Анџела Картер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анџела Картер
Angela Carter
Angela Carter 1940-1992 Writer lived here from 1976.jpg
Роден/аАнџела Олива Сталкер
7 мај 1940(1940-05-07)
Истборн, Англија
Починат/а16 февруари 1992(1992-02-16) (возр. 51)
Лондон, Англија
ЗанимањеРоманописец, раскажувач, поет, новинар
НационалностБританска
Апсолвент наУниверзитетот во Бристолl
Сопруг/аПол Картер
Деца1
мрежно место
angelacarter.co.uk

Анџела Картер (англиски: Angela Carter, 1940-1992) - англиска писателка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Картер го поминала раното детство со бабата и во тој период се борела со анорексијата. Подоцна, успешно студирала англиска книжевност на Универзитетот во Бристол.[1][2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Творештвото на Картер се состои од повеќе романи, неколку збирки со кратки раскази и со есеи, преводи на бајките на Шарл Перо, како и многу песни и статии. Во 1965 година го објавила првиот роман „Танц на сенките“ (Shadow Dance) кој бил позитивно оценет од критичарите, кои ја прогласиле во редот на најоригиналните британски млади писатели.[2] Таа е позната по своите феминистички ставови, магискиот реализам и живописниот стил на нејзините романи и раскази.[1] Картер е добитничка на неколку награди меѓу кои се издвојуваат наградата „Сомерсет Мом“ и Челтенехемовата награда за збирката „Крвава соба“.[2] Нејзини поважни дела се:[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 31.
  2. 2,0 2,1 2,2 Andžela Karter, Ljubav. Novi Sad: Svetovi, 1991.