Африканска Унија
Африканска Унија
5 други официјални имиња
|
||||
---|---|---|---|---|
|
||||
Химна: "Let Us All Unite and Celebrate Together" |
||||
![]() Темнозелена: земји-членки
|
||||
Административен центар | Адис Абеба, Етиопија | |||
Работни јазици | арапски англиски шпански француски португалски свахили |
|||
Членство | 55 африкански земји | |||
Лидери | ||||
• | Претседател | Џакаја Киквете | ||
• | Претседател на комисија | Жан Пинг | ||
Основана | ||||
• | како Организација на африканско единство | 25 мај 1963 | ||
• | како Африканска Унија | 9 јули 2002 | ||
Површина | ||||
• | Вкупна | 29.922.059 км2 (1 ва1) | ||
Население | ||||
• | проценка за 2020 г. | 1 321 000 000 | ||
БДП (ПКМ) | проценка за 2020 г. | |||
• | Вкупен | $7,573 трилиони | ||
• | По жител | $5733 | ||
БДП (номинален) | проценка за 2020 г. | |||
• | Вкупно | $2,587 трилиони | ||
• | По жител | $1958 | ||
ИЧР (2019) | 0.548 низок |
|||
Часовен појас | -1 до +4 | |||
НДД | .africa | |||
Страница au.int |
||||
1: Ако се смета за една држава. |
Африканската Унија е меѓународна организација во која членуваат 55 африкански држави. Основана е на 9 јули 2002 година и е создадена од Африканската економска заедница и Организација на африканско единство.[1] Седиштето е во Адис Абеба во Етиопија.
Африканската Унија се стреми да има една валута - афро валута. Исто така се стреми за обединување на воените сили, но и сите други институции на членките. Целта на унијата е да и помогне на демократијата на африканските држави, човековите права и економијата на африканските држави особено преку прекинување на внатрешните конфликти во Африка и создавање на единствен пазар.
Членство
[уреди | уреди извор]Алжир
Ангола
Бенин
Боцвана
Буркина Фасо
Бурунди
Камерун
Зелен ’Рт
Централноафриканска Република
Чад
Комори
Брег на Слоновата Коска
ДР Конго
Република Конго
Џибути
Египет
Екваторска Гвинеја
Еритреја
Етиопија
Габон
Гамбија
Гана
Гвинеја
Гвинеја-Бисао
Кенија
Лесото
Либерија
Либија
Мадагаскар
Малави
Мали
Мароко
Мавританија
Маврициус
Мозамбик
Намибија
Нигер
Нигерија
Руанда
Западна Сахара
Саун Томе и Принсип
Сенегал
Сејшели
Сиера Леоне
Сомалија
ЈАР
Судан
Есватини
Танзанија
Того
Тунис
Уганда
Замбија
Зимбабве
Проблеми на Унијата
[уреди | уреди извор]Африканската унија се соочува со многу проблеми, вклучувајќи ги и проблемите со здравјето како што е на пример маларијата и сидата. Исто така се соочува и со политички проблеми како на пример судар со недемократските општества и режими и многу граѓански војни, економските проблеми како што се проблеми со зголемување на стандардот на живеење, сиромаштијата, неписменоста, еколошки проблеми и проблеми со меѓународни законски акти, а особено деколонизацијата на Западна Сахара.
Економија
[уреди | уреди извор]Комбинацијата на африканските држави во унијата претставува 17 светска економија со БДП од 500 милијарди американски долари, и е веднаш зад Холандија. Со споредна на БДП со ППП, економијата на Африканската Унија брои 1.515 трилиони американски долари и ја рангира Унијата на 11 место веднаш зад Бразил. Во исто време, Унијата има долг од 200 милијарди американски долари.
Целите на Африканската Унија вклучуваат и создавање на единствена трговска зона, потрошувачка унија, единствен пазар, централна банка и монетарен сојуз а особено единствена валута. Плановите за валутата се да се направи единствена валута до крајот на 2023 година.[2].
