Прејди на содржината

19 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија

19 јули — 200-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (201-и во престапна година). Остануваат 165 денови до крајот на годината.

<< јули >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024
1799  Во текот на походот на Египет група војници на Наполеон го пронашле Каменот од Розета, што му овозможило на Шамполион да ги дешифрира хиероглифите.
1870  Почна француско-пруската војна. Французите беа поразени за неколку месеци, а војната заврши со мировниот договор склучен во Франкфурт, во мај 1871 година.
1900  Во Лајпциг, Аугуст Велер, професор по физиологија, во својот кабинет го прикажа епохалниот изум - кардиографот, кој денеска претставува основа за научно испитување на срцевите заболувања.
1941  Британскиот премиер Винстон Черчил ја започнува кампањата со име „В за победа“ (V for Victory) во текот на Втората светска војна.
1943  Во борбите во Сицилија, сојузниците со ескадрили бомбардери го нападнаа Рим.
1956  водачите на СФР Југославија, Индија и Египет - Јосип Броз Тито, Џавахарлал Нехру и Гамал Абдел Насер ја потпишуваат Брионската декларација за заедничка противблоковска политика, што го означува почетокот на создавањето на Движењето на неврзаните земји.
1967  Македонската православна црква прогласи автокефалност.


1814  Семјуел Колт — творецот на најпознатиот тип на револвери кој и денес го носи неговото презиме.
1819  Готфрид Келер — швајцарско-германски писател.
1834  Едгар Дегафранцуски сликар.
1893  Владимир Мајаковскируски поет.
1898  Херберт Маркузе — германско-американски филозоф, социолог и политички теоретичар.
1900  Арно Брекер — најистакнатиот вајар на Третиот Рајх.
1921  Борка Талескинароден херој на Македонија.
1941  Наталија Бесмертноваруска и советска балерина.
1943  Томас Сарџент — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1946  Илие Настасе — романски тенисер.
1947  Брајан Меј — англиски рок-музичар, најпознат како гитарист на групата „Квин (Queen)“.
1951  Абел Ферара — американски филмски режисер.
1964  Саша Лошиќ — југословенски и босански пејач, член на групата „Плави оркестар (Plavi orkestar)“.
1968  Павел Кука — чешки фудбалер.
1971  Витали Кличко — украински боксер и политичар.
1984  Александар Самедов — руски фудбалер.
1985  Ванче Шиков — македонски фудбалер.
1990  Арон Палмарсон — исландски ракометар.
1995  Марко Рог — хрватски фудбалер.
1995  Мануел Аканџи — швајцарски фудбалер.
1996  Дениз Ундав — германски фудбалер.


Починале

[уреди | уреди извор]
1374  Франческо Петрарка — лирски поет од времето на италијанската предренесанса.
1543  Мери Болејн — сестра на англиската кралица Ана Болејн.
1631  Чезаре Кремонинииталијански филозоф.
1886  Цезарио Верде — португалски поет.
1954  Малина Попиванова — македонска револуционерка.
2010  Стивен Шнајдер — професор по биологија на животната средина.
2010  Енди Хамел — американски поп-рок музичар, член на групата „Биг стар“ (Big Star).
2019  Радомир Смиљаниќ — српски писател.


Празници

[уреди | уреди извор]

19 јули (празници)