Луј XIV

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луј XIV
Крал на Франција и Навара
Луј XIV (1638–1715), од Ијасент Риго (1701)
На престол14 мај 16431 септември 1715
Крунисување7 јуни 1654, Ремс
ПретходникЛуј XIII
Првородениот син престолонаследникЛуј XV
Почивалиште
ДецаЛуј Велики Дофин
Ана-Елизабета Француска
Марија-Ана Француска
Принцеза Марија-Терезија Француска
Филип-Шарл Анжујски
Луј-Франсоа Анжујски
Полно име
Луј-Дидон познат како величествен или кралот-сонце
ДинастијаБурбони
ТаткоЛуј XIII
МајкаАна Австриска

Луј XIV (роден на 5 септември 1638 во дворецот Сен Жермен ан Ле - починал на 1 септември 1715 во Версај) бил крал на Франција од Бурбонската династија и крал на Навара. Тој бил син на кралот Луј XIII и Ана Австриска. Станал крал на 14 мај 1643, на само 4 години. Во негово име како регент владеела неговата мајка, Ана, која власта ја пренела во рацете на кардиналот Жил Мазарен. По смртта на Мазарен, во 1661, Луј XIV ја презел контролата над владата. Владеењето на Луј XIV, познат и како „крал-сонце“ и „Луј Велики“ траело 72 години. Тоа е најдолгото владеење во историјата на Европа. Успеал да ја зголеми моќта и влијанието на Франција во Европа. Војувал во три големи војни (Француско-холандската војна, Војната на големата алијанса и Војната за шпанското наследство) и две помали (Деволуционата војна и Војната за повторно соединување).


Претходник
Луј XIII
Крал на Франција
1643-1715
Наследник
Луј XV