Прејди на содржината

Тарантела

Од Википедија — слободната енциклопедија

Со терминот тарантела се означуваат некои традиционални танци и соодветните музички мелодии од Јужна Италија, кои се главно со брзо темпо.

Историски развој

[уреди | уреди извор]

Првиот историски извор датира од почетокот на XVII век и од неговото прво појавување танцот е поврзан со сложениот и ритуален феномен на апулскиот тарантизам. Иако знаеме некои мотиви на тарантела од седумнаесеттиот и осумнаесеттиот век, не би можело со сигурност да се знаат формите на танц во тие векови поради недостатокот на кореографски анотации од тоа време и се однесуваат на популарните класи кои го практикувале овој танц.

Веројатно потекнува од околината на Таранто, во 19 век тарантелата станала еден од најпознатите амблеми на Кралството Две Сицилии и нејзиното име ги заменило имињата на различни танци, кои постоеле претходно во различни области на Јужна Италија, со што станал најпознат италијански танц во странство. Проширувањето на терминот било току големо, што го објаснува фактот што денес разни видови популарни танци и танцова музика го носат името „тарантела“.

Помеѓу 18 и 20 век, многу учени композитори биле инспирирани од мотивите и ритмите на јужните традиции, така што компонирале и формирале посебен жанр на културна тарантела за себе. Најпознатата „културна“ варијанта е веројатно онаа компонирана за глас и пијано од Џоакино Росини, насловена La danza, која била осмислена за оркестарска изведба, заедно со други пијанистички дела од Росини, од Оторино Респиги во 19 век. Друг пример за тарантела во класичната музика е Тарантела на Фрајдерик Шопен од 1841 година; згора на тоа да се потсетиме и на Тарантела од балетот Пулчинела на Стравински од 1920 година и Тарантела, преземена од Дванаесетте детски парчиња оп. 65, компонирана од Сергеј Прокофјев во 1936 година.

Етимологија

[уреди | уреди извор]

Името „тарантела“ потекнува од „taranta“ (тарантула), дијалектален термин на јужните италијански региони за да го означи Lycosa tarentula, отровен пајак, распространет во Јужна Европа, а особено во селата на Таранто, од каде што го добил и своето име. Во тие области танцот на тарантелата е делумно поврзан со терапијата на каснувањето од тарантула. Според традицијата, отровот на овој пајак има различни ефекти, според локалните верувања: меланхолија, грчеви, психичка нелагодност, вознемиреност, физичка болка и морално страдање.

Оној кој бил каснат или верувал дека е каснат од тарантула (но и од скорпии, инсекти или разни влекачи) тежнеел кон претерана активност и користел кореографско-музички терапии, особено ефективни за време на празникот Свети Петар и Павле, кои преку инсистирањето на практикување на танцот, предизвкувале исфрлање на отровот преку потта и лимфата. За проучување на феноменот на тарантизам во Италија, е особено важно делото на Ернесто де Мартино (La terra del rimorso). Меѓутоа, не сите форми на танц биле поврзани со оваа појава: се играло и на јавни настани (верски празници, одење на аџилак во светите места, земјоделски прослави) и приватни (свадби, крштевки итн.) како израз на религиозност и радост.

Не е незначително потеклото што некои музички историчари му го припишуваат на градот Таранто поради потеклото на танцот, порано наречено Tarantedde.[1] [2]

Во двата случаи, терминот потоа ќе продолжи да ги опишува сите „народни“ форми на музика и танц во Централно-Јужна Италија.

Видови тарантела

[уреди | уреди извор]
  • Тарантела од Соренто, традиционален танц кој се појавил во 18 век, но според некои легенди неговите движења биле користени од сирените за да го заведат Одисеј.
  • Тарантела од Монтемарано, денес вкоренета во областа Монтемарано, особено за време на карневалот, некогаш проширена во цела Ирпинија, особено во горната и средната долина Калоре.
  • Монте Калвезе Тарантела
  • Tarantella arbëreshë, типична за селата од арберешката етничка група.
  • Калабриска тарантела
  • Апулиската тарантела означува различни танцови распространети низ регионот: пицика, со сите нејзини варијанти од место до место (области Таранто, Бриндизи, Лече, Бари, областа БАТ, но исто така и некои области од Матера, т.е. Трикарико, Матера и Монтескаљозо ), тарантелата од Гаргано, проширена низ целиот 'рт Гаргано
  • Тарантела од Абруцо, која содржи два подтипа: Салтарела и Баларела
  • Тарантела од Кампанија, таканаречена tammurriata или, традиционално, ballo ‘n coppa ô tammuro.[3]
  • Сицилијанска Тарантела или u ballettu
  • Taрантела од Молизе позната како баларела
  • Tарантела од Луканија,
  • Тарантела од Чиленто
  1. Virgilio Savona e Michele Straniero, Canzoni italiane, Fabbri Editori, 1994, Vol. I, pag.164
  2. Universo, De Agostini, Novara, 1965, Vol. XII, pag.21
  3. Vincenzo Palmisciano, Fonti letterarie sulla spallata e sull'intrezzata, due danze popolari di area campana, in Archivio Storico per le Province Napoletane, Napoli, Società Napoletana di Storia Patria, 2017, pp. 303-326

Библиографија

[уреди | уреди извор]
    • Gaetano Dura, Pasquale Chiodi, "Tarantella: ballo napolitano", Federico Gatti, 1834
    • Carmelina Naselli "Studi di folklore: drammatica popolare, culto degli alberi, Tarantella e Empanadilla", G. Crisafulli, 1953
    • Roberto De Simone, "Canti e tradizioni popolari in Campania", con una intervista al maestro de Simone rilasciata a Luigi Granetto e Giuseppe Vettori, Lato Side, 1979
    • Angelo Di Mauro, "Buongiorno terra: i riti della disobbedienza religiosa", Ripostes Salerno, 1982
    • Salvatore Palomba, "La canzone napoletana", L'Ancora del Mediterraneo, 2001
    • Pierpaolo De Giorgi, "L'estetica della tarantella: pizzica, mito e ritmo", Congedo, 2004
    • Piero Bonavero, "Riflessi italiani: l'identità di un paese attraverso la rappresentazione del suo territorio", Touring Editore, 2004
    • Antonio Grano, "Trattato di sociologia della canzone classica napoletana", Palladino, 2004
    • Giovanni Amedeo, "Canzoni e popolo a Napoli dal '400 al '900", Grimaldi, 2005
    • Enrico Careri, "Beni musicali, musica, musicologia", LIM LibreriaMusicaleItaliana, 2006
    • Susanna Pasticci, "Parlare di musica, Meltemi Editore srl, 2008
    • Tullia Conte, Diacronia minima del tarantismo, Sudanzare, Wroclaw, 2020