1980
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1980 MCMLXXX |
Ab urbe condita | 2733 |
Асирски календар | 6730 |
Бахајски календар | 136–137 |
Бенгалски календар | 1387 |
Берберски календар | 2930 |
Будистички календар | 2524 |
Бурмански календар | 1342 |
Византиски календар | 7488–7489 |
Еврејски календар | 5740–5741 |
Ерменски календар | 1429 ԹՎ ՌՆԻԹ |
Етиопски календар | 1972–1973 |
Игбо-календар | |
- Нри-Игбо | 980–981 |
Ирански календар | 1358–1359 |
Исламски календар | 1400–1401 |
Јапонски календар | [[Период Шова|]] 55 (55年) |
Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
Кинески календар | 己未年月日 (4616/4676) — до —
庚申年月日(4617/4677) |
Коптски календар | 1696–1697 |
Корејски календар | 4313 |
Календар Мингуо | Република Кина 69 民國69年 |
Селевкидски календар | 2291–2292 |
Тајландски сончев календар | 2523 |
Хиндуистички календари | |
- Викрам самват | 2036–2037 |
- Шака самват | 1902–1903 |
- Кали југа | 5081–5082 |
Француски револуционерен календар | CLXXXVIII–CLXXXIX 188–189 |
Холоценски календар | 11980 |
Џуче-календар | 69 |
1980 (MCMLXXX) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1980. година од новата ера, 980. од вториот милениум, 80. од 20 век и прва од 1980-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7488 и 7489 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6730 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5740 и 5741 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2733.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1980. година се протега во 4616 и 4617, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4676 и 4677 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2523. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1400 и 1401 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
- 22 јануари – Андреј Сахаров, советски научник и дисидент, е уапсен во Москва.
- 26 јануари – Израел и Египет воспоставуваат дипломатски односи.
- 13 февруари – Отворени се Зимските олимписки игри во Лејк Плесид, САД.
- 25 февруари – Во Суринам е извршен воен удар.
- 4 март – Роберт Мугабе е избран за премиер на Зимбабве.
- 21 март – Американскиот претседател Џими Картер објавува дека САД ќе ги бојкотира Летните олимписки игри во Москва.
- 12 април - Во Либерија е извршен воен удар.
- 18 април – Зимбабве стекнува независност од Британија.
- 30 април – Холандската кралица Јулијана абдицира во корист на својата ќерка Беатрикс.
- 4 мај - Во Клиничкиот Центар во Љубљана умре Јосип Броз Тито, доживотен претседател на СФРЈ и на Сојузот на Комунистите на Југославија. 140 државни делегации присуствуваа на погребот во Белград, што претставуваше најголемиот дипломатски собир во историјата и најголем медиумски настан дотогаш. Само на погребот на папата Јован Павле Втори во април 2005 присуствуваа повеќе делегации и новинари.
- 20 мај – На референдумот во Квебек гласачите го отфрлаат предлогот за независност на Квебек од Канада.
- 25 јуни – Муслиманското братство извршува неуспешен атентат врз сирискиот претседател Хафез ел Асад.
- 19 јули – Отворени се Летните олимписки игри во Москва.
- 30 јули - Вануату прогласува независност.
- 12 септември – Во Турција е извршен воен удар.
- 17 септември – Во Полска е основан независниот синдикат Солидарност.
- 22 септември – Ирак одлучува да го нападне Иран, со што започнува Иранско-ирачката војна.
- 4 ноември – На претседателските избори во САД победува републиканецот Роналд Реган.
Родени[уреди | уреди извор]
- 25 јануари - Кристијан Олсон, шведски атлетичар
- 27 јануари - Марат Сафин, руски тенисер
- 21 март - Роналдињо, бразилски фудбалер
- 28 април - Каролина Гочева, македонска пејачка
- 30 мај - Стивен Џерард, англиски фудбалер
- 17 јуни - Венус Вилијамс, американска тенисерка
- 10 јули - Џесика Симпсон, американска пејачка
- 12 септември - Јао Минг, кинески кошаркар
- 30 септември - Мартина Хингис, швајцарска тенисерка
- 18 декември - Кристина Агилера, американска пејачка
Починале[уреди | уреди извор]
- 12 јануари - Петре Пирузе, македонски правник, учесник во НОБ и затвореник на Голи Оток
- 22 февруари - Оскар Кокошка, австриски уметник
- 18 март - Ерих Фром, германски психоаналитичар
- 24 март - Оскар Ромеро, салвадорски надбискуп
- 31 март - Џеси Овенс, американски атлетичар
- 15 април - Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател
- 21 април - Александар Опарин, руски биохемичар
- 29 април - Алфред Хичкок, британски режисер
- 4 мај - Јосип Броз Тито, југословенски претседател
- 7 јуни - Хенри Милер, американски писател
- 16 јуни - Владимир Полежиноски, учесник во НОБ и затвореник на Голи Оток
- 27 јули - Мухамад Реза Пахлеви, ирански шах
- 16 септември - Жан Пијаже, швајцарски психолог
- 21 октомври - Влко Червенков, бугарски политичар
- 31 октомври - Бане Андреев, македонски комунист
- 8 декември - Џон Ленон, британски пејач
- 31 декември - Маршал Меклуан, канадски писател
Видете исто:
![]() |
„1980“ на Ризницата ? |