1968
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1968 MCMLXVIII |
| Ab urbe condita | 2721 |
| Асирски календар | 6718 |
| Бахајски календар | 124–125 |
| Бенгалски календар | 1375 |
| Берберски календар | 2918 |
| Будистички календар | 2512 |
| Бурмански календар | 1330 |
| Византиски календар | 7476–7477 |
| Еврејски календар | 5728–5729 |
| Ерменски календар | 1417 ԹՎ ՌՆԺԷ |
| Етиопски календар | 1960-1961 |
| Игбоански календар | 968–969 |
| Ирански календар | 1346–1347 |
| Исламски календар | 1387–1388 |
| Јапонски календар | Период Шова 43 (43年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 丁未年月日 (4604/4664) — до — 戊申年月日(4605/4665) |
| Коптски календар | 1684–1685 |
| Корејски календар | 4301 |
| Календар Мингуо | Република Кина 57 民國57年 |
| Селевкидски календар | 2279–2280 |
| Тајландски сончев календар | 2511 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 2024–2025 |
| - Шака самват | 1890–1891 |
| - Кали југа | 5069–5070 |
| Француски револуционерен календар | CLXXVI–CLXXVII 176–177 |
| Холоценски календар | 11968 |
| Џуче-календар | 57 |
1968 (MCMLXVIII) била престапна година според јулијанскиот календар. Тоа била 1968. година од новата ера, 968. од вториот милениум, 68. од 20 век и деветта од 1960-тите.
Содржина
Други календари[уреди | уреди извор]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7476 и 7477 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6718 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5728 и 5729 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2721.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1968. година се протега во 4604 и 4605, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4664 и 4665 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2511. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1387 и 1388 исламска година.
Настани[уреди | уреди извор]
јануари[уреди | уреди извор]
- 5 јануари – Александар Дупчек е избран за лидер на Комунистичката партија на Чехословачка. Започнува Прашката пролет.
- 23 јануари – Морнарицата на ДНР Кореја го зароби американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободи екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.
- 30 јануари – Започнува Тет офанзивата во Виетнамската војна.
- 31 јануари – Науру прогласува независност од Австралија.
февруари[уреди | уреди извор]
март[уреди | уреди извор]
- 12 март – Маврициус се стекнува со независност од Британија.
- 16 март – Американските трупи го извршуваат масакрот кај Ми Лај во Виетнам.
април[уреди | уреди извор]
- 4 април - Во Мемфис е извршен атентат врз Мартин Лутер Кинг.
- 11 април - Извршен е неуспешен обид за атентат врз Руди Дучке, лидер на студентското движење во Западна Германија.
- 29 април – Прво прикажување на мјузиклот „Коса“.
мај[уреди | уреди извор]
- мај - Се одржуваат студентски демонстрации во Париз.
јуни[уреди | уреди извор]
- 3 – 10 јуни – Во Белград се одржуваат студентски демонстрации.
- 5 јуни - Во Лос Ангелес е извршен атентат врз Роберт Кенеди.
јули[уреди | уреди извор]
август[уреди | уреди извор]
- 13 август – Александрос Панагулис извршува неуспешен обид за атентат врз водачот на воената хунта во Грција, Јоргос Пападопулос.
- 20 август – Силите на Варшавскиот пакт ја окупираат Чехословачка со што завршува Прашката пролет.
- 23 – 28 август – Во Чикаго, американската полиција употребува насилство против антивоените демонстранти за време на Националната конвенција на Демократската партија.
септември[уреди | уреди извор]
- 6 септември – Свазиленд станува независна држава.
октомври[уреди | уреди извор]
- 2 октомври – Големи демонстрации се одржуваат на плоштадот „Три култури" во Сјудад Мексико. Војската отвора оган при што се убиени 300 до 400 лица.
- 11 октомври – Во Панама е извршен воен удар.
- 12 – 27 октомври – Се одржуваат Летните олимписки игри во градот Мексико.
- 12 октомври – Екваторска Гвинеја добива независност од Шпанија.
ноември[уреди | уреди извор]
- 11 ноември – На Малдивите е прогласена втората република.
- 18 – 20 ноември – Се одржува Петтиот конгрес на Сојузот на комунистите на Македонија.
- 27 – 28 ноември – Се одржуваат демонстрации на Албанците на Косово.
декември[уреди | уреди извор]
- 23 декември – Се одржуваат демонстрации на Албанците во Тетово.
Родени[уреди | уреди извор]
- 3 февруари - Владе Дивац, српски кошаркар
- 30 март – Селин Дион, канадска пејачка
- 7 мај – Трејси Лордс, американска актерка
- 9 мај – Мари-Жозе Перек, француска атлетичарка
- 28 мај – Кајли Миног, австралиска пејачка
- 5 август – Марин Ле Пен, француска политичарка.
- 27 август - Петар Наумоски, македонски кошаркар
- 18 септември – Тони Кукоч, хрватски кошаркар
- 25 септември - Вил Смит, американски актери пејач
- 23 декември - Мануел Ривера-Ортис, американски фотограф
Починале[уреди | уреди извор]
- 27 март – Јуриј Гагарин, советски космонаут
- 4 април – Мартин Лутер Кинг, американски борец за човекови права
- 1 јуни – Хелен Келер, американска активистка за правата на слепите лица
- 6 јуни – Роберт Кенеди, американски политичар
- 28 јули - Ото Хан, германски хемичар
- 1 август - Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски политичар и публицист
- 28 август - Антон Панов, македонски писател
- 25 ноември – Аптон Синклер, американски писател
- 19 декември - Норман Томас, американски социјалист
- 20 декември – Џон Стајнбек, американски писател
- 30 декември – Тригве Ли, прв генерален секретар на Обединетите Нации
Видете исто:
| „1968“ на Ризницата ? |