Танц
Танцот (од герм. Tanz) e вид уметност што се состои од движење на телото, по некој музички ритам.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Околу 15 000 години п.н.е., некои пештерски цртежи од каменото доба во Европа и Африка ги прикажуваат луѓето во положба која би можело да одговара на танц. Во периодот 3000-1000 година п.н.е., старите Египќани со обредни и церемониални танци ги почитувале боговите. Околу 1400 година п.н.е., танцувањето околу бик била омилена забава околу Крит при што луѓето танцувале скокајќи му на грбот и меѓу роговите. Околу 1000 година п.н.е., кинеските шамани со танц ги повикувале боговите да се симнат на земјата. Во периодот 500-400 година п.н.е., спартанците во рамките на воената обука имале и танц, а грчкиот филозоф Сократ тврдел дека „Најдобриот танчер е и воедно најдобриот војник“. Во 150 година п.н.е., Римјаните ги затвориле сите танцови училишта, а римскиот конзул Цицерон тврдел дека „ниту еден човек не танцува доколку не е луд“. Во 400 година п.н.е. се појавиле Кагура-танцовите во јапонските светилишта при што танчерот бил следен од тапани и со лимена музика. Веќе во 1300 година во кралските сали ширум Европа се одржувале балови, додека во 1400 година масовните танци ширум Европа воделе до лудост и до транс. Во Италија, на пример, со танцот „тарантела“ се лекувале луѓето од каснување на отровниот пајак тарантула. Во 1416 година бил објавен првиот европски прирачник за танцот “За уметноста на танцувањето и управувањето со хорови“, додека во 1500 година била прикажана најстарата танцова претстава и облик на балет - „Бало“. Подоцна, во 1600 година, во Италија бил создаден танцот „Катакали“, а во 1635 година, францускиот крал Луј XIV настапувал како четиринаесетгодишник во „Ноќниот балет“. Подоцна, во 1681 година, на жените им било дозволено да танцуваат во балетот. Во 1832 година, Марија Таљони била првата балерина која настапувала на врвовите на прстите, а во 1870 година бил претставен танцот „Кан-Кан“.
Во 1900 година, Изадора Данкан станала првата современа танчарка која ги развила слободните облици на танц. Во периодот 1920-1930 година, „степувањето“ и други видови танц стекнале широка популарност. Во 1927 година, Рудолф фон Лабан го открил методот на бележење на балетските движења со геометриски слики. Во периодот 1930- 1940 година, „Џитербаг“ и „џајв“ станале најпопуларни џез-танци. Во 1933 година, Тед Шон основал машка танчарска група за да ги претстави танчерите во полно светло, а не само како помагачи на танчерките. Во 1945 година, латиноамериканските танци, „самба“, „ча-ча-ча“ и „калипсо“ влегле во кругот на афирмирани танци. Во 1950-1960 година, рокенролот се развил како најпопуларен танц меѓу младите луѓе. Во текот на 1960-1970, во Њујорк, бил создаден постмодерниот танц, полн со експерименти и со импровизации. Во 1970- 1980 година се раширило диско-танцувањето, главно во Европа и во САД. Во 1980-1990 настанал „брејкденсот“ каде играчите се вртат на грб и глава и имитираат движења на робот.
Традиционални танци
[уреди | уреди извор]Повеќето земји во светот си имаат по некој традиционален танц кој се развивал со години. Тие танци, често од верски или племенски обреди се развивале со сложени танцови облици со утврдени движења. Во многу култури, на пример танцувањето доведува до транс за да можат на тој начин да се комуницира со боговите. Во Европа, многу традиционални танци водат потекло од верските обреди. На пример, играњето во круг води потекло од кружењето околу личноста која се почитувала. Во Источна Азија, традиционалните танци се дел од театарските драми, на пример кинеската опера. Јапонските „гагаку“ и „бугака“ се најстарите облици на традиционалните танци во светот. Во Африка, традиционалните танци водат потекло од племенските обреди. Тука се танците во чест на Сонцето и Месечината, танци посветени на оружјето итн. Во Америка, домородците танцуваат на посебни свечености за да ја придобијат наклонетоста на духовите, предците или боговите.
Танчери на 20 век
[уреди | уреди извор]- Мари Рамбер, полска учителка и танчерка која го основала балетот „Рамбер“,
- Маргон Фонтејн и Рудолф Нуреев, најславниот балетски пар во светот,
- Вацлав Нижински, руски класичен танчер,
- Артур Мичел, основач на Танчерскиот театар на Харлем.
Танчерски рекорди
[уреди | уреди извор]Најбрзото степнување го поставил англичанецот Стивен Гер, кој степнувал 32 пати во секунда во 1990 година. Најдолгата конга била супер конгата во Мајами 1988 година. Во неа се вклучиле 119.986 луѓе.
