Јозо Т. Бошковски - Јон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 14 јануари 1933
Македонија Острилци, Крушевско

Јозо Т. Бошковски - Јон (Острилци, Крушевско, 14 јануари 1933 - Скопје, 2 април 2008) бил македонски поет, раскажувач, есеист, преведувач и сликар.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Јозо Бошковски е роден во с. Острилци, Крушевско на 14 јануари 1933 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како новинар во Македонската телевизија. Почесен член на Европската академија. Член на ДПМ од 1965 година.

Добитник на наградата Гран При на Медитеранот, Мадрид, 1980, на анонимниот конкурс на Европската академија за литература и уметност, со седиште во Неапол, Италија. Тогаш му беше доделена титулата Академик Поет и беше примен за почесен член на Европската академија. Починал на 4 април 2008 година во Скопје, но почива во родното село.[2]

Објавени книги[уреди | уреди извор]

  • Бој со гадурии (поезија, 1963)
  • Активен поет - говорник (поезија, 1966)
  • Македонска трагедија (поетска драма, 1966)
  • Цветовина (поезија и цртежи, 1969)
  • Мудроста на сонцето - Знаја - крајни консекфенции (поезија, есеи и цртежи, 1976)
  • Умиште - глава на вселената (монографија, 1980 )
  • Вечна река (поезија, 1980)
  • Деца и цвеќиња (поезија за деца, 1981)
  • Тга за југ (антологија на македонската поезија, Индија, 1981)
  • Осветлен човек (поезија, 1984)
  • Црна поезија (1984)
  • Светла на вселената (поезија, 1989)
  • Умиште (монографија, 1990)
  • Големата експлозија (поезија и есеи, 1992)
  • Лек против смртта (поезија и есеи, 1994)
  • Скопската овца (раскази, 1996)
  • Умжарт (поезија, 1998)
  • Атлантида вистинската и Македонија - високоцветна Македонија (историја и поезија, 1998)
  • Триумф на материјата (естетика - водич, 2000)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 44.
  2. ПОСЛЕДЕН ЗБОР Јозо Т. Бошковски - Јон“, Утрински Весник, петок, 04 април 2008 (посет. 17 октомври 2010 г). (на македонски)