Николина Андова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Николина Андова Шопова
Николина Андова Шопова на првиот Фестивал на проза, Куманово, мај 2022
Роден/а3 февруари, 1978 година
Скопје, Македонија


Николина Андова Шопова (3 февруари 1978, Скопје) — македонска писателка, која пишува поезија, хаику и раскази.

Животопис[уреди | уреди извор]

Николина Андова е родена во Скопје, на 3 февруари 1978 година. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска и јужнословенска книжевност.[1] Таа е омажена за македонскиот писател Иван Шопов.

Творештво[уреди | уреди извор]

Николина Андова Шопова на првиот Фестивал на проза, Куманово, мај 2022

Андова пишува поезија и хаику. Во 2013 година ја објавила својата прва поетска збирка „Влезот е од другата страна“, издание на „Темплум“. Со неа, таа ја освоила наградата „Мостови на Струга“. Во 2014 година ја објавила втората збирка поезија „Поврзи ги точките“, повторно во издание на „Темплум“. Во 2018 година се појавил нејзиниот роман „Некој бил тука“, кој истата година бил прогласен за најдобар роман.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013, стр. 77.
  2. „Некој бил тука“ - роман на годината за 2018 година