Фугази

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фугази
настап на Фугази (2002)
настап на Фугази (2002)
Основни податоци
ПотеклоВашингтонСАД
Жанр(ови)пост-хардкор
Години активност1987 - 2003 (неодредена пауза)
Прод. куќа/ќиДискорд
Сродни групиAtaxia, Girls Against Boys, Embrace, The Evens, Minor Threat, Rites of Spring, The Teen Idles, One Last Wish, Happy Go Licky, Egg Hunt, Skewbald/Grand Union, Pailhead
Веб-местоdischord.com/band/fugazi
Членови
Ги Пичиото
Јан Мекеј
Џо Лели
Брендон Канти
Некогашни членови
Колин Сирс
Значаен/јни инструмент(и)
Gibson SG
Rickenbacker 330
Music Man Stingray

Фугази (англиски: Fugazi) е американска пост-хардкор група, формирана во Вашингтон во 1987 година. Постојани членови на групата се: гитаристите и вокалисти Јан Мекеј и Ги Пичиото, басистот Џо Лели и тапанарот Брендон Канти. „Фугази“ се познати по нивниот DIY етички став, начин на деловна практика и презир кон музичката индустрија.[1] Фугази имаат направено бројни светски турнеи, имаат издадено шест студиски албуми, филм и снимки во живо добивајќи позитивна критика и успех во целиот свет. Фугази се наоѓаат на неодредена пауза од 2003 година.[2]

Настапи во живо[уреди | уреди извор]

Помеѓу 1987 и 2003 година, Фугази отсвириле над 1000 концерти во сите 50 држави во САД и во многу други низ целиот свет. Над 800 од овие концерти биле снимени од страна на инженерите за звук на бендот. Во 2005 и 2006 година Фугази издадоа 30 компакт дискови со настапи во живо на кои настапуваат во различни точки во нивната кариера. Подоцна снимките од нивните концерти беа достапни и на интернет.[3]

Mузички стил и влијанија[уреди | уреди извор]

Музиката на Фугази претставува намерно отстапување од онаа на [[хардкор]-групите. Иако јасно вкоренета во панк и хардкор-музиката, во музиката на Фугази лесно се препознаваат и фанк и реге елементи, неправилни старт-стоп структури на песните и „тешки“ рифови инспирирани од групите како што се Лед Џепелин и Квин кои биле омаловажувани од панк и хардкор сцената.

Членови[уреди | уреди извор]

Сегашни членови
Членови кои учествувале на турнеи

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Fugazi“. TrouserPress.com. Посетено на 2011-07-15.
  2. Perlah, Jeff. "The Independent". Guitar World март 2002.
  3. „Fugazi Rises Again, In Online Archive“. New York Times. 2011-11-25. Посетено на 2011-11-28.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]