23 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Јануари 2016 23 јануари е 23-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 342 денови до крајот на годината (343 во престапна).

Настани:

1556  Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери (тнр. јаодунг) ископани во растресита глина.
1793  Русија и Прусија си ја поделиле Полска.
1960  Батискафот на САД „Трст“ постигнал рекордна длабочина од 10.911 м во водите на Тихиот Океан.
1968  Морнарицата на ДНР Кореја го заробила американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободила екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.
1973  Претседателот на САД Ричард Никсон објавил дека е постигнат мировен договор за Виетнам.
1991  Конституирано е првото повеќепартиско еднодомно Собрание на Град Скопје, а за претседател бил избран Милан Талевски од ВМРО-ДПМНЕ.
2015  Салман бин Абдулазиз станува Крал на Саудиска Арабија по смртта на брат му Абдула.

Родени:

1783  Мари Анри Бејл (Стендал) — француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам.
1832  Едуар Мане — француски сликар, непосреден претходник на импресионистите.
1872  Јоже Плечник — словенечки архитект.
1878  Отон Жупанчич — словенечки поет.
1910  Џанго Рајнхард — француски гитарист.
1943  Гери Бартон — американски џез-музичар.
1945  Тито Петковски — македонски политичар, претседател на Нова социјалдемократска партија.
1956  Лаза Ристовски — српски рок-музичар, член на групите „Смак“ и „Бијело дугме“.
1969  Никола Ристановски — македонски актер.
1970  Аријан Комазец — хрватски кошаркар.
1982  Карол Бјелецки — полски ракометар.

Починале:

1744  Џамбатиста Вико — италијански политички филозоф и реторичар.
1837  Џон Филд — ирски композитор од романтизмот.
1862  Димитрија Миладинов — македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист и научник.
1931  Ана Павлова — руска балерина.
1944  Едвард Мунх — норвешки сликар.
1989  Салвадор Дали — шпански сликар.
1995  Вањо Хаџиев — повеќегодишен соработник на весникот „Нова Македонија“.
2000  Александар Христовски — македонски писател.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември