Реализам (сликарство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Густав Курбе, Каменокршачи, 1849., масло на платно, 165 × 257 cm

Реализам во ликовната уметност е стилски правец кој тежнее да ја прикаже стварноста, а трае од половината до крајот на 19-от век (иако дела кои се создаваат според правилата на реализмот имало и претходно, а ги има и денес). Реализмот се залага за објективност и уверливост во приказите и опишување на фактите на стварноста и ја открива законитоста на општеството.

Во педесеттите години на 19-от век се појавува мислење дека романтичарското истакнување на чувствата и фантазијата е само бегање од стварноста на времето на европските граѓански револуции од (1848.). Напредокот на науката, индустријата и техниката го овозможило правењето на првите фотографии кои уметниците ги користат како помошно средство.