9 јули
Изглед
9 јули — 190-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (191-и во престапна година). Остануваат 175 денови до крајот на годината. Предлошка:Јули 2026
Настани
[уреди | уреди извор]| 1816 | Во Сан Мигел де Тукуман, денес во Аргентина, започнал со работа Тукуманскиот конгрес кој ја објавил независноста на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата (денес Аргентина). |
| 1873 | Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска. |
| 1877 | Се одржува првиот тениски турнир во Вимблдон. Денес, овој турнир, кој е единствен гренд-слем што се игра на трева, се смета за неофицијално светско првенство на белиот спорт. |
| 1922 | Познатиот американски пливач кој подоцна ќе стане уште попознат филмски глумец откако ќе ја одигра улогата на Тарзан во истоимениот филм - Џони Вајсмилер - станува првиот човек во историјата кој делницата од 100 метри ќе ја преплива за време помало од една минута (58,6 секунди). |
| 1960 | Советскиот водач Никита Хрушчов го предупредува САД да не ја напаѓа Куба зашто во тој случај СССР би интервенирал. |
| 1997 | Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени. |
Родени
[уреди | уреди извор]| 1834 | Јан Неруда — чешки писател и публицист. |
| 1850 | Иван Вазов — бугарски поет. |
| 1937 | Дејвид Ворк Грифит — англиски сликар. |
| 1938 | Петар Башески — македонски поет. |
| 1946 | Радомир Путник — српски писател, драматург и театролог. |
| 1947 | Мич Мичел — англиски тапанар, член на групата Џими Хенрикс експириенс (The Jimmi Hendrix Experience). |
| 1950 | Виктор Јанукович — претседател на Украина. |
| 1952 | Димо Н. Димчев — македонски поет. |
| 1956 | Том Хенкс — американски глумец. |
| 1959 | Џим Кер — шкотски рок-пејач, член на групата Симпл мајндс. |
| 1964 | Кортни Лав — американска рок-пејачка. |
| 1964 | Џанлука Вијали — италијански фудбалер. |
| 1966 | Зоран Терзиќ — српски и југолсовенски одбојкар и тренер. |
| 1967 | Јордан Лечков — бугарски фудбалер. |
| 1968 | Паоло Ди Канјо — италијански фудбалер. |
| 1974 | Никола Ѓуричко — српски глумец. |
| 1978 | Сашка Димитровска — македонска глумица. |
| 1981 | Ристо Арнаудовски — македонски ракометар. |
| 1985 | Ешли Јанг — англиски фудбалер. |
| 1990 | Лукас Лима — бразилски фудбалер. |
| 1990 | Рафаел да Силва — бразилски фудбалер. |
| 1995 | Марко Јанковиќ — црногорски фудбалер. |
| 1997 | Татјана Смит — јужноафриканска пливачка. |
| 2003 | Конор Бредли — северноирски фудбалер. |
Починале
[уреди | уреди извор]| 1441 | Јан ван Ајк — фламански сликар. |
| 1746 | Филип — шпански крал. |
| 1850 | Маргарет Фулер — американска новинарка. |
| 1904 | Славејко Арсов — македонски револуционер. |
| 1913 | Михаил Анагностакос — грчки офицер. |
| 1934 | Иван Хаџи Николов — македонски општественик и револуционер. |
| 1942 | Цветан Димов — народен херој на Македонија; убиен е од бугарските фашисти во Скопје во Обласната полициска управа. |
| 1943 | Иван Горан Ковачиќ — хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ. |
| 1992 | Ханс Ем — најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година. |
| 2001 | Бедри Халими — член на ОНА. |