот јазик.

Јужен Судан ги зазема мочурливите предели околу реката Бел Нил. Првично, Јужен Судан бил дел од Британската Империја, кој подоцна заедно со Судан формирале своја независна држава. Јужен Судан се стекнал со автономен статус преку мировниот договор помеѓу Суданската Народна Ослободителна Армија и Владата на Судан и со тоа се ставил крај на Втората суданска граѓанска војна. Овој конфликт бил најдолг конфликт во историјата на Африка, кој траел над 17 години.[5][6] Од 9 до 15 јануари 2011 во Јужен Судан се одржал референдум за независност и отцепување на овој регион од Судан. Според првичните резултати објавени и направени од Комисијата за референдум на Јужен Судан на 30 јануари 2011 и според истите, 98% од гласачите гласале за отцепување, а 1 % за унија.[7] Јужен Судан официјално станал независна држава на 9 јули 2011 година.

Демографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Јужен Судан.
Јазици

Јужен Судан е составен од повеќе од 200 етнички групи и претставува еден од лингвистички најхетерогените региони во Африка. Како и да е, голем број од јазиците се мали и имаат мал број на зборувачи. Официјален јазик во регионот е англискиот јазик. Покрај него, најзборуван јазик е арапскиот јазик, особено џупски арапски дијалект. Сепак, процентуално гледано, најголем број жители зборуваат динкаски како мајчин јазик, кој е сличен со вториот најголем нуерски јазик. Потоа следуваат следините поголеми јазици: шилучки јазик, бариски јазик, отухоски јазик, зандески јазик, убанѓански јазик и џуро-модоски јазик.

Религија

Главни и најголеми религии во Јужен Судан се христијанството и анимизмот, со мал број следбеници на исламот. Поголем број од христијаните се римокатолици и англикани. За време на граѓанската војна и после неа, бројот на христијаните во Јужен Судан се зголемил, за разлика од муслиманското население. Според Федералниот истражувачки оддел на Конгресната библиотека на САД, во раните 1990-ти во Судан имало околу 10% христијани.[8]

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Државите и регионите на Јужен Судан:

Јужен Судан е поделен на десет сојузни држави, кои се всушност три историски региони: Бахр ел Газал, Екваторија и Голем Горен Нил.

Секоја држава е поделена на окрузи, па така Јужен Судан има 86 окрузи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „UNFPA Southern Sudan“. UNFPA. http://sudan.unfpa.org/souther_Sudan/index.htm. 
  2. Sudan census committee say population is at 39 million“, „SudanTribune“, 27 април 2009.
  3. Discontent over Sudan census“, „News24.com“, 21 мај 2009.
  4. South Sudan becomes world's newest nation - Forbes.com
  5. Fisher, Jonah. „South Sudan gets new government“, BBC News, United Kingdom, 23 октомври 2005 (конс. 7 декември 2008 г).
  6. News, Reuters. „Southern Sudan fragile peace“, Thomson Reuters Foundation, 27 мај 2008 (конс. 7 декември 2008 г).
  7. http://southernsudan2011.com/
  8. Sudan: A Country Study Federal Research Division, Library of Congress - Chapter 2, Ethnicity, Regionalism and Ethnicity

Дополнителни информации[уреди | уреди извор]

  • Biel, Melha Rout (2007). South Sudan after the Comprehensive Peace Agreement. Jena: Netzbandt Verlag. ISBN 9783937884011 
  • Tvedt, Terje (2004). South Sudan. An Annotated Bibliography. (2 vols), 2nd. ed., IB Tauris: London/New York

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]