Фол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фол и Херакло

Фол (јазик грчки|Pholos) (јазик латински|Pholus) - Еден од кентаурите, получовек - полукоњ, син на Дионисовиот придружник на Силен и нимфата Мелије.

Митологија[уреди | уреди извор]

Фол за разлика од сите свои другари кентаури, кои биле прилично необразовани и диви се одликувал со мудрост. Бил голем пријател на најголемиот јунак во грчките митови, Херакле.

Кога по наредба на микенскиот крал Еуристеј, Херакло заминал во лов на еримантски вепар, застанал кај својот пријател кентаурот Фол.

Фол во чест на доаѓањето на Херакло приредил голема гозба и отворил големо буре вино. Виното било сопственост на сите кентаури, и кога мирисот на виното се проширил по околината, останатите кентаури дотрчале и ја нападнале куќата во која живеел Фол, за да го спасат своето вино.

Херакло го бранел Фол и со огнени цепанки ги измавал кентаурите се до Пелопонез, каде тие се сокриле во Хироновата пештера на Мелејскиот 'рт.

Скриени во пештерата, Херакло со отровни стрели ги гаѓал кентаурите, а една од стрелите по несреќен случај го погодила и неговиот голем пријател, уште еден мудар кентаур, Хирон. Иако Херакло се трудел да го излечи Хирон, тоа не му успело бидејќи стрелите биле натопени со отров од жолчка на Хидра, а против тој отрова немало лек.

  • Од тоа време за случајни трагични последици се вели - „Фолово гостопримство“.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб. стр. 108. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]