Стендал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мари Анри Бејл
Stendhal.jpg
Роден 23 јануари 1783(1783-01-23)
Гренобл, Франција
Починал 23 март 1842(1842-03-23) (воз. 59 г.)
Париз, Франција
Занимање Писател
Државјанство Французин
Правец реализам
Значајни дела Црвено и црно

Мари Анри Бејл (француски: Henri Beyle, роден на 23 јануари 1783 во Гренобл - починал на 23 март 1842 во Париз) — француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам. Познат по псевдонимот Стендал, тој се здобил со големо животно искуство како офицер, чиновник, дипломат и писател за време на реставрацијата во Франција. Негово најпознато дело е романот „Црвено и црно“, во кое се дава хроника и критика на француското општество за време на реставрацијата. Други негови познати дела се „Животот на Хајдн“, „Историјата на сликарството на Италија“, „Рим“ и „Арманса“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Стендал е роден на 23 јануари 1783 година во Гренобл, Франција. Детството го поминал во несреќа. Го мразел својот татко и жалел по својата мајка која починала додека тој бил мал. Единствениот човек кој му дал искра надеж била неговата помала сестра Полин.

Времето во кое живел, имало големо влијание врз него, имено Првото Француско Царство на чело со Наполеон Бонапарта. Тој патувал многу, претежно низ Германија бидејќи бил дел од царската армија. Учествувал и во инвазијата на Русија во 1812 година[1], но најмногу се приврзал кон Италија, каде поминал голем дел од својата кариера како конзул во Трст и Чивитавекија. Неговиот роман „Пармскиот манастир“ бил издаден најпрвин во Италија, бидејќи авторот сметал дека Италија е многу посоодветна и страсна држава отколку преродбата во Франција.

Кога се вратил во Франција, писателот е обземен од страста кон жените, која прераснала во опсесија. Така добивал инспирација за пишување на бројни уметнички дела и дури една анализа на тоа што е љубов, насловена како „За љубовта“. Овие негови размислувања и други списи биле причина тој да биде класифициран како романтически реалист, поради романтиката која ја внесувал во нив.

Покрај тоа Стендал бил голем љубител на музиката, особено на композитори како Доменико Чимароза, Волфганг Амадеус Моцарт и Џоакино Росини. За Росини дури напишал целосна биографија (1824), која е добро прифатена не поради историската точност, туку поради анализите на самата музика.

Стендал починал во 1842 година во Париз на 59 години.

Творештво[уреди | уреди извор]

Мари Анри Бејл го користел псевдонимот Стендал и со ова име напишал неколку од најдобрите дела како „Арманса“, „Црвено и црно“, „Лусиен Левен“.

Неговите современици сепак не ги проценуваат делата на Стендал кои биле напишани во епохата на романтизмот. Тој бил прогласен дури во 20 век. А самиот Стендал ја оставал пораката „ На малкуте среќници“ на многу од неговите дела, свртувајќи се кон оние кои во иднина ќе ја препознаат неговата генијалност. Во денешно време неговите дела предизвикуваат интерес поради тенката иронија, психолошката длабочина при отсликувањето на односите меѓу ликовите и историските сведоштва, испреплетени во една совршена целина.

Стендал е автор и на повеќе книги поврзани со уметноста на Италија - монографијата „Историјата на сликарството на Италија“, патеписите „Рим, Неапол, Фиренца“ и „Прошетка во Рим“.

Неговите хумористични мемоари насловени како „Спомени на еготисот“ биле објавени постхумно во 1892 година. Тогаш била издадена и автобиографската книга „Животот на Анри Брулар“.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Armance (1827)
  • Le Rouge et le Noir (1830)
  • La Chartreuse de Parme (1839)
  • Lucien Leuwen (1835)
  • Lamiel (1840)
  • Vie de Henri Brulard (1835 – 1836)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Talty, Stephan. The Illustrious Dead: The Terrifying Story of How Typhus Killed Napoleon's Greatest Army. Three Rivers Press (CA). стр. 228. ISBN 9780307394057. „...the novelist Stendhal, an officer in the commissariat, who was still among the luckiest men on the retreat, having preserved his carriage.“ 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Викиизвор
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија: