Фотографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фотографија (светлопис) ― уметност, наука и практика на создавање на долготрајни слики со снимање на светлина или други електромагнетни зрачења, или хемиски, со помош на материјали чувствителни на светлината, како што е фотографски филм, или по електронски пат со помош на сензорот за слика. Типично, леќата се користи за да ја фокусира одбиената или испуштената светлина, од предмети во вистинска слика, на површина чувствителна на светлина во внатрешноста на фотоапаратот, за време на експонажата. Резултатот во електронскиот сензор за слика е електрично полнење на секој пиксел, кој електронски се обработува и се чува во една податотека за дигитална слика, за следниот приказ или обработка.

Фотографската емулзија резултира со неразвиена слика која не е видлива, и која подоцна е хемиски развиена во видлива слика, или во негатив или во позитив, во зависност од намената на фотографскиот материјал и начинот на обработка. Традиционално, негативната слика на филмот, се користи за да се создаде позитивна слика по фотографски пат, на хартија наменета за правење фотографии и ова е познато како,развивање на фотографија.Исто така, равивањето на фотографијата може да се постигне со користење на апарат за зголемување или преку филм за фотоапарат. Фотографијата има многу намени во бизнисот, науката, производството (на пр. фотолитографска), уметност, за рекреативни цели, и за масовната комуникација.

Lens and mounting of a large-format camera
A photographic print after the last chemical bath.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Во 1834 година, во Кампинас, Бразил, француски сликар и пронаоѓач, Херкулес Флоренс, , во својот дневник го напишал зборот “photgraphie” (фотографија) за да ја опише неговиот постапка. Колку што може да се утврди, тоа било Господин Џон Хершел на предавање пред Кралското друштво во Лондон, на 14 март 1839 година, кој го направил зборот „фотографијаˮ да биде познат ширум светот. Но, во една статија објавена на 25 февруари истата година, во еден гемрнаски весник, наречен “Vossische Zeitung”, Јохан вон Медлер, астроном од Берлин, веќе го користел зборот фотографија.

Зборот фотографија произлегува од грчкиот збор “φωτός (phōtos)”, генитив на “φῶς (phōs)”, "светлина" и “γραφή (graphé)” „застапеност со помош на линии или "цртaње", кои заедно означуваат „цртање со светлина.ˮ Историја и развој

Технологии на претходниците[уреди | уреди извор]

Фотографијата произлегла , со поврзувањето на неколку технички откритија. Долго време пред да бидат направени првите фотографии, во 5-ти и 4 век пред нашата ера, кинескиот филозоф Мо Ди и грчките математичари Аристотел и Евклид го опишале фотоапаратот без леќи. Во 6 век, византискиот математичар Антим од Трелс, користел еден вид на темна комора во неговите експерименти. Ибн ал-Хаутам (Алхазен) ја проучувал темната комора и фотоапаратот без леќи, Албертус Магнус (1193-1280) го открил сребрениот нитрат и Жорж Фабрикус (1516-1571) го открил сребро хлоридот. Даниел Барбаро ја опишал мембраната во 1566 година. Во 1694 година, Вилхелм Хомберг опишал како светлината ги затемнила некои хемикалии ( фотохемиски ефект). Белетристичката книга “Giphantie”, од францускиот автор Типењ де ла Рош, објавена во 1760 година, го опиша она што може да се протолкува како фотографија.

Откривањето на темната комора, која дава слика од место датира од античка Кина. Леонардо да Винчи споменува дека во темните пештери, на крајот од сончевата долина се формираат природните темни комори. Дупката во пештерскиот ѕид, ќе дејствува како фотоапарат без леќи и се одбива, странично зачувана, слика која на парче хартија е наопаку. Затоа, настанокот на фотографијата првенствено се однесува на содзавање на средство, за да се приготви и задржи сликата, создадена од страна на темната комора. Првиот успех за копија на слики, без фотоапарат се појавува кога, Томас Веџвуд, од позната фамилија на грнчари, добил примероци од слики цртани на кожа, користејќи сребрени соли. Бидејќи тој немал начин како постојано да ги средува тие копии (со миење на неизложените сребрени соли, сликата се стабилизира), тие ќе се претворат целосно црни на светлина и на тој начин морале да се чуваат во темна соба за да се гледаат. Сликарите од времето на ренесансата користеле темна комора, кое, всушност, му дава оптичко прикажување во боја која се истакнува во западната уметност. Теманата комора буквално на латински, значи „темна собаˮ. Тоа е кутија со дупка во неа, која се овозможува светлината да поминува, и да се создаде слика на парче хартија.

Првата фотографија со фотоапарат (во 1820 година)[уреди | уреди извор]

Фотографијата со помош на фотоапарат, е смислена во првите децении на 19 век,а со тоа, се чинело дека може да се фатат повеќе детали и информации од традиционалните медиуми, како што се сликарство и вајарство. Сликањето како остварлива постапка се навраќа во 1820-тите години, со развојот на хемиската фотографија. Првата трајна отичка литографија била слика, создадена во 1822 година, од францускиот пронаоѓач Нисефор Непс, но беше уништена за подоцна да не се умножува. Непсе повторно успеа да создаде таква слика, во 1825 година. Тој со темна комора ја направи првата трајна фотографија од природата (неговиот поглед од прозорот, во општината Ле Грас). Бидејќи неговите фотогорафии требало време за да се изложат (осум часа), тој се обидел да пронајде нов метод. Работејќи во соработка со Луис Дагер, во 1816 година, врз основа на откритие од страна на Јохан Хајнрих Шулц, тие експериментирале со сребрени соединенија, кои изложени на светлина, мешавината од сребро и креда поцрнува. Непсе починал во 1833 година, но Дагер продолжил со работа, на крајот кулминирајќи со развивање на дагеротипија во 1837 година. Дагер, за првпат слика една личност во 1838 година, додека го земал дагеротипот на улица во Париз, запрел пешак, бидејќи удрило сјај од чевелот, доволно долго за да биде фатен со долга експонажа (неколку минути).Франција на крајот се согласила да му дава пензија на Дагер за неговиот метод, во замена за неговото ветување на целиот свет да го објави своето откритие како дар од Франција, којшто го направил во 1839 година.

A latticed window in Lacock Abbey, England, photographed by William Fox Talbot in 1835. Shown here in positive form, this is the oldest known extant photographic negative made in a camera.

Во меѓувреме, Херкулес Фиренца веќе создал многу сличен метод во 1832 година во Бразил, именувајќи го како „Фотографијаˮ, а порано англискиот пронаоѓач Вилијам Фокс Талбот, открил друг начин да се фиксира сребрениот метод за слика, но тоа се чувало во тајност. По читањето за пронајдокот на Дегер, Талбот го усовршува неговиот метод, така што портретите биле лесно достапни до широките маси. Од 1840 година, Талбот го измислил методот „калотипˮ, кој создава негативни слики. Познатата фотографија(од негатив) на Талбот во 1835 година, во опатијата Лакок, е најстарата позната слика од негатив што постои.

Џон Хершел направил многу придонеси во правец на новите методи. Тој го измислил методот „цијанотипˮ сега познат како „скицаˮ. Тој беше првиот кој го употребил зборот „фотографијаˮ, „слика од негативнаˮ и „„слика од позитивˮ фотографија. Тој во 1819 година, го открил натриум тиосолфат, за да биде растворувач на сребро халогенидите, и ги запознал Талбот и Дагер со неговото откритие во 1839 година, дека тоа може да се употребува за „фиксирањеˮ на слики и да ги направи трајни. Тој кон крајот на 1839 година, ја создал првата фотографска плочка за слики од негатив.

Mid-19th-century "Brady stand" photo model's armrest table, meant to keep portrait models still during long exposure times (studio equipment nicknamed after the famed US photographer, Mathew Brady).

Во март 1851 година, Фредерик Скот Арчер во „Хемичаротˮ(ˮThe Chemistˮ) ги објавил своите откритија, преку колодионскиот метод на мокра фотографска плочка. Додека да биде воведена сувата фотографска плоча, овој метод станал најшироко употребуван, помеѓу 1852 година и крајот на 1860 година. колодионскиот метод Спрема колодионскиот метод, постојат три подгрупи : „Амбротипотˮ ( слика од позитив на стакло), „Феротипотˮ или „Тинтипотˮ ( слика од позитив на метал ) и вадење слики од негатив на белка од јајце или на пиперен сол.

