Балет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Балерини од Едгар Дега, 1872.

Балетот е формализиран танц со потекло од францускиот двор, подоцна развиен во Франција и Русија како концертна форма на танц. Балетот е танц со висока техничка форма и сопствени изразни средства. Првенствено се изведува со придржба од класична музика. Поради својата техничка сложеност и естетска вредност, балетот се смета за најпрестижна форма на танц, и поради тоа е прифатен ширум светот.

Балетските претстави се кореографирани и вклучуваат мимика, глума и се придружени со музика (обично оркестарска). Првобитната форма на балетот денес се нарекува класична, а покрај тоа постојат и нео-класичен и модерен балет.

Зборот балет потекнува од латинскиот ballare што значи танцување.

Балет[уреди]

Балет е вид на изведувачки танц кој потекнува од италијанските ренесансни палати на 15-от век,подоцна развиен во форма на концертен танц во Франција и Русија.Оттогаш станал широко распространет,и висока техничка форма на танц со свој сопствен речник.Тој бил глобално влијателен и ги дефинирал основните техники кои се користат во многу други жанрови на танц.Балетот исто така може да се однесува и на балетските танцови дејности,кои се состојат од кореографија и музика за балетска продукција.Добро познат пример за ова е “Оревокршачка”,балет во два чина чија прва кореографија била на Мариус Петипа и Лев Иванов со мелодија од Петар Илич Чајковски. Се појавиле стилски варијации и еволуирале од италијанската ренесанса. Раните варијации се главно поврзани со географско потекло.Примери за ова се рускиот,францускиот и италијанскиот балет.Подоцнежните варијации вклучуваат современ и неокласичен балет.Најшироко познатиот и изведен балетски стил е доцниот Романтичен балет,кој е класичен стил кој се фокусира на женските танчери (балерини) и ја истакнува поен техниката, течни и прецизни акробатски движења,и често ги претставува балерините во традиционален,краток бел француски “туту”. Балетите се кореографирани и изведени од страна на обучени уметници,и често се изведуваат во придружба на класична музика.Балетите во почетокот претходеле на пронајдокот на просцениумот(предниот дел на бината) и биле изведувани во големи соби кадешто публиката седела на нивоа или балкони на три страни од подиумот.Модерните балети можат да вклучуваат мимика и глума,и обично се поставени на музика (оркестарска но понекогаш и вокална). За балетот се потребни години на обучување за да се научи и владее,и многу пракса за да се задржи нивото на знаење(искуство).Тој се предава во училишта за балет во целиот свет,кои историски ги користеле нивните сопствени култури за да се развие уметноста.Балетот е темел на многу видови на танц.

Етимологија[уреди]

Зборот балет доаѓа од францускиот јазик и бил позајмен на англиски околу 1630 година.Францускиот збор своето потекло го има во италијанскиот збор “balletto”,деминутив од “ballo”(танц) кој доаѓа од латински “ballo”, “ballare”,што значи “танцува”,кој доаѓа од грчкиот “βαλλίζω”(ballizo), “танцува”, “потскокнува”.

Историја[уреди]

Историјата на балетот започнува во дворците во италијанската ренесанса на 15-от и 16-от век.Брзо се раширил и во дворецот на Катарина Медичи кадешто понатаму бил развиен.Создавањето на класичниот балет како што е познато денес започнало во времето на Луј XIV,кој во својата младост бил страствен танчер и изведувал балети од Пјер Бошамп и Жан-Батист Лали.Во 1661 година Луј ја основал “Académie Royale de Danse”(Кралската танц академија) која била одговорна за воспоставувањето на стандарди за уметноста на танцот и за сертификатот на инструкторите по танц.Во 1672 година по неговото пензионирање од сцената,Луј XIV го поставил Лали за директор на Париската опера “Académie Royale de Musique (Paris Opera)” каде настанала првато професионално балетско здружение, “Paris Opera Ballet”.Овој почеток се рефлектира во доминацијата на францускиот јазик во балетскиот речник. И покрај големите реформи на Жан-Жорж Новер во 18-от век,балетот почнал да пропаѓа во Франција по 1830 година,но продолжил во Данска,Италија и Русија.Тој бил повторно воведен во Западна Европа во пресрет на Првата Светска Војна од страна на руска компанија “Ballets Russes” од страна на Сергеј Дјагилев кој најпосле го издејствувал балетот во целиот свет.Компанијата на Дјагилев станала дестинација за многу руски обучени танчери бегајќи од гладта и немирите кои следеле по Болшевичката револуција.Овие танчери се вратиле во своето место на раѓање на многуте кореографски и стилски иновации кои просперирале во времето на царевите. Во 20-от век,балетот имал силно влијание врз проширувањето на концертниот танц.На пример,во САД,кореографот Џорџ Баланчин го развил она што денес е познато како неокласичен балет.Понатамошните развивања ги вклучуваат современиот балет и пост-структуралниот балет,кои можат да се забележат во работата на Вилијам Форсајт во Германија.Исто така,во 20-от век,балетот се преобрати кон поделба од класичен балет на воведување на современ танц,доведувајќи до модернистички движења и во САД и во Германија.

Стилови[уреди]

Класичен балет[уреди]

Класичниот балет се базира врз традиционалната балетска техника и вокабулар.Постојат различни стилови на класичен балет кои се поврзани со нивните места на потекло,како што се францускиот,италијанскиот и рускиот балет.Неколку од стиловите на класичниот балет се поврзани со специфични методи на обука,кои обично се именувани според нивните создавачи.На пример,методот “Cecchetti” е именуван по неговиот создавач,италијански танчер Енрико Чечети. Неокласичен балет ==Неокласичниот балет== е стил на балет кој е во согласност со техниката и вокабуларот на класичниот балет,но отстапува од класичниот балет преку ваквите разлики како невообичаено брзо темпо на танцот и неговото додавање на нетрадиционални технички подвизи.Меѓупросторот во неокласичниот балет е обично помодерен или комплексен отколку во класичниот балет.Иако организацијата во неокласичниот балет е поразлична,фокусот на структурата е дефинирачка карактеристика на неокласичниот балет. Тим Шол,автор на “Од Петипа до Баланчин”,смета “Аполо” на Џорџ Баланчин во 1928 година да биде првиот неокласичен балет.Аполо претставувал враќање како одговор на апстрактните балети на Сергеј Дјагилев.Баланчин работел со кореограф на модерен танц Марта Греам,проширувајќи ја својата изложеност на современи техники и идеи,и донел модерни танчери во неговата компанија (Њујорк балет) како што е Пол Тејлор,кој во 1959 бил изведувач во “Епизоди” на Баланчин.Во текот на овој период,Глен Тетлеј започнал експериментално да ги комбинира балетот и модерните техники.

Современ балет[уреди]

Современиот балет е вид на танц кој е под влијание и на класичниот и на модерниот танц.Ги вклучува принципите на основната техника и контрола на телото(користејќи ја абдоминалната сила) на класичниот балет,но овозможува поголем опсег на движење од класичниот балет и може да не се придржува до стогите линии на телото или одзивот кој ги вклучува техниката на класичниот балет.Многу од неговите концепти доаѓаат од идеите и иновациите на модерниот танц на 20-от век,вклучувајќи ги работата на под и свиткување на нозете.Овој стил на балет обично се изведува бос. Џорџ Баланчин често се смета дека е првиот пионер на современиот балет преку развојот на неокласичниот балет.Михаил Баришников бил танчерот кој кратко време танцувал за Баланчин,модел за обука за Киров балет.По именувањето на Баришников како уметнички директор на “American Ballet Theatre”во 1980,работел со разни современи кореографи,особено Твајла Тарп.Тарп ја направила кореографијата за “Push Comes To Shove” за АБТ и Баришников во 1976 година;во 1986 година ја создала “In The Upper Room”за нејзината сопствена компанија.Овие две дела се сметаат за иновативни за нивната употреба на јасните модерни движења во комбинација со употребата на шпиц-чевлите и класично обучени танчери-за нивната употреба на современ балет.Тарп исто така работела со компанијата “Joffrey Ballet”,основана во 1957 година од Роберт Џофри.Таа ја направила кореографијата за “Deuce Coupe” за нив во 1973 година,користејќи поп музика и мешавина на модерни и балетски техники. “Joffrey Ballet” продолжила да изведува бројни современи дела,повеќето кореографирани од ко-основачот Џералд Арпино.Денес постојат многу современи балетски компании и кореографи.Во нив спаѓаат Алонзо Кинг и неговата компанија, “Alonzo King's Lines Ballet”; “Complexions Contemporary Ballet”-под раководство на Двајт Роден; “Compañia Nacional de Danza”на Начо Дуато;Вилијам Форсајт кој има работено интензивно со Франкфуртскиот балет и денес ја работи “The Forsythe Company”; и Јиржи Килијан,моментално уметничкиот директор на “Nederlands Dans Theater”(Холандскиот денс театар).Традиционално “класичните” компании,како што се Кировиот балет и Париската опера и балет,редовно извршуваат современи дела.