Прејди на содржината

Лижија Фагундес Телес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лижија Фагундес Телес (2011)

Лижија Фагундес Телес (португалски: Lygia Fagundes Telles; 19 април 1923 3 април 2022 ) — бразилска писателка.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Лижија Телес е родена во Саун Пауло, во богато семејство, што ѝ овозможило да стекне врвно образование. Дипломирала право на Универзитетот во Саун Пауло. Во 2001 година, таа станала почесен доктор на Универзитетот на Бразилија, подоцна станала и почесна членка на Бразилската книжевна академија, како втора жена (по Ракел де Кеироз) која била примена во членството.[1][2]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Телес е позната како автор на бројни раскази, а пишувала и романи. Нејзината прва збирка раскази, „Подрумот и господската куќа“ (Porão e Sobrado) се појавила во 1938 година, а збирката кратки раскази „Жива плажа“ била објавена во 1944 година. Во 1949 година ја добила наградата „Алфонсо Аринос“ за збирката раскази „Црвениот кактус“. Нејзини најважни дела се: „Мермерниот танц“ (Ciranda de Pedra, 1954), „Лето во аквариумот“ (Verão no Aquário, 1964), „Пред зелениот танц“ (1970), „Девојки“ (As Meninas, 1973), „Семинар за глувци“ (1977), „Голи часови“ (As Horad Nuas, 1989), „Девојката на фотографијата“ итн. За книгата „Пред зелениот танц“ ја освоила француската награда „Гран при“ за најдобра писателка во 1960 и во 1969 година. Во 2001 година, таа ги добила наградата „Џабути“ (за делото „Инвенција и паметење“) и големата награда на Здружението на бразилските критичари на Саун Пауло. Подоцна, во 2005 година, ги добила и најпрестижната книжевна награда на Бразилската академија за уметност, како и најважната награда за дела на португалски јазик, „Камоеш“ (Kamois).[1][3]

  1. 1 2 Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 281.
  2. Ližija Fagundes Teles, Devojke iz Sao Paula. Štrik, Beograd, 2017.
  3. Ližija Fagundes Teles, Devojke iz Sao Paula. Štrik, Beograd, 2017.