Јазици на Африканската Унија
[уреди | уреди извор]Во согласност со уставниот акт на Африканската Унија, работни јазици во рамките на Унијата се арапски јазик, англиски јазик, француски јазик и португалски јазик како и африкански јазици ако е можно користење на истите.[3] Со протокол на уставен акт на Унијата прифатен во 2003 (кој сѐ уште не на сила) се додадени шпански јазик, свахили и секој друг африкански јазик и работните шест јазици се именувани како службени јазици.[4] Во праксата, преводот на документите на Африканската Унија на било кој од службените јазици создава значителен застој и потешкотии за развој на бизнисот. Во 2001 година е создадена Африканска академија на јазици за да промовира африкански јазици помеѓу африканското население.
Географија
[уреди | уреди извор]Членките на Африканската Унија ја покриваат речиси сета територија на Африка и неколку острови покрај бреговите на Африка. Географијата на Африка е многу разновидна, меѓу кои и најголемата пустина Сахара, големи и пространи џунгли и савани и најголемата река во светот Нил.
Африканската Унија има површина од 29,922,059 км2 со 24,165 км2 брег. Поголем дел од оваа површина се наоѓа во континентална Африка, а додека сосем мал дел отпаѓа на острови како што се Мадагаскар и некои околни острови и заедно се околу 2% од вкупната површина.
Симболи
[уреди | уреди извор]Грбот на Африканската Унија се состои од златна лента закачен со црвени прстени и палмови листови од околу и формираат круг во кој е претставена Африка со златна боја. Црвените прстени ја претставуваат африканската солидарност и пролиената крв за слобода на Африка од колонизаторите. Палмовите листови го претставуваат мирот во Африка. Златната боја и мотиви го претставуваат богатството на Африка а додека зелената боја ги претставуваат надежта и аспирациите на африканските нации. Африка е претставена без граници како симбол на единството на државите.
Знамето на Африканската Унија е претставено со зелени хоризонтални ленти и тенки златни линии а додека во центарот се наоѓа грбот на Африканската Унија. Исто така и во знамето зелената боја ги претставува надежта и аспирациите на африканските нации а златната боја го претставува богатството на Африка. Боите ги претставуваат панафриканските бои и колорит.
Африканската Унија прифатила нова химна која се вика Let Us All Unite and Celebrate Together или „Ајде сите да се обединиме и прославуваме заедно“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Африканска Унија“ на Ризницата ? |
- Африканска Унија Архивирано на 15 април 2012 г. официјална страница
- Африканска Унија - Мисија во ООН Архивирано на 4 ноември 2012 г.
- Самит на Африканската Унија 2002 Архивирано на 22 октомври 2016 г. во Дурбан, Јужна Африка
- Самит на Африканската Унија 2003 Архивирано на 8 јули 2004 г. во Мапуто, Мозамбик
- African Union Summit 2005 Архивирано на 24 февруари 2008 г. in Sirte, Libya.
- 6th African Union Summit 2006 во Картум, Судан.
- 7th African Union Summit 2006 во Банџул, Гамбија.
- 7th African Union Summit 2006 Архивирано на 27 септември 2007 г. во Банџил, Гамбија, создадена од владата.
- African Economic Community
- BBC Profile: African Union
- Africa turns from instability and conflict to mutual co-operation Jane's Intelligence Review, September 2006 Архивирано на 13 март 2007 г.
- Open Directory Project - African Union Архивирано на 30 септември 2009 г.
- AfriMAP Архивирано на 7 јуни 2007 г.
- Southern Africa Regional Poverty Network Архивирано на 9 јуни 2007 г. страна на Африканската Унија.
- Institute for Security Studies (South Africa) регионални организации
- AU Monitor Архивирано на 8 јуни 2007 г.
- US-Africa.org Архивирано на 19 септември 2010 г.
- African Elections Database
- Africare.org Архивирано на 10 април 2008 г.
- Femmes Africa Solidarité Архивирано на 15 март 2008 г.
- Picture of the African Union Архивирано на 10 мај 2008 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Табо Мбеки (9 јули 2002). „Launch of the African Union, 9 July 2002: Address by the chairperson of the AU, President Thabo Mbeki“. ABSA Stadium, Durban, South Africa: africa-union.org. Архивирано од изворникот на 3 мај 2009.
- ↑ „Profile: African Union“. BBC News. 2006-07-01. Посетено на 2006-07-10.
- ↑ Article 25, Constitutive Act of the African Union.
- ↑ Article 11, Protocol on Amendments to the Constitutive Act of the African Union
|