Рокенрол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Рокенрол, (англ. rock and roll = нишкање и свивање) исто така наречен рок, е форма на популарна музика, обично со вокали (често со вокална хармонија), електрични гитари и силен ритам; други инструменти како саксофон се чести во некои стилови. Рокенролот настанал како мешавина на повеќе мултикултурни жанрови, како блуз, џез, госпел и кантри.

Како културен феномен, општественото влијание на рокот низ светот е без паралела меѓу видовите на музика. Неговата прифатливост произлегува и од неговата мултикултурна основа. За рокенролот се смета дека завршувал војни и ширел мир и толеранција, како и дека ги расипувал невините и ширел морален гнилеж. Рокот, роден во САД во 1940-тите, има станато популарен низ целиот свет и има еволуирано во повеќе различни стилови. Во рамките на рокенролот спаѓаат и голем број на под-правци како хеви метал, хард рок, панк, итн.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]