Блуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Блузот е вокален и инструментален облик на музика чии корени потекнуваат од америчката музика во 19 век. Во првите децении на предходниот век музиката продира најпрвин во америка а подоцна и во рамките на светската култура.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите описи на блузот како вид музика можат да се пронајдат дури во текстовите на некои патописци кои при своите патувања во Aмерика ритмичната музика наречена „блуз“ ја опишувале како музика на Афроамериканците кои слушајки ја музиката си ја олеснувале работата на плантажите. Меѓу првитѓе објавени Блуз композиции со текст и потпис од авторот се смета делото „Мемфис блуз“ од Вилијам Кристофер Хенди кои е познат и под името татко на блузот од 1912 година. Во 1926 година ја објавува својата блуз антологија која е веројатно првиот обид за документирање на вкупниот блуз.Преку делата на Хенди блузот пристигнува во Европа и тоа благодарение на америчките воени оркестри кои ги придружувале америчките војски за време на првата светска војна. Така во Европа почнува да се развива стилски блуз а меѓу првите кои го прифаќаат блузот се францускиот копмпозитор Дариус Милхауд и Морис Равел. Во 1920 година е издадена плочата со Мами Смит кој представува првата грамафонска снимка од црн изведувач на блуз. Првите песни постигнуваат релативен успех па се снимаат други две песни „ Crazy Blues “, „ It's Right Here For You“, „ If You Don't Get It “, „ Аin't No Fault of Mine “ кои постигнуваат општ успех и со тоа започнува ерата на класичниот блуз карактеристична по блуз пеачите кои се пратени од џез музичари како што се Кинг Оливер, Луис Армстронг, Чарли Грин и др.


Урбаниот велеградски блуз се развива во Црнечките заедници после втората светска војна како самостојна блуз-уметност која во почетокот немала никакви врски со џезот или со забавната музика а со времето наместо "Race Records" се претвара во "Rhythm and Blues" и е подлога за нов музички жанр од 1950-ите односно - Rock and roll.

Во блузот доминираат љубовните теми пишувани во музички форми од по 12 такта и според текст поделен на строфи од по три стиха при кои нај4есто вториот стих е идентичен на првиот.

Пр: Woke up this morning with the blues down in my soul Woke up this morning with the blues down in my soul Saying "My baby gone and left me, got a heart as black as coal

Во блузот ретко се пее за среќата или задоволството, тоа е поезија за желбата, разделбата, и очекувањата. Говори за љубовта меѓу зрелите луѓе, чија љубов или едноставна поврзаност настанала заедно со годините.



Ран кантри блуз: Barbecue Bob (1902.-1931.) Blind Blake (1893.-1933.) Big Bill Broonzy (1893./1898.-1958.) Ida Cox (1896.-1967.) Gary Davis (1896.-1972.) Sleepy John Estes (1904.-1977.) Blind Boy Fuller (1908.-1941.) Jesse Fuller (1896.-1976.) Son House (1886./1902.-1988.) Alberta Hunter (1895.-1984.) Mississippi John Hurt (1893.-1966.) Skip James (1902.-1969.) Blind Lemon Jefferson (1893.-1929.) Blind Willie Johnson (1902.-1945.) Lonnie Johnson (1894.-1970.) Robert Johnson (1909./1912.-1938) Tommy Johnson (1896.-1956.) Louis Jordan (1908.-1975) Leadbelly (1885.-1949.) Furry Lewis (1899.-1981.) Mance Lipscomb (1895.-1976.) Cripple Clarence Lofton Fred McDowell (1904.-1972.) Brownie McGhee (1915.-1996.) Blind Willie McTell (1901.-1959.) Memphis Blues Band The Memphis Jug Band Big Maceo Merriweather Memphis Minnie (1897.-1973.) Charlie Patton (1893.-1934.) Ma Rainey (1886.-1939) Tampa Red (1904.-1981.) Bessie Smith (1894.-1937.) Mamie Smith (1883.-1946) Victoria Spivey Frank Stokes (1888.-1955.) Sonny Terry (1911-1986.) Bessie Tucker Sippie Wallace (1898-1986) Washboard Sam Peetie Wheatstraw (1902.-1941) Bukka White (1909.-1977.) Josh White (1914. ili 1915.-1969.) Sonny Boy Williamson I (1914.-1948.)



Ран урбан блуз: Gladys Bentley (1907.-1960.) Lucille Bogan (1897.-1948.) Thomas A. Dorsey (1899.-2099.) Lil Green (1919.-1954.) Lucille Hegamin (1894.-1970.) Alberta Hunter (1895.-1984.) Ma Rainey (1886.-1939.) Clara Smith (1894.-1935.) Mamie Smith (1883.-1946) Bessie Smith (1894.-1937.) Ethel Waters (1896-1977.)


Блузот во рокот во касните шеесетти

Allman Brothers Band The Animals Captain Beefheart Canned Heat Cream Creedence Clearwater Revival Fleetwood Mac Free Hot Tuna Jimi Hendrix Johnny Winter Raj Kuder Humble Pie Janis Joplin (1943.-1970.) Alexis Korner Led zepelin John Mayall & the Blues breakers The Rolling Stones The Fabulous Thunderbirds Santana Taste i Rory Gallagher Ten Years After Van Morrison The Yardbirds ZZ Top