Во текот на 19 век се постигнало голем напредок кај фотографските плочи и кај вадењето слики од негатив. Во 1884 година, генијалниот Џорџ Истман ја развил технологијата за филм наменет за фотоапарат, за да ги замени фотогорафските плочи, доведувајќи ја технологијата која што денес се користи кај фотоапаратите со филм. Во 1908 година, Габриел Липмен ја освоил Нобеловата награда во Физиката, за неговиот метод на фотографско копирање на боите, врз основа на феноменот за мешање, исто така познар како „Липменскаˮ фотографска плоча.

Црно-бела фотографија[уреди | уреди извор]

Во почетокот фотографиите биле еднобојни, или црно-бели. Дури и откако филмот во боја бил полесно достапен, црно-белата фотографија продолжила да се истакнува со децении, поради нејзината пониска цена и нејзиниот „класиченˮ фотографски израз. Важно е да се обрне внимание дека некои еднобојни слики не се секогаш чисто црно-бели, но исто така содржат и други нијанси во зависност од развивањето на филмот. Методот „цинотипˮ прави слики составен од сини тонов. Методот „албуменˮ прави кафеави тонови, и за првпат се користи повеќе од 150 години.

Многу фотографи продолжуваат да прават некои еднобојни слики, поради често докажаната архивска трајност на добро развиените сребро-халидни материјали. Некои дигитални слики во боја, се развиваат преку разнообразни техники за да се направат црно-бели слики, а некои производители изработуваат дигитални фотоапарати кои се наменети само за еднобојни слики.

Фотографија во боја[уреди | уреди извор]

Early color photograph taken by Prokudin-Gorskii (1915).
A photographic darkroom with safelight
Leica-II, one of the first 135 film cameras

Фотографијата во боја се проучувала во средината на 19-от век. За првите експерименти во боја биле потребни посебно долготрајни експонажи (часови или денови да се направат слики), а фотографот не можел да ја „фиксираˮ, бојата на сликата да не избледнува брзо кога е изложена на бела светлина. Првата трајна фотографија во боја е сликана во 1861 година, преку принципот на тро-бојно сликање и за првпат објавен во 1855 година, од страна на физичарот Џејмс Кларк Максвел. Идејата на Максвел била да направи три одделни црно-бели фотографии преку црвени, зелени и сини светла. Ова овозможува фотографот да пресоздаде слика во боја, со три основни каналчиња.

Едноставните слики од негатив, може да се проектираат преку исти бои на филтри светла и снимени една врз друга на екранот за проекција, којшто е адитивен метод за преснимување на боја. Слика во боја од негатив ,на хартија може да се направи со снимање на три јаглеродни фотографии (од негатив) една врз друга,направени во нивните комплементарни бои, којшто претставува суптрактивен метод за преснимување на боја. За првпат овој метод бил воведен од страна на Луј Дуко ду Орон, во доцните 1860-ти години. Рускиот фотограф Сергеј Михајлович Прокудин-Горски направил широко да се употребува оваа техника за одвојување на боја, користејќи посебен фотоапарат кој едноподруго ги изложува трите филтрирани слики во боја на различни страни од правоаголната (фотографска) плоча. Бидејќи неговите експонажи не биле истовремени, променливите предмети во боја, „бордуриˮ, се појавуваат како светло обоени призраци, од кое произлегува основани или извадени слики(од негетив).

Развојот на фотографијата во боја, било оневозможено од ограничената нестабилност на првите фотографски материјали, кои најчесто биле чувствителни на сино, само малку чувствителни на зелено, и речиси бесчувствителни на црвено. Откривањето на сензибилизатор за бои, од страна на фото-хемичарот Херман Фогел во 1873 година, неочекувано ја направи возможна чувствителноста на зелно, жолто па дури и на црвено. Подобрените сензибилизатори на бои и тековните напредоци во севкупната чувствителност на бои, постојано го намалуваше, некогаш, потребното време за експонажа во боја, доведувајќи го многу поблиску до комерцијална остварливост.Автохромот, првото успешно комерцијално развивање на филм во боја, бил воведен од браќата Лумијер во 1907година. И покрај тоа што Автохромната фотографска плоча била лоша среќа, направена да создаде позитивна провидност , скробните зрнца служеле да се расветли секој дел со прецизна боја, а малите обоени точки заедно помешани во окото, ја синтетизирата бојата на предметот со помош на адитивниот метод. Автохромните фотографски плочи биле една од неколку варијанти на плочи, со адитивен екран во боја и филмови за фотоапарат пласиран на пазарот помеѓу 1890-тите и 1950-тите години.

„Кодахромотˮ, првиот модерен „комплетен трипекˮ (ˮtripack") или „монопекˮ("monopack")филм во боја, бил воведен од Кодак во 1935 година. Тој ги снимил трите составни делови во боја во повеќеслојна емулзија. Еден слој бил сензибилизиран да го сними црвениот дел од спектарот на бои, другиот слој да ги сними само зелените делови, а третиот слој да го сними само синиот дел. Без посебно вадење на филмот, резултатот би бил само три слики во црно-бело, снимени една врз друга, но дополнителено во тие слоеви биле тиркизно, пурпурнао и жолто обоени слики, со додавање на состојки во боја, за време на сложената постапка за вадење на филмот.

Во 1936 година, компанијата „Агфаˮ(ˮAgfaˮ) на сличен начин, го направил новиот Агфа филм во боја „агфаколор њуˮ (ˮAgfacolor Neuˮ). За разлика од „кодакхромˮфилмот, состојките во новиот филм, биле соединети во слоевите на емулзијата, во текот на изработката, кои во голема мера ја прават постапката поедноставна. Во моментов постоечките филмови во боја, сè уште користат повеќеслојна емулзија, и исти принципи, најповеќе е сличен со производот на „Агфаˮ(ˮAgfaˮ). Сегашниот филм во боја, употребен во специјален фотоапарат кој давал комплетирана фотографија во боја само една минута или две после експонажата, бил воведен од страна на Полароид, во 1963 година.

Сликањето во боја може да развива слики како дијапозитиви, кои можат да се употребуваат во слајд-проектор, или како негатив фотографии во боја, наменети за увеличување на позитив фотографии во боја на посебно обложена хартија. Денес, второспоменатиот е најчестиот вид на (не-дигитален) филм кој развива фотографија во боја, благодарејќи на опремата за автоматско вадење на слики.

The Contax S of 1949 – the first pentaprism SLR
Late production Minox B camera with later style "honeycomb" selenium light meter

Дигитална фотографија[уреди | уреди извор]

A handheld digital camera, Canon Ixus class.
The Nikon D1, the first DSLR to truly compete with, and begin to replace, film cameras in the professional photojournalism and sports photography fields.
Sony Ericsson K800i. Such Camera phones, combined with photo sharing sites, have led to a new kind of social photography.
Manual shutter control and exposure settings can achieve unusual results.

Во 1981 година, „Сониˮ(”Sony”) го откри првиот потрошувач на фотоапарат, кој користи „електронски уред за поместување и обработува сликатаˮ (ˮCharge-coupled deviceˮ), изоставувајќи ја потребата за филм: наречена „Сони Мавицаˮ (ˮSony Mavicaˮ). Додека „Мавицаˮ (ˮMavicaˮ) ги снимила сликите на диск, сликите биле прикажувани на телевизија, а фотоапаратот не бил целосно дигитален. Во 1991 година, „Кодакˮ (ˮKodakˮ) го открил „Системот за дигител фотоапаратˮ, „СДК 100ˮ (ˮDCS 100ˮ - Digital Camera System), првиот достапен комерцијален фотоапарат со единечна рефлексна леќа. Иако неговата висока цена ги спречи другите намени, освен во областа на фотоновинарството и професионалната фотографија, комерцијалната дигитална фотографија го започнала својот тек. Дигиталната обработка на слики користи електронски сензор за слика, за да ја снима сликата како поза, подобро отколку како што се хемиските промени на филмот. Една важна разлика помеѓу дигиталното и хемиското сликање, е тоа дека хемиското сликање не одобрува манипулација на сликата, бидејќи содржи филм и посебна хартија за правење на слика, додека дигиталното сликање е високо манипулативна дисциплина. Оваа разлика овозможува одреден степен да се уредува сликата после обработката, кое е релативно тешко во споредба со фотографијата извадена од филм и дозволува различни комуникативни потенцијали и претстави.

Начини на употреба[уреди | уреди извор]

Уште од своето основање, фотографијата ги заинтересира многу научници и уметници. Научниците ја применуваа фотографијата за да ги снимаат и изучуваат постапките, како што е истражувањето во 1887 година, на Едвард Мајбриџ за човечкото и животинското движење. Уметниците се подеднакво заинтересирани за овие аспекти, но, исто така се обидуваат да разгледуваат други можности, различен од фотомеханичкиот приказ на реалноста, како на пример методот на живописно илустрирање. Војската, полицијата и безбедносните сили го користат сликањето за надзор, препознавање и складирање на податоци. Аматерските фотографи го користат сликањето за да ги зачуваат спомените, да опфатат посебни моменти, да раскажуваат приказни, да испраќаат пораки и како извор за забава.Експресното сликање овозможува претставување на настани, коишто се премногу брзи за да ги перцепира човековото око.

Технички аспекти[уреди | уреди извор]

Фотоапаратот е уред за правење на слика, а филмот за фотоапарат или електронскиот сензор за слика, направен од силициум е средство за чувствување. Соодветното средство за снимање може да биде самиот филм, или дигитална електронска или магнетна меморија. Фотографите го регулираат фотоапаратот и објективот за да го изложат материјалот за снимање (како што е филмот) до потребната количина на светлина за да се направи неразвиена слика (во филмот) или со податотеката “RAW” (во дигиталните фотоапарати) кој после соодветната обработка, се претвора во употреблива слика. Дигиталните фотоапарати работат на сензор за електронска слика, која се темели врз електроника која е осетлива на светлина, како што е „електронскиот уред за поместување и обработка на сликатаˮ(ˮCharge-coupled deviceˮ) или технологија на дополнителен метално-оксиден полупроводник. (“ complementary metal-oxide-semiconductor”). Дигиталната слика се зачувува по елетронски пат, но може да одново да се создаде на хартија или на филм за фотоапарат.

Фотоапаратот(или темна комора) е темна комора или просторија од која, колку што е можно, сите светла се исклучуваат, освен она светло кое ја формира сликата. Меѓутоа, предметот којшто е во кадар, мора да биде осветлен. Фотоапаратите што може да се користа можат да бидат мали и многу големи, но, целата соба треба да остане во темно, додека предметот што се фотографира е во другата просторија каде што е соодветно осветлена. Кога се употребувало голем број на фотографии од негатив, ова беше вообичаено за преснимување на фотографија. Вообичаеното правило, познато уште од создавањето на фотографијата, е дека колку што е помал фотоапаратот, толку повеќе сликата е побистра. Ова значело дека, веднаш штом материјалите за фотографирање станале доволно осетливи(доволно брзи), за да се прават скриени фотографии наречени жанровски слики, се користеле мали детективски фотоапарати, некои од нив преправени како брошови, каде што внатре во нив се наоѓал и објектив, или како парче од патна торба дури и како часовник за во џеб.

Камерата е еден вид на фотографски апарат, кој на ленти од филм прави брзи фотографии по редослед. За разлика од фотоапаратот кој доловува една слика во еден момент, , камерата прави серии од слики, секоја од нив наречена „рамкаˮОва се постигнува преку испрекинат механизам. „Рамкитеˮ подоцна се репродуцираат во проектор, со одредена брзина, наречен „честотота на рамкатаˮ(број на рамки во секунда). Додека тоа се разгледува , човековите очи и мозокот ги спојува одделните слики за да се создаде привидност на движење.

Експонажа и изведба[уреди | уреди извор]

Контролите на фотоапаратот се меѓусебно поврзани. Вкупната количина на светлина, достигнувајќи го рамништето на филмот (експонажата) се менува со времетраењето на експонажата, отворот на објективот, како и на постоечкото фокусното растојание на објективот ( кој во променлива фокусна лента, може да предизвика промена во отворот, додека објективот се зумира). При менување на овие контроли, експонажата може да се измени. Многу фотоапарати може да се воведат за да се прилагодат автоматски на повеќето или на сите овие контроли. во многу прилики.Во многу прилики, оваа автоматска функционалност, е корисна за повремените фотографи. Времетраењето на експонажата се опишува како брзина на блендата, дури често и во фотоапарати кои немаат природна бленда и обично се мери во делови од секундата. Сосема е можно да се има експонажа од една до неколку секунди, обично за предмети од мртва природа, како и за ноќни сцени, кадешто времето на експонажата трае неколку часа.

Бројот-ˮf‟ или стоп-ˮfˮ(f-number)(којшто се наоѓа во фокусниот дел)го изразуваат реалниот отвор, која е пропорционален на соодносот од фокуснато растојание на отворот. Подолгите објективи ќе се изразат со помалку светлина, иако дури пречникот на отворот е истиот поради поголема далечина, на која светлината треба да се движи; пократките објективи ( пократко фокусно растојание) ќе бидат посветли со иста големина на отворот. Колку што е помал бројот -ˮfˮ, толку е поголема реалната апература. Меѓународната конвенција го стандардизирала сегашниот систем на броевите-ˮfˮ, за да се даде реален отвор на објективот. Во постарите камери, порано имало различни серии на броеви. Ако бројот -ˮfˮ се намалува со корен од 2 , пречникот на отворот се зголемува од истата причина, и нејзината површина се зголемува со коефициент 2. Броевите -ˮfˮ, коишто може да се најдат на типичен објектив, опфаќаат 2.8, 4, 5.6, 8, 11, 16, 22, 32, каде што зголемуваќи се за „еден бројˮ ( со користење на понизок број на-ˮfˮ), се дуплира количината на светлина, досегнувајќи до филмот и стопирајќи ја на половина, количината на светлината.

Снимањето на сликата може да се постигне преку разни комбинации на брзината на блендата, отворот и филмот или брзината на сензорот. Различни, ( но, поврзани ), подесувањата на отворот и брзината на блендата овозможуваат фотографиите да бидат направени под различни услови на филмот или брзината на сензорот, со осветлување и движење на предметите и/или фотоапаратот, и посакуваниот опсег на оддалеченоста. Филмот со помала брзина ќе покаже помала „структураˮ, а помалата брзина на подесување на електронскиот сензор, ќе манифестира помалку „шумˮ, додека филмот и сензорот со поголема брзина, овозможува посилна брзина на блендата, со што се намалува замагленоста на сликата во текот на движењето или се овозможува употребата на помал отвор за да се зголеми опсегот на оддалеченоста.

На пример, ˮf/8ˮ од ˮ8 „msˮ(милисекунди) (1/125 во секунда) и ˮf/5.6ˮ од ˮ4 msˮ (1/250 во секунда) ја дава истата количина на светлина. Определената комбинација има влијание врз крајниот резултат. Отворот и фокусното растојание на објективот, зависи од опсегот на оддалеченоста од објективот кој ќе биде во фокусот. Подолгиот објектив или поширокиот отвор, ќе резултира со „плитокˮ опсег на оддалеченост (т.е. само мал дел на сликата ќе биде во фокус). Ова често е корисно за изолирани предмети, како што се поединечните портрети или макро фотографијата.

Спротивно на тоа, пократкиот објектив, или помалиот отвор, ќе резултира со тоа што сликата ќе биде повеќе во фокус. Ова главно е повеќе пожелно кога се фотографираат пејзажи или групи на луѓе. Со многу малите отвори, како што се фотоапаратите без објектив, голем опсег на оддалеченост може да се донесе во фокусот, но со прекршувње на светлина на такви мали отвори, острината едноставно се смалува. Општо земено, највисокиот степен на „остринатаˮ се постигнува во отворот, блиску до опсегот објективот ( на пример, ˮf/8ˮ за објективот со достапен отвор од ˮf/2.8 ˮна ˮf/16ˮ). Сепак, како што технологијата на објективот се подобрува, леќите стануваат способни за правење на сè повеќе остри слики во пошироки отвори.

Снимањето на сликата е само дел од процесот за формирање на сликата. Без оглед на материјалот, некои постапки мора да се воведат, за фотоапаратот, неразвиената слика ја направи видлива. Кај инверзниот филм, развиениот филм се наестува само за проекција. Филмот за негатив фотографии, треба да има филм којшто развива слики од негатив за да бидат извадени слики на фотографска хартија или на дијапозитив. Дигиталните фотографии можат да се префрлат на опслужувач за слики ( на пример на мрежно место каде што се споделуваат слики), видени на телевизија, или префрлени на компјутер или во рамка за дигитална фотографија. Секој од овие видови може да се копира на повеќе „класичниˮ медиуми, како што се на пример, обичната хартија или фотографската хартија.

A photographer using a tripod for greater stability during long exposure.

Пред да се направи сликата, може да се прават измени на сликата со користење на неколку контроли. Многу од овие контроли се слични на контролите за време на фотографирањето, додека некои се единствени во процесот на сликањето. Повеќето контроли за вадење на сликите се исти, со дигиталните концепти, но некои прават различни ефекти. На пример, контролите ˮ dodging ˮ и ˮ burning ˮ се различни во дигиталните и во фотоапаратите со филм. Другите измени за сликање опфаќаат:

  • Употребени хемикалии и обработки на сликата, за време на развивањето на филмот
  • Времетраење на експонажата – еднакво на брзината на блендата
  • Прикажувње на отворот - еднакво на апература, но нема ефект врз опсегот на растојанието
  • Контраст - менување на визуелните својства на предметите во сликата, за да се разликуваат меѓусебно од другите предмети и позадината
  • Техника ˮ Dodging ˮ – ја намалува експонажата на некои области, резултирајќи со посветлите области
  • Техника ˮBurning inˮ - се зголемува експонажата на одредени области , резултирајќи со потемни области
  • Структура на хартија – сјајна , мат, итн.
  • Вид на хартија – обложена со смола (ˮRCˮ- resin-coated) или заснована на влакна (ˮFBˮ- fiber-based)
  • Облик на експонажата – резултирајќи во облици како што се кружни, заоблени, loupe/разновидни?? итн.
  • Тонери – се употребуваат за да се додадат од топли или ладни тонови во правење на црно-бели слики.

Други фотографски техники[уреди | уреди извор]

Стереоскопско сликање[уреди | уреди извор]

И еднобојните и фотографиите во боја, можат да бидат снимени и прикажани преку две слики, кои се угледуваат на човечката стереоскопска визија. Иако позната под името како фотографија "3-D" , поточниот назив за оваа техника е стереоскопија. Таквите фотоапарати долго биле продавани со користење на филм , а од неодамна и во дигиталниите електронски системи (вклучувајќи ја и камерата на мобилниот телефон).

Ултравиолетови, инфрацрвени и фотографии во боја[уреди | уреди извор]

This image of the rings of Saturn is an example of the application of ultraviolet photography in astronomy

Уште од 1960-тите години, ултравиолетовите и инфрацрвените филмови се достапни многу децении и воведени во разнообразноста на фотографските средства.. Новите технолошки трендови во дигиталната фотографија, отвориле нови правци за фотографијата во боја, кадешто што претпазливите избори преку ултравиолетовите , видливите и инфрацрвените светла водат до нови уметнички визии. Изменетите дигитални фотоапарати може да манифестираат некои ултравиолетови фотографии , сите видливи и голем дел од инфрацрвениот спектар, како што повеќето дигитални сензори за сликање се чувствителни од околу 350 ˮnmˮ (нм) до 1000 ˮnmˮ (нм). Дигиталните фотоапарати, што може да се купат во продавница содржат светло со инфрацрвено огледало, со кој се осветлува повеќето од инфрацрвената светлина и малку од ултравиолетовата, кои инаку со сензор би биле забележани, стеснувајќи го вообичаениот опсег од околу 400 ˮnmˮ (нм) до 700 ˮnmˮ (нм).

Замената на изолационото огледалото или со осветлување на инфрацрвеното филтер со ифрацрвено светло или со широко спектрарно пренесување на светлото, овозможува фотоапаратот да забележи поширок спектар на светлина со поголема чувствителност. Без изолационото огледало , црвеното, зеленото и синото (тиркизно, жолто и пурпурно) обоени микро-филтри поставени на сензорските елементи,ја менуваат количината на ултравиолетовите светлна (син прозорец) и инфрацрвените светла (првенствено, црвени и донекаде помалу зелените и сините микро-светла). Употребите на фотографијата во боја, се наменети за ликовната уметност, геологијата, криминолошките науки и во спроведувањето на законот.

Натпревари и награди по фотографија[уреди | уреди извор]

Во февруари 2015 година, Светската фотографска организација (World Photographic Organization) го објавила списокот на деветте фотографии што влегле во потесниот избор за најдобра фотографија, снимена во претходната година. На натпреварот учествувале 173.444 фотографии, а во потесниот избор влегле дела на познати фотографи, како: Масимо Сестини (второнаграден во категоријата „General news“), со својата фотографија на спасување бегалци од потонат брод од страна на италијанската морнарица; Сергеј Илнитски (победник во категоријата „General news“, со фотографијата на маса со искршени предмети како последица на воените дејства во Донецк; Булент Кимиц (победник во категоријата „Spot news“), со фотографијата на ранета девојка која се извлекува од судирот меѓу полицијата и демонстрантите во Истанбул итн. Најдобрите фотографии биле изложени во Лондон, од 24 април до 10 мај, а наградата за најдобра фотографија изнесувала 30.000 долари.[1]

Фотографијата како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Најдобрите фотографии на 2014 година“, Дневник, петок, 27 февруари 2015, стр. 22.
  2. Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
  3. Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 308.
  5. Стефан Маларме, Песме. Београд: Култура, 1970, стр. 124.
  6. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 96.
  7. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 70.
  8. Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 203-204.
  9. Антoлогија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 281.
  10. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 144-145.
  11. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 232-233.
  12. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 326.
  13. Discogs, Depeche Mode ‎– Speak & Spell (пристапено на 13.5.2020)
  14. Discogs, Rod Stewart ‎– Every Picture Tells A Story (пристапено на 20.4.2021)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Photography. A Critical Introduction [Paperback], ed. by Liz Wells, 3rd edition, London [etc.]: Routledge, 2004, ISBN 0-415-30704-X
  • A New History of Photography, ed. by Michel Frizot, Köln : Könemann, 1998
  • Franz-Xaver Schlegel, Das Leben der toten Dinge - Studien zur modernen Sachfotografie in den USA 1914-1935, 2 Bände, Stuttgart/Germany: Art in Life 1999, ISBN 3-00-004407-8.
  • Tom Ang (2002). Dictionary of Photography and Digital Imaging: The Essential Reference for the Modern Photographer. Watson-Guptill. ISBN 0-8174-3789-4.
  • Hans-Michael Koetzle: Das Lexikon der Fotografen: 1900 bis heute, Munich: Knaur 2002, 512 p., ISBN 3-426-66479-8
  • John Hannavy (ed.): Encyclopedia of Nineteenth-Century Photography, 1736 p., New York: Routledge 2005 ISBN 978-0-415-97235-2
  • Lynne Warren (Hrsg.): Encyclopedia of Twentieth-Century Photography, 1719 p., New York, NY [et.] : Routledge, 2006
  • The Oxford Companion to the Photograph, ed. by Robin Lenman, Oxford University Press 2005
  • Photography and The Art of Seeing by Freeman Patterson, Key Porter Books 1989, ISBN 1-55013-099-4.
  • The Art of Photography: An Approach to Personal Expression by Bruce Barnbaum, Rocky Nook 2010, ISBN 1-933952-68-7.
  • Image Clarity: High Resolution Photography by John B. Williams, Focal Press 1990, ISBN 0-240-80033-8.

Предлошка:Photography Предлошка:Branches of the visual arts