Едгар Дега

Од Википедија — слободната енциклопедија
Едгар Дега
Автопортрет (Degas au porte-fusain), 1855
НационалностФранцузин
Познат(а) посликарство, скулптура, цртање
Значајни делаСемејството Белели (1858-1867)
Жена со хризантеми (1865)
Пејачка во Кафуле (c.1878)
Кај Милинер (1882)
Правецимпресионизам

Едгар Дега (Париз, 19 јули 1834 - Париз, 26 јули 1917) роден како Илер Жермен Едгар Дега (француски: Hilaire-Germain-Edgar Degas) — француски сликар, еден од најпознатите претставници на ликовната уметност во XIX век. Се смета за еден од основачите на импресионизмот иако тој самиот го отфрлал тој термин, и повеќе сакал да го нарекуваат реалист.[1] Изработил низа на бакрописи, цртежи и скулптури.

Дега се смета за еден од најистакнатите претставници на францускиот импресионизам, иако самиот себе никогаш не се сметал за дел на импресионистичкото движење. Преокупиран со урбани призори, со балерини, со призори на коњски трки, Дега никогаш целосно не му свртил грб на реализмот и на неговите мајстори како Енгр и Делакроа. Тој повеќето од своите дела ги создава во ателје, но и покрај тоа поголемиот дел од историчарите на уметноста се согласуваат дека неговото место е во рамките на импресионизмот.

Живот и дело[уреди | уреди извор]

Дега бил син на банкар со италијанско потекло и на Креолка од Њу Орлеанс, (САД), која починала кога Едгар имал 13 години. Во 1853 година почнал да студира право, но во 1855 година се пријавил на Академијата на убавите уметности. Потоа Дега патува во Рим. Во 1866 година се враќа од Рим во Париз збогатен со нови искуства од патувањето. На почетокот сликал историски теми и портрети по примерот на Енгр, а за разлика од Енгр - само портрети на негови пријатели и тоа во масло. Во текот на 70- тите години почнал да слика и во пастел и во темпера. Под влијание на италијанското сликарство, заинтересиран за колоритот и за колоритната страна на појавите сликал, покрај портретите, и актови и појави од секојдневниот живот, главно сцени од театарот - балерини и коњски трки. Со своето сликарско мајсторство успевал да ги наслика моменталните расположенија а неговиот длабок осет за карактерот на луѓето им дава тежина дури и на навидум случајните призори. Неговите најубави дела се изработени во пастел техника.

Уметничка кариера[уреди | уреди извор]

Откако се вратил од Италија во 1859, Дега продолжил да се школува пресликувајќи слики од Лувр;[2] Во раните 1860ти, додека бил на посета кај својот другар од детството Пол Валпион во Нормандија, тој за првпат почнал да ги проучува коњите. За првпат имал изложба во Салонот во 1865, кога жирито ја прифатило неговата слика Сцени од средновековна војна, која не привлекла многу внимание.[3] Сепак, тој изложувал секоја година во Салонот, но веќе не сликал историски слики, и неговата слика Трка со коњи—Паднатиот џокеј (Салон во 1866) го најавила негиот растеж во современото сликарство. Промената во неговото сликарство било влијанието на Едуар Мане, којшто Дега го сретнал во 1864 додека пресликувал во Лувр.[4]

Размена на памук во Њу Орлеанс, 1873

За време на француско-пруската војна во 1870, Дега бил регрутиран во Националната гарда, па во текот на одбраната на Париз немал многу време да се посвети на сликарството. Во тоа време забележал и дека има проблем со окото, и истиот проблем со видот го следел во тек на сиот негов живот.[5]

По војната, во 1872, Дега бил на продолжен престој во Њу Орлеанс, Луизијана, каде што живеел брат му Рене и бројни негови роднини. Живеејќи во куќата Еспленада, Дега изработил бројни свои дела, од кои доста биле слики на кое биле претставени членовите на неговото семејство. Едно од делата на Дега во Њу Орлеанс, кое прикажувало сцена на размена на памук во Њу Орлеанс, се здобило со достојно внимание во Франција, и било единственото дело земено за музеј во {оној во По} во тек на неговиот живот.

Дега се вратил во Париз во 1873. Таа година починал татко му, а се видело и дека неговиот брат Рене има големи финансиски проблеми. За да го зачува семејното име, Дега бил принуден да си ја продаде куќата и уметничките дела што ги поседувал. Оттогаш финансиски станал зависен и морал да живее и да се снаоѓа продавајќи ги своите слики.[6] Го напуштил Салонот и се здружил со група на млади уметници кои имале намера да организираат самостојни изложби. Нивната прва изложба која била наречена Изложба на импресионистите била во 1874. Импресионистите имале седум такви свои изложби а последната се случила во 1886. Дега ја зел водечката улога во организирање на таквите изложби и биле прикажувани делата на сите уметници, но сепак, не се чувствувал ист како нив и гледал малку сличности меѓу себе и еден Моне и честопати знаел да им се потсмева на оние уметници кои сликале пејзажи надвор од своите ателјеа.

Во доцните 1880, Дега исто така развил и страст кон фотографијата.[7] Фотографирал многумина од своите пријатели, меѓу кои Реноар и Маларме. Други фотографии, на кои биле прикажани танчерки и акти, биле користени како појдовна точка за некои негови цртежи и слики.[8]

Како што минувале годините, Дега станувал осаменик, што се должело на неговото верување дека сликарот не треба да има личен живот.[9] Контроверзната афера Драјфус кај него поттикнала доза на антисемитско однесување и тој раскрстил со сите свои пријатели Евреи.[10] Подоцна во животот, дега жалел што ги изгубил тие свои пријатели.

Дега никогаш не се оженил и остатокот на својот живот го поминал речиси слеп, талкајќи немарно по улиците на Париз[11] пред да почине во 1917. Последните години на дега биле тажни и осамени, особено поради фактот дека надживеал многумина од неговите најблиски пријатели.[12]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gordon and Forge, 1988, p. 31
  2. Baumann, et al., 1994, p. 151
  3. Thomson, 1988, p. 48
  4. Gordon and Forge, 1988, p. 23
  5. Guillaud and Guillaud, 1985, p.29
  6. Guillaud and Guillaud, 1985, p.33
  7. Gordon and Forge, 1988, p. 26
  8. Gordon and Forge, 1988, p. 34
  9. Canaday, 1969, p. 929
  10. Guillaud and Guillaud, 1985, p. 56
  11. Mannering, 1994, p. 7
  12. Roskill, 1983, p. 33