Трајко Прокопиев
Трајко Прокопиев | |
---|---|
![]() | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 6 ноември 1909 Куманово, Отоманско Царство |
Потекло | ![]() |
Починал(а) | 21 јануари 1979 Белград, СР Србија, Југославија |
Занимања | композитор диригент |
Трајко Прокопиев (Куманово, 6 ноември 1909 - Белград, 21 јануари 1979) — македонски композитор на класична музика, диригент и автор на филмска музика. Се категоризира во првата генерација македонски повоени композитори. Познат е по употребата на историски, митолошки и народни мотиви од културната ризница на македонскиот народ во неговите дела.[1]
Во негова чест е наречена наградата „Трајко Прокопиев“ за животно дело на македонските композитори.
Животопис[уреди | уреди извор]
Прокопиев е роден во Куманово во 1909 г. Во 1934 г. завршува средно музичко училиште во Белград, во класата на Милое Милоевиќ. Работи како раководител на хорското друштво „Мокрањац“ и како учител во истоименото музичко училиште во Скопје. Потоа накратко работи како диригент во Лесковац, па заминува за Сараево, каде раководи со српското хорско друштво „Слога“. По Втората светска војна е назначен за прв директор на Средното музичко училиште во Скопје.
Со цел да го продолжи своето музичко образование, во 1946 г. заминува на Прашкиот конзерваториум, каде учи една година диригентство кај професорот Павел Дједечек. По завршувањето развива голема активност како шеф на Музичкиот оддел на Радио Скопје, работи како диригент на Симфонискиот оркестар, на Скопската опера и како директор на фолклорниот ансамбл „Танец“. Во тој период се истакнува и како автор на филмска музика, дебитирајќи во 1948 г. со музика за документарецот „Илинден 1948“.
Починува во Белград во 1979 г.
Дела[уреди | уреди извор]

Балети[уреди | уреди извор]
![]() |
[[:File:TP-LiD.ogg|Свита од балетот „Лабин и Дојрана“]]
|
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Опери[уреди | уреди извор]
Филмска музика[уреди | уреди извор]
- 1948 „Илинден 1948“
- 1951 „Културен живот во Македонија“
- 1952 „Бели мугри“
- 1952 „Фросина“
- 1953 „Мугри во полињата“
- 1953 „Приказна за човекот и овците“
- 1954 „Илинден 1903“
- 1954 „Охрид“
- 1955 „Волча ноќ“
- 1955 „Комитска легенда“
- 1957 „Подарок од веселиот молер“
- 1971 „Жед“
Музика во документарци[уреди | уреди извор]
- 1956 „Птиците доаѓаат„ (диригент)
- 1961 „Градот на Вардар“ (диригент)
Награди[уреди | уреди извор]
- 1977 „Сојузна награда АВНОЈ“ за придонес во македонската кинематографија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Каракаш, Бранко (1970). Музичките творци од Македонија. Скопје: Македонска книга.