Адолф Адам

Од Википедија — слободната енциклопедија
neatly bearded white man of middle years, wearing glasses
Адам во 1840 година

Адолф Шарл Адам (франц. Adolphe Charles Adam, Париз, 24 јули 1803 — Париз, 3 мај 1856) ― француски композитор, учител и музички критичар. Напишал многу сценски композиции, а денес е најпознат по неговите балети Жизел (франц. Giselle, 1841) и Гусар (франц. Le corsaire, 1856; неговото последно дело), оперите Кочијашот до Лонжумо (фран: Le postillon de Lonjumeau, 1836) и Ако сум крал (фр: Si j'étais roi, 1852) и неговата Божиќна песна „Minuit, chrétiens!" (Полноќ, христијани, 1844, позната на англиски како „O Holy Night “).

Адам бил син на познат композитор и пијанист, но неговиот татко не сакал Адолф да има музичката кариера. Адам му се спротиставил на татка си, и со многуте опери и балети заработил доволно пари, но ги загубил во 1848 година по неуспешниот обид да отвори нова оперска куќа во Париз која ќе им конкурира на Опера и Опера-Комик. Откако финансиски закрепнал се занимавал со новинарство и настава. Станал професор на Конзерваториумот во Париз (француската музичка академија).

Заедно со неговиот постар современик Даниел Обер и неговиот учител Адриен Боелдје, Адам е заслужен за создавањето на француската форма на операта.

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Adam, Adolphe (1857). Souvenirs d'un musicien (француски). Paris: Lévy frères. OCLC 977584672.
  • Baker, Theodore (1995). Dictionnaire biographique des musiciens (француски). Paris: Laffont. ISBN 978-2-22-106787-1.
  • Curzon, Henri de (1926). Léo Delibes. Sa vie et ses oeures (1836-1892) (француски). Paris: Legouix. OCLC 1316090.
  • Harewood, Earl of (1979). Kobbé's Complete Opera Book (ninth. изд.). London: Putman. OCLC 312154493.
  • Lavignac, Albert (1913). Encyclopédie de la musique et dictionnaire du Conservatoire (француски). Paris: Delagrave. OCLC 1044655796.
  • Pougin, Arthur (1877). Adolphe Adam: Sa vie, sa carrière, ses mémoires artistiques (француски). Paris: Charpentier. OCLC 238803777.
  • Pougin, Arthur (1906). Herold. Les Musiciens célèbres (француски). Paris: H. Laurens. OCLC 1994688.
  • Slonimsky, Nicholas; Kuhn, Laura; McIntire, Dennis (2001). „Adam, Adolphe“. Во Laura Kuhn (уред.). Baker's Biographical Dictionary of Musicians (8. изд.). New York: Schirmer. ISBN 978-0-02-866091-2.
  • Walsh, T. J. (1981). Second Empire Opera: The Théâtre Lyrique, Paris 1851–1870. London: Calder. ISBN 978-0-7145-3659-0.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]