Тапани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тапан користен од 1823

Тапаните се дел од ударната група на инструменти, а технички се класифицираат како мембранофони. Тапанот е составен од мембрана, која е растегната преку школка и доволно затегната за да произведе звук кога врз нејзе се врши притисок. Тапанот е направен од буково, оревово или костеново дрво и покриен со штавена овча или козја кожа од двете страни. Кожите се оптегнати преку два обрача и се затегнати со јажиња кои дијагонално одат од едниот до другиот обрач. Тапанот е најстариот музички инструмент, и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници години. Тапаните не можат да се штимаат, и звукот кој го произведуваат се одликува според физичкиот дизајн на самиот инструмент. Сепак тие се делат на долни и горни тонски тапани, а музичарите често користат комбинација од неколку тапани со цел да произведат музичка композиција.

Употреба[уреди | уреди извор]

Најголемиот број тапани се свират со помош на раце, палици, четкици за тапани и др. Во многу традиционални култури, тапаните имаат симболична функција и се често користени во религиозни церемонии. Тие се користат и во музичката терапија, бидејќи нивната тактичка природа има разни влијанија врз човечката психа. Во подрачјето на популарната музика и џезот, тие се користат за изведување на музички композиции. Тапанџијата го чува тапанот нарамен со ремен во малку наведната положба за да може да удира со кукудата од едната страна, а со прачката од другата. Овој начин на свирење резултира во мешавина од длабоки и високи звуци, со комплексен ритам и непредвидлив ритмички израз. Тапанот ретко се користи како соло инструмент. Обично се свири заедно со други инструменти, особено со зурли. Тапанот е предвиден да ја издржи тежината на возрасен човек при изведбата на народни игри и ора. Кожите се затегаат со нагорно повлекување на јажињата, едно по едно.

Историја[уреди | уреди извор]

Во минатото тапаните не биле користени исклучиво само заради нивните музички квалитети, туку и како средство за комуникација, преку однапред определени сигнали. Во Африка тие се користеле за комуникација на големи далечини. Во Шри Ланка, тапаните биле користени за комуникација помеѓу државата и нејзините граѓани. Јапонските трупи ги користеле тапаните за мотивација на војниците, за да создадат такт и ред во марширањето. Најстарите познати тапани датираат од 6000 пред нашата ера.

Типови на тапани[уреди | уреди извор]

Тапаните како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Труби и тапан“ — песна на рускиот поет Виктор Кривулин од 2001 година.[1]
  • „Тапанска песна“ (руски: Барабанная песня) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1923 година.[2]
  • „Непоправљив бубњар у душа“ — краток расказ на македонскиот писател Сашо Стефановски (под псевдонимот Џанго Помалиот).[3]
  • „Барабаните на Оринџ, Тирон, 1966“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.[4]
  • „Тапан“ (англиски: The Drum) — песна на американската рок-група Бонгвотер (Bongwater) од 1989 година.[5]
  • „Тапанот што зборува“ (англиски: The Talking Drum) - песна на британската рок-група King Crimson од 1973 година.[6]
  • „Музета и тапани“ (англиски: Musette And Drums) — песна на шкотската рок-група Кокто Твинс (Cocteau Twins) од 1983 година.[7]
  • „Таа тропа на тапани“ (англиски: She Bangs The Drums) — песна на британската рок-група Стоун Роузис (The Stone Roses) од 1988 година.[8]
  • „Не ми треба тапан“ (англиски: Don't Need A Drum) — песна на британската рок-група Teenage Fanclub од 1990 година.[9]
  • „Да му оставиме нешто на тапанарот“ (англиски: Let The Drummer Have Some) — песна на американската рок група fIREHOSE од 1989 година.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 160.
  2. Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 116-118.
  3. Џанго Помалиот, Намали малце чалам. Скопје: Темплум, 2018, стр. 24-25.
  4. Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 65.
  5. DISCOGS, Bongwater – Too Much Sleep (пристапено на 1 јули 2021)
  6. King Crimson – Larks' Tongues In Aspic (пристапено на 30.1.2023)
  7. Discogs, Cocteau Twins ‎– Head Over Heels (пристапено на 9.5.2020)
  8. Discogs, The Stone Roses ‎– The Stone Roses (пристапено на 30.7.2019)
  9. Discogs, Teenage Fanclub ‎– A Catholic Education (пристапено на 16.5.2021)
  10. DISCOGS, fIREHOSE – fROMOHIO (пристапено на 24.6.2021)