Арапски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Арапски)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Арапски јазик
العربية/عربي/عربى al-ʻarabiyyah/ʻarabī 
Arabic albayancalligraphy.svg
al-ʿArabiyyah на пишан арапски.
Изговор/al ʕarabijja/, /ʕarabiː/
Застапен воНајголем дел од државите членки во Арапската лига, но и во Израел, Иран, Турција, Еритреја, Мали, Нигер, Чад, Сенегал, Јужен Судан, Етиопија
Говорници295 милиони  (2010)[1]
Јазично семејство
Стандардни облици
Дијалекти
централни арапски дијалект
северни арапски дијалекти
јужни арапски дијалекти
Писмоарапско писмо
арапска брајова азбука
сириска азбука
хебрејско писмо
Статус
Службен воСовремениот стандарден арапски јазик е официјален во 27 држави[2]
Регулативен орган
Јазични кодови
ISO 639-1ar
ISO 639-2ara
ISO 639-3ara арапски
{{{mapalt2}}}
Употреба на арапскиот јазик како единствен официјален (зелено) или како еден од повеќе официјално јазици (сино).
Карта на арапските дијалекти.

Арапскиот (العربية al-ʻarabīyah или عربي/عربى ʻarabī ) (За снимкава [alʕaraˈbijja]  или (За снимкава [ˈʕarabiː] ) е семитски јазик. Поимот „арапски јазик“ се користи за сите потомци (дијалекти/ јазици) на класичниот арапски јазик од 6 век. Овој поим ги опфаќа како говорните, така и пишаните дијалекти на јазикот. Јазикот се зборува на огромна површина, поточно од Средниот Исток па сè до крајните точни на Северна Африка. Како дел од семитските јазици, арапскиот јазик најсроден е со хебрејскиот, арамејскиот, феникискиот и угаритскиот јазик.

Литературната форма на арапскиот јазик се нарекува стандарден арапски јазик, или литературен јазик. Таа форма е единствена официјална форма на јазикот, која се користи за пишана комуникација, во образованието, власта, медиумите и слично. Јазикот е официјален во 27 држави во светот, но и во важни меѓународни организации, како што се: Африканската Унија, ООН или Арапската лига.

Арапскиот јазик и Исламот[уреди | уреди извор]

Доста често арапскиот јазик се поврзува со Исламот. Класичниот арапски јазик е јазикот на кој е напишан Куранот. Сепак, важно е да се напомене дека јазикот не го зборуваат само муслимани, туку и арапски христијани, евреи и ирачки мандаејанци. Иако повеќето од муслиманите во светот не зборуваат арапски, односно не им е мајчин јазик, сепак добар дел од нив можат да го читаат Куранот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2010" The World's 100 Largest Languages in 2010
  2. Wright, 2001, p. 492.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]