Оркестар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Филхармониски оркестар
Концертна сала во Полска

Оркестар е голем интрументален ансамбл типично за класична музика, кој се состои од гудачки и жичени инструменти на пример виолина, виола, чело и контрабас како и дрвени дувачки, лимени дувачки, удирачки инструменти групирани во посебни секции. Некои инструменти како пијаното и селестата понекогаш може да се појават во петтата клавишна секција или да бидат засебно издвоени како концертната харфа за изведба на модерни композиции.

Поим оркестар е изведен од грчкиот ὀρχήστρα (оркестар), назив за површина пред сцената на античкиот грчки театар, резервирана за грчкиот хор.

Кога е во полн состав, се нарекува симфониски или филхармониски оркестар. Бројот на музичарите анганжирани во изведба на делата може да варира од 70 до преку 100 во зависност од делото кое се изведува и големината на местото на изведба. Поимот камерен оркестар вообичаено се однесува на помалубројните ансамбли од околу 50тина музичари или помалку. Оркестри кои се специјализирани за барокната музика на, на пр. Ј.С.Бах и Г.Ф.Хендл или класичниот репертоар на Ј.Хајдн и В.А.Моцарт вообичаено се од помал обем отколку оркестрите за изведба на романтичарски репертоар како симфониите на П.И. Чајковски. Вообичаениот број на музичари во еден оркестар низ 18. и 19 век го достигнува врвот во бројноста (со повеќе од 120 музичари)за потребите на делата на Р.Вагнер и Г.Малер. Оркестрите ги предводат диригенти кои со движење на рацете ја раководат изведбата често олеснувајќи им на музичарите да ги пратат со користење на диригентската палка. Диригентот е тој кој што го унифицира звукот на оркестарот, поставува темпо и динамика. Исто така, тој ги предводи пробите кој што и претходат на изведбата на делото при што дава инструкции поврзани со музичката интерпретација. Водачот на првите виолини се нарекува концертмајстор и истиот има важна улога во предводењето на музичарите. Во ерата на барокната музика (1600 - 1750) оркестрите вообичаено биле предводени од концертмајстори или самите композитори. Оркестарскиот репертоар опфаќа симфонии, опери, балетски увертири, концерти за соло инструменти и некои видови на музички театар.

Постојат и аматерски оркестри како што се младински, средношколски, факултетски и други.