Саксофон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саксофон
алт саксофон во E♭
алт саксофон во E♭
алт саксофон во E♭
Класификација
Скала
Сродни инструменти

Саксофонот, или Сакс (Sax), е дрвен дувачки инструмент, иако како и флаутата, е направен од метал, но според изведувачката техника и градба припаѓа на оваа фамилија, на која ѝ се придружил дури во половината на 19. век. Наречен е според својот градител Адолф Сакс (Adolphe Sax).

Градба[уреди | уреди извор]

Адолф Сакс ги комбинирал искуствата од дотагашните инструменти, па саксофонот има усник како и кларинетот – со просто јазиче од трска, механизмот и техниката на прстите му се најслични на обоата, а звукот на фаготот (чиј висок регистар и се нарекува ”саксофонски”). Саксофонот се гради во цела низа регистри, од најдлабока до највисока звучност, но најчести се алт-, тенор-, а донекаде може да се каже и сопран- и баритон-саксофон. Повеќето варијанти имаат права цевка, па личат на лимената обоа или кларинетот. Кај другите цевката е карактеристично свиткана во почетокот и завршетокот, со издолжена инка подигната нагоре.

Саксофонот е конструиран за потребите на воената музика и во некои западноевропски земји таа функција ја има и денес. Во симфониските оркестри и во уметничката музика се користи сразмерно ретко (Морис Равел - Болеро (сопран in B и тенор in B), Модест Петрович Мусоргски - Слики од изложбата - во оркестрација на Морис Равел (алт in E♭), Бенџамин Бритен - Simfonia da Requiem (алт in E♭), Микис Теодоракис - Гркот Зорба (алт in B) и други), но во ансамблите за забавна музика, посебно во џезот, многу е истакнат, со цела низа значајни солисти-виртуози.

Саксофонот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Саксофонска песна“ (The Saxophone Song) - песна на англиската пејачка Кејт Буш (Kate Bush) од 1978 година.[1]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]