Јана Темиз

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јана Темиз - руско-турска писателка и балетски либретист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јана Темиз е родена во Москва, каде дипломирала на филолошкиот факултет при Московскиот државен универзитет, а потоа магистрирала на Институтот за светска литература при Академијата на науките на СССР. За време на животот во Русија, таа се занимавала со наставна дејност, а потоа се преселила во Турција, каде предавала руски и англиски јазик.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Уште за време на животот во Русија, Темиз напишала повеќе учебни помагала за литература. Таа е автор на неколку романи: „Рајот на земјата“, „Градина на камењата“, „Духовите на балетот“, „Засолниште на преселните птици“ итн. Исто така, таа е автор на либрета за повеќе балети кои биле изведувани ширум светот на кои како кореограф се јавува Василиј Медведев, како што се: „Седум убавици“ (Баку, 2008), „Пепелашка“ (Сараево, 2008 и Измир, 2009), „Копелија (Сараево, 2009), „Катја и принцот на Сијам“ (Екатеринбург, 2011), „Дамата со камелии (Скопје, 2014), „Клеопатра“ (Скопје, 2016).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Клеопатра - балет на Василиј Медведев (Русија) - светска премиера. Скопје: Македонска опера и балет, 2016, стр. 22.