Танчерски занимливости
[уреди | уреди извор]Во северна Африка, стомачните танчерки се вреднуваат според начинот на кој ги движат рамениците. Судиите на ирските натпревари во танцување на жигот седат под сцената за да ја оценат брзината и прецизноста на чекорите на танчерот. „Кејкволк“ е првиот афроамерикански танц кој го преземале и белите Американци. Се развил од танцовиот натпревар во кој обично наградата била колач.
Танцот како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Танцот како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Славен танчер“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.[2]
- „Игранка“ — песна на македонскиот поет Јозо Т. Бошковски од 1981 година.[3]
- „Танц на евнусите“ — песна на индискиот поет Камал Дас.[4]
- „Танчарка на дланка“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[5]
- „Танц на сенките“ - роман на англиската писателка Анџела Картер од 1965 година.[6]
- „Танц“ (шпански: Danza) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[7]
- „Игра“ (шпански: Baile) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.[8]
- „Мермерен танц“ - книга на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес од 1954 година.[9]
- „Пред зелениот танц“ - книга на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес од 1970 година.[9]
Танцот како тема во филмот
[уреди | уреди извор]- „Валкан танц“ - (англиски: Dirty Dancing) - американски музички филм од 1987 година, во режија на Емил Ардолино.[10]
- „Танц со волците“ - (англиски: Dances with wolves) - американски вестерн филм од 1990 година, во режија на Кевин Костнер.[11]
Танцот како мотив во џез-музиката
[уреди | уреди извор]- „Танцував со зомби“ (англиски: I Danced With A Zombie) — песна на американскиот џез-рок музичар Џејмс Вајт (James White) од 1983 година.[12]
- „Танцот на фараонот“ (англиски: Pharaoh's Dance) — композиција на американскиот џез-музичар Мајлс Дејвис (Miles Davis) од 1970 година.[13]
- „Танцување во твојата глава“ (англиски: Dancing In Your Head) — музички албум на американскиот џез-музичар Орнет Коулмен (Ornette Coleman) од 1977 година.[14]
- „Тарантела“ (италијански: Tarantella) - композиција на американската џез-група Лаунџ лизардс (The Lounge Lizards) од 1989 година.[15]
- „Сладок танц на глупакот“ (англиски: Sweet Sucker Dance) - песна на американскиот џез-музичар Чарлс Мингус (Charles Mingus).[16]
Танцот како тема во популарната музика
[уреди | уреди извор]● ,,Танцувањето во групи"(англиски:Dancing of group)-спаѓа во тема на популарна музика од 2024.[2]
- „Танцувам со солзи во очите“ (англиски: Dancing with tears in my eyes) - песна на англиската поп-група Алтравокс (Ultarvox) од 1984 година.[17]
- „Танцување“ (англиски: Dancing) - песна на британската рок-група Баухаус од 1981 година.[18]
- „Треба да танцуваш“ (англиски: You Should Be Dancing) - песна на американската поп-група Би Џиз (Bee Gees) од 1977 година.[19]
- „За танчерот“ (англиски: For a Dancer) - песна на американскиот рок-музичар Џексон Браун (Jackson Browne) од 1974 година.[20]
- „Румба со три девојки“ (англиски: Three Girl Rhumba) — песна на англиската панк-рок група Wire од 1977 година.[21]
- „Месечев танц“ (англиски: Moondance) - песна од истоимениот албум на ирскиот музичар Ван Морисон (Van Morrison) од 1970 година.[22]
- „Танц на џуџињата“ (германски: Tanz der Zwergen) - песна на македонската рок-група Д Џон (The John).[23]
- „Глупак кој танцува“ (англиски: Dancin' Fool) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа (Frank Zappa).[24]
- „Танц со судирање“ (англиски: Crash Dance') — песна на швајцарската електро-поп група Јело (Yello) од 1983 година.[25]
- „Огнени танци“ (англиски: Fire Dances) — музички албум на британската рок-група Килинг џоук (Killing Joke) од 1983 година.[26]
- „Забрането танцување“ (англиски: No Dancing) — песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1977 година.[27]
- „Тнц на таинственоста“ (англиски: Mystery Dance) — песна на Елвис Костело од 1977 година.[27]
- „Танцување на мраз“ (англиски: Dancing On Glass) - песна на британската рок-група Кричрс (The Creatures) од 1983 година.[28]
- „Ајде да танцуваме“ (англиски: Let's dance) - песна на американскиот композитор и продуцент Џим Ли (Jim Lee).[29]
- „Не знаеш да танцуваш“ (англиски: You Can't Dance) - песна на американскиот рапер ЛЛ Кул Ј (LL Cool J).[30]
- „Последен танц“ (англиски: Last Dance) — песна на британската рок-група Меконс (Mekons) од 1985 година.[31]
- „Љубовен танц“ (англиски: Love Dance) - песна на американската рок-група Минитмен (Minutemen) од 1984 година.[32]
- „Бохо танц“ (англиски: The Boho Dance) — песна на канадската поп-музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1975 година.[33]
- „Танцувај“ (англиски: Dance) - песна на британската рок-група Моторхед (Motörhead) од 1980 година.[34]
- „Валкано танцување“ (англиски: Dirty Dancin') — песна на американскиот рапер Ol' Dirty Bastard од 1995 година.[35]
- „Не знам да играм“ (англиски: I Can't Dance) — песна на американскиот кантри-пејач Грем Парсонс (Gram Parsons) од 1974 година.[36]
- „Модерен танц“ (англиски: The Modern Dance) — песна од истоимениот музички албум на американската рок-група Pere Ubu од 1978 година.[37]
- „Танцување на ѕвезда“ (англиски: Dancing On A Star) — песна на британската рок-група Прем (Pram) од 1995 година.[38]
- „Ние танцуваме“ (хрватски: Mi plešemo) — песна на хрватската рок-група Прљаво казалиште.[39]
- „Се плашам да танцувам“ (англиски: Scared to Dance) — песна од истоимениот музички албум на шкотската рок-група Скидс од 1979 година.[40]
- „Танцувај на музиката“ (англиски: Dance to the music) — песна на американската соул-група Слај енд д фемили Стоун (Sly and the Family Stone) од 1968 година.[41]
- „Танц на духовите“ (англиски: Ghost Dance) — песна на американската рок-музичарка Пати Смит од 1978 година.[42]
- „Танцувај“ (англиски: Dance) — песна на американската музичка група Suicide од 1977 година.[43]
- „Жртви на танцот“ (англиски: Victims Of The Dance) — песна на американската музичка група Таксидомун (Tuxedomoon) од 1981 година.[44]
- „Приватна танчерка“ (англиски: Private Dancer) — песна на американската поп-пејачка Тина Тарнер (Tina Turner) од 1984 година.[45]
- „Вселенски танчер“ (англиски: Cosmic Dancer) — песна на британската рок-група Т. Рекс (T.Rex) од 1971 година.[46]
- „Танцувај со мене“ (англиски: Dance With Me) — песна од истоимениот музички албум на американската хард-кор група Т.С.О.Л. (T.S.O.L.) од 1981 година.[47]
- „Танц на седумте превези“ (англиски: Dance Of The Seven Veils) — песна на американската рок-музичарка Лиз Фер (Liz Phair) од 1993 година.[48]
- „Замисли го животот во ритамот на танцовата музика“ (хрватски: Zamisli život u ritmu muzike za ples) — песна на хрватската рок-група Филм.[39]
- „Душевна сала за танцување“ (англиски: Psykick Dancehall) - песна на британската рок-група Фол од 1979 година.[49]
- „Последна прилика за бавен танц“ (англиски: Last Chance For A Slow Dance) - песна на американската рок-група Фугази (Fugazi) од 1993 година.[50]
- „Стомачната танчерка Дина“ (англиски: Belly Dancin' Dina) - песна на американска рап-група Џангл брадерс (Jungle Brothers) од 1989 година.[51]
- „Нон-стоп танцување“ (англиски: Non-Stop Dancing) - песна на британската рок-група Џем (The Jam) од 1977 година.[52]
- „Танцувам со себеси“ (англиски: Dancing with Myself) - песна на англиската панк-група Џенерејшн Х (Generation X) од 1980 година.[53]
- „Танцувајќи со месечевиот витез“ (англиски: Dancing With The Moonlit Knight) - песна на британската рок-група Џенезис (Genesis) од 1973 година.[54]
- „Голи танчерки“ (англиски: Dancing Naked Ladies) - песна на американската рок-група Џизас лизард (The Jesus Lizard) од 1992 година.[55]
- „Салсација“ (англиски: Salsation) - песна на американскиот музичар Дејвид Шаер (David Shire) од 1977 година.[19]
- „Моите стапала продолжуваат да танцуваат“ (англиски: My Feet Keep Dancing) — песна на американската музичка група Шик (Chic) од 1979 година.[56]
- „Танцувајќи со солзи во очите“ (англиски: Dancing With Tears In My Eyes) — песна на американската рок-група X од 1982 година.[57]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ britannica
- ↑ 2,0 2,1 Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 69.
- ↑ Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981, стр. 33.
- ↑ Блаже Конески, Црн овен. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 59.
- ↑ Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 43-45-47.
- ↑ Andžela Karter, Ljubav. Novi Sad: Svetovi, 1991.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 39.
- ↑ Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 50.
- ↑ 9,0 9,1 Антoлогија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 281.
- ↑ IMDB, Dirty Dancing (1987) (пристапено на 16.12.2017)
- ↑ „amovie12092 www.allmovie.com“. Архивирано од изворникот на 2013-01-01. Посетено на 2017-04-02.
- ↑ DISCOGS, James White (2) – James White's Flaming Demonics (пристапено на 7.9.2021)
- ↑ Miles Davis – Bitches Brew (пристапено на 25.6.2022)
- ↑ YouTube, Ornette Coleman - Dancing In Your Head (1977) (пристапено на 12.9.2022)
- ↑ Discogs, Lounge Lizards – Voice Of Chunk (пристапено на 9.1.2021).
- ↑ Discogs, Joni Mitchell – Mingus (пристапено на 31.1.2021)
- ↑ YouTube, Ultravox - Dancing With Tears In My Eyes (1984) (пристапено на 1.7.2017)
- ↑ Bauhaus, Mask, Beggars Banquet BBL 29CD.
- ↑ 19,0 19,1 Discogs, Various – Saturday Night Fever (The Original Movie Sound Track) (пристапено на 31.3.2019)
- ↑ DISCOGS, Jackson Browne – Late For The Sky (пристапено на 3.3.2019)
- ↑ Discogs, Wire – Pink Flag (пристапено на 9.10.2021)
- ↑ YouTube, Van Morrison - Moondance Full Album (Vinyl) (пристапено на 24.12.2017)
- ↑ The John & Space Rebel Gang, PMG Recordings #99.
- ↑ DISCOGS, Frank Zappa – Strictly Commercial (The Best Of Frank Zappa) (пристапено на 31.5.2021)
- ↑ Discogs, Yello – You Gotta Say Yes To Another Excess (пристапено на 4.6.2021)
- ↑ Killing Joke – Fire Dances (пристапено на 25.1.2023)
- ↑ 27,0 27,1 DISCOGS, Elvis Costello – My Aim Is True (пристапено на 13.5.2022)
- ↑ DISCOGS, The Creatures – Feast (пристапено на 16.8.2021)
- ↑ Discogs, Ramones – Ramones (пристапено на 26.2.2021)
- ↑ YouTube, You Can't Dance - LL Cool J ( Lyrics ) (пристапено на 12.10.2017)
- ↑ Mekons* – Fear And Whiskey (пристапено на 26.2.2024)
- ↑ Discogs, Minutemen – Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)
- ↑ Joni Mitchell – The Hissing Of Summer Lawns (пристапено на 26.4.2023)
- ↑ Motörhead – Ace Of Spades (пристапено на 14.4.2023)
- ↑ Ol' Dirty Bastard – Return To The 36 Chambers: The Dirty Version (пристапено на 22.5.2023)
- ↑ YouTube, I Can't Dance - Gram Parsons (посетена на 27.3.2020)
- ↑ Discogs, Pere Ubu – The Modern Dance (пристапено на 25.2.2021)
- ↑ Pram – Helium (пристапено на 1 ноември 2023)
- ↑ 39,0 39,1 Novi val osamdesetih, City records, CD 000 395, 2005.
- ↑ Skids – Scared To Dance (пристапено на 4.12.2023)
- ↑ YouTube, Sly & The Family Stone - Dance To The Music (Audio) (пристапено на 1.7.2017)
- ↑ Patti Smith Group – Easter (пристапено на 24.10.2023)
- ↑ YouTube Suicide - Dance (пристапено на 5.5.2021)
- ↑ DISCOGS, Tuxedomoon – Desire (пристапено на 9.5.2021)
- ↑ YouTube, Tina Turner-Private Dancer (пристапено на 1.7.2017)
- ↑ DISCOGS, T. Rex – Electric Warrior (пристапено на 8.3.2018)
- ↑ T.S.O.L. – Dance With Me (пристапено на 24.2.2024)
- ↑ Discogs, Liz Phair – Exile In Guyville (пристапено на 30.9.2019)
- ↑ Discogs, The Fall – Dragnet (пристапено на 8.10.2020)
- ↑ DISCOGS, Fugazi – In On The Kill Taker (пристапено на 21.8.2020)
- ↑ Discogs, Jungle Brothers – Done By The Forces Of Nature (пристапено на 30 март 2021)
- ↑ YouTube, The Jam - In the City (Full Album) 1977 (пристапено на 16.12.2017)
- ↑ YouTube, Dancing With Myself - Generation X (пристапено на 1.7.2017)
- ↑ DISCOGS, Genesis – Selling England By The Pound (пристапено на 21.11.2020)
- ↑ Discogs, The Jesus Lizard – Liar (пристапено на 17.12.2020)
- ↑ Chic – Risqué (посетено на 25 мај 2022)
- ↑ X (5) – Under The Big Black Sun (пристапено на 16.12.2023)
„Танц“ на Ризницата ? |
|