Михаил Анагностакос
| Михаил Анагностакос | ||
| Роден | 1875
Харија, Грција | |
|---|---|---|
| Починал | 9 јули 1913
Лахна, Грција | |
Михаил или Михалис Анагностакос (Μιχαήλ, Μιχάλης Αναγνωστάκος), познат како капетан Матапас (Καπετάν Ματαπάς), е грчки офицер и деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија[1][2].
Животопис
[уреди | уреди извор]Михаил Анагностакос е роден во селото Харија, областа Мани, Пелопонес, Грција. Достигнал висок чин лајтант на артилеријата во грчка армија, а од 1905 година го раководи андарсткото движење во областа Меглен, Македонија. До почетокот на 1906 година се криел во Ошинскиот манастир, а потоа се префрлил во реонот на Ениџевардарското Езеро.
Михаил се разболеле и се префрлил во реонот на Олимп и Катеринско во 1907 година. Таму се спротивставил на Романската пропаганда во Македонија и соработува со грчкиот митрополит Партениос Вардакас.
Во текот на Првата балканска војна тој раководел со разузнавачки одред и заедно со Александрос Занас го помогнал заземањето на Катерина. На 9 јули 1913 година бил убиен при битката на Лахна во Втората балканска војна [3].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ „Кратка биография на Михаил Анагностакос“. Архивирано од изворникот на 2009-03-27. Посетено на 2010-12-26.
- ↑ „www.mani.org.gr“. Архивирано од изворникот на 2007-11-19. Посетено на 2010-12-26.
- ↑ gym-ritin.pie.sch.gr[мртва врска]