Притисок
Притисок | |
---|---|
Симболи | p, P |
SI-единица | Паскал (Pa) |
Во основни единици | 1 N/m2 or 1 kg/(m·s2) |
Изведенки од други величини | p = F / A |

Притисок (симбол: p or P) е сила применета нормално на површината на едно тело за единица површина на која е распределена таа сила. Баждарниот притисок е притисокот релативен на амбиенталниот притисок.
Се користат различни мерни единици за притисокот. Некои од овие единици се добиени како сила на единица површина, во SI единица на притисок е паскал (Pa), што е всушност еден њутн на квадратен метар. Притисокот исто така може да биде изразен и преку стандардениот атмосферски притисок, со мерна единица атмосфера (atm) и е еднаков со овој притисок и торсе дефинира како 1⁄760 од овој притисок. Манометричните единици како што се сантиметри вода, милиметри жива се користат за да искажат притисоци во однос на висината на столб на одредена течност во манометар.
Дефинирање
[уреди | уреди извор]Притисок е количество сила на единица плоштина. Симболот со кој се означува е p или P. Од Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија препорачуваат симболот за притисок да е мало p. Сепак, големо P е во широка употреба.
Равенка
[уреди | уреди извор]Сврзани променливи во термодинамиката | |
---|---|
Притисок | Зафатнина |
(Напрегање) | (Истегнување) |
Температура | Ентропија |
Хемиски потенцијал | Честичен број |

Математички:
каде:
- е притисок,
- нормална сила,
- плоштина врз која што силата дејствува.
Притисокот е скаларна величина. Ги поврзува нормалниот вектор на рамнината со нормалната сила што дејстува на истата рамнина. Притисокот е константа на пропорционалност меѓу овие два вектора:
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Introduction to Fluid Statics and Dynamics on Project PHYSNET
- Pressure being a scalar quantity Архивирано на 6 јануари 2010 г.
|