Бајадера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бајадера од Краш

Бајадера е чоколаден десерт кој е збогатен со мелени бадеми, лешници или ореви, што ѝ дава на бајадерата специфичен и препознатлив вкус.

Подготовка[уреди | уреди извор]

За подготвка на бајадерата се користат овие состојки:

За подготвка на глазура потребни се овие состојки:

За приготвување потребно е да се зоврие смеса од шеќер и вода, потоа се тргнува од оган и се додава смеса од мелени ореви (лешници или бадеми), мелени бисквити и маргарин. Половината од смесата се става во плиток сад, а во другата половина се додава 100 g истопено чоколадо, и се прелива врз првата половина. На крај целиот десерт се прелива со глазура од чоколадо.

Хрватска традиција[уреди | уреди извор]

Бајадерата е хрватски производ кој најмногу е поврзан со фабриката на кондиторските производи Краш д.д. од Загреб, бидејќи оваа компанија со својот бренд, бајадера, се проби и на домашниот и на светскиот пазар, како со квалитетот така и со уникатноста на производот, за кој е добитник на бројни национални и меѓународни признанија. Бајадерата е препознатлива и признаена како бренд од прва класа, кој е направен од најквалитетни состојки од строго контролирано потекло. Овој десерт, покрај уживањето при консумацијата, е исто така и нутриционо здрав производ, бидејќи состојките, лешници и бадеми, го намалуваат нивото на холестерол, а содржат и диететски влакна, на тој начин превенирајќи кардиоваскуларни болести. Зголемениот интерес за овој кондиторски производ бара и трајно вложување во современата технологија на производство и проширувањето на фабричките капацитети.

Поради постојаноста на квалитетот, препознатливоста на брендот, позитивните оценки од домашните и од странските потрошувачи, фабриката Краш д.д. ја добила ознаката "Изворно хрватско" како прв производ на кондиторската индустрија во Хрватска